Author: Ана Василевска

Цивил – Центар за слобода денеска им се обрати на политичките партии со повик да се обединат за европската иднина. Првиот чекор кон тоа обединување би бил симболичен – да ја прифатат и споделат македонската верзија на ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО од Тото Кутуњо, чија промоција се одржа на 13 декември. Текстот на Повикот го пренесуваме во целост: Ви се обраќаме како на политички лидери и претставнички и претставници на политичките партии во Република Северна Македонија, со повик за обединување околу националниот стратешки интерес – членство во ЕУ. Без оглед на разликите во политичките програмски определби, без оглед на разликите во ставовите и честите препирки во јавноста, веруваме најголем…

Read More

Секогаш може да сметате на нашето пријателство и секогаш може да сметате на нашата поддршка, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, додека пак министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи истакна дека односите меѓу двете земји претставуваат вистински пример за добри соседи и како се гради стабилно и долготрајно партнерство, базирано на взаемна доверба и почитување, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас и Османи денеска се сретнаа во грчкото МНР, средба на која беа потврдени одличните билатерални односи во сите области, се осврнаа и на можностите за дополнително продлабочување, а уште еднаш беше изразена грчката поддршка…

Read More

„Сметам дека ова е сѐ дел од една хибридна војна. Македонија е членка на НАТО и не е исклучена од таа хибридна војна. Хибридна војна се води со воени и невоени средства и целта е да создава страв, несигурност и двоумење кај населението со ширење на лажни вести, на дојави, нешто што ќе се перципира како нестабилност. Ништо ново во поглед на таква војна. Во Македонија имаме историја на такви случувања со години наназад“, вели Ванчо Орданоски од ИнфоПроект за ЦИВИЛ Медиа, одговарајќи на прашањето за дојави за бомби што веќе два месеци ги вознемирува граѓаните.  Орданоски потенцираше дека…

Read More

Бугарскиот претседател, Румен Радев, најави дека е подготвен да обезбеди дополнително време и за вториот мандатар за формирање влада, јави дописникот на МИА од Софија. Радев од Брисел, каде што треба да учествува на последниот Совет на лидерите на ЕУ за годинава, коментираше дека сите се убедени дека Бугарија треба да има редовна влада, а сите гледаат колку е тешко да се формира и затоа секој обид во оваа насока мора да биде поттикнат. На првата политичка сила во земјата и беше дадено дополнително време во оваа многу распарчена политичка конфигурација да размислува и да формира кабинет. Во оваа ситуација,…

Read More

Руските пропагандни платформи вртат лажна приказна во која се тврди дека студентките во Украина добиваат воени повици. Како што објави Укринформ, Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана го објави ова на Телеграм, во нивниот најнов преглед на руски фалсификати и дезинформации за 14 декември. Конкретно, про – руските  Телеграм канали објавија дека „украинските студенти почнале да добиваат нацрт-покани за воена служба… девојка која студирала во регионот Черкаси ја добила и покрај фактот дека е студент“, но таквата информација е лажна. Украина и тоа како е под влијание на руската пропаганда Изданието Niezależny dziennik polityczny објави дезинформации…

Read More

Холандските цариници заплениле околу 1,3 тони кокаин скриен во два контејнери со банани во пристаништето Влисинген. Контејнерите биле наменети за компанија во крајбрежниот град, која немала никаква врска со нелегалниот товар, соопшти синоќа Холандското јавно обвинителство. Контејнерите пристигнале во Влисинген од Еквадор, минувајќи низ белгиското пристаниште Антверпен на пат, се вели во соопштението. Инспекторите ја проценуваат уличната вредност на дрогата на околу 95 милиони евра (101,2 милиони долари). Кокаинот бил поделен во пакувања од по еден килограм и потоа е уништен. Специјална единица составена од сили на поморската полиција, царината, финансиската истрага и јавното обвинителство го истражува случајот.

Read More

Еден американски и 64 украински војници денеска се ослободени при размена на заробеници меѓу Украина и Русија, соопшти кабинетот на украинскиот претседател. „64 војници на украинските вооружени сили кои се бореа во областите на Доњецк и Луганск…се вратија дома“, напиша во Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак и прецизира дека во оваа размена е ослободен и еден Американец – Суеди Мурекези. Мурекези беше уапсен во јуни во источна Украина, по што на почетокот на август беше обвинет за „учество во проукраински и антируски демонстрации“ и „поттикнување расна омраза“ во Херсон на почетокот на конфликтот, пренесе ТАСС. Според…

Read More

Белгиската полиција денеска соопшти дека запленила речиси 1,5 милиони евра во рации во врска со наводите за корупција против луѓе поврзани со Европскиот Парламент. Соопштението е објавено на Твитер заедно со слики на кои се гледа мал куфер, неколку актовки и хартиени кеси полни со евра. Четири лица се уапсени од петокот под обвинение дека влијаеле на одлуките на Европскиот Парламент во корист на домаќинот на Светското првенство Катар во замена за пари и подароци. Сега поранешната потпретседател на Европскиот Парламент, Ева Каили, нејзиниот партнер, поранешниот европратеник Антонио Панцери и четвртото лице денеска треба да се појават на суд, каде…

Read More

Сметам дека е многу веројатно господинот Мицотакис да не го отвори повторно Парламентот по расправата за буџетот и да оди на предвремени избори, оцени лидерот на грчката опозициска партија Алексис Ципрас во интервјуто за телевизијата „Стар“ од централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Расправата во Парламентот започна вчера, а гласањето на буџетот е закажано за сабота, најдоцна на полноќ. „Сметам дека прикривањето на нелегалните прислушувања е уште полошо од самиот криминал што е извршен. Така, сметам дека е многу веројатно господинот Мицотакис да не го отвори повторно Парламентот по расправата за буџетот и да оди на предвремени избори.…

Read More

Фудбалската федерација на Мароко одлучи за вечерашното полуфинале против Франција бесплатно да им додели на своите навивачи дополнителни 13.000 влезници, кои организаторите на Светското првенство во Катар ги наменија за таа африканска репрезентација. Натпреварот е на програмата вечерва од 20 часот стадионот „Ал Бајт“, оддалечен 35 километри од центарот на Доха. Стадионот е со капацитет од 68.895 седишта, а се очекува мароканските фудбалери да имаат поддршка од околу 45.000 навивачи. Фудбалската федерација на Мароко најави дека во Катар од Казабланка денеска ќе слетаат 30 џамбо џети, а навивачите ќе можат да ги подигнат влезниците во мароканскиот конзулат во Доха.

Read More

Војната на Путин ќе биде неуспешна од две главни причини – поради огромната храброст на Украинците и поради извонредното единство на меѓународната заедница, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент. „Не е време за трговска војна со нашите најблиски партнери, мора да ги здружиме силите со нив за поддршка на Украина“, повика таа. Фон дер Лајен рече дека ЕУ е обезбедена со енергенси за оваа зима, но оти цените растат. Таа истакна дека од почетокот на војната Русија ги намали ла испораките на гас за Европа за 80 отсто. Според неа, Русија се обидела, но…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска наглчаси дека е во интерес на Германија и Европа останатите земји од Балканот да се приклучат на Европската Унија. Говорејќи во Парламентот пред еднодневниот самит на 27-члената Унија во Брисел, Шолц го поздрави оживувањето на разговорите за пристап во ЕУ со шесте земји од Западен Балкан во последните месеци и вчерашната одлука да и се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина. „Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската Унија“, рече тој пред пратениците во Берлин. Шолц, исто така, ја пофали одлуката да и се дозволи…

Read More