Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Велика Британија најголемиот еднодневен штрајк во последната деценија

0
By Ана Василевска on February 1, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 1, 2023 11:25

Во Велика Британија денеска е во тек најголемиот штрајк во последната деценија, а околу половина милион луѓе штрајкуваат поради платите, работните места и условите за работа.

Во штрајкот се вклучени членови на седум синдикат, а од протестот се погодени училиштата, универзитетите, возовите и автобусите.

Илјадници училишта денеска се затворени поради штрајк на Националниот синдикат за образование (НЕУ). Државните службеници, машиновозачите и автобусите и универзитетскиот персонал исто така ја прекинаа работата во најголемиот еднодневен штрајк во последната деценија.

Штрајкувачите се собраа пред железничките станици, училиштата, владините министерства и универзитетите низ целата земја, а синдикатите велат дека добиваат силна поддршка од јавноста.

Штрајкуваат повеќе од 100.000 членови на синдикатот за јавни и комерцијални услуги (ПЦС), вклучувајќи го и персоналот на граничните служби на пристаништата и аеродромите.

Во меѓувреме, Конгресот на синдикатите (ТУЦ) е фрустриран од контроверзните планови на владата за нов закон за минимално ниво на услуги за време на штрајкови.

Петицијата против законот, потпишана од повеќе од 200.000 граѓани, ќе биде доставена до кабинетот на премиерот.

Генералниот секретар на ТУЦ, Пол Новак, изрази надеж дека денешните протести и штрајкови ќе испратат силна порака до владата за зголеменото незадоволство меѓу работниците.

Групи кои ги претставуваат родителите објавија заедничка изјава за поддршка на наставниците кои штрајкуваат.

Велика Британија Поголеми плати штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.