Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Анархистичката група „Јадро на одмазда Карло Џулиани“ ја презеде одговорноста за запалениот автомобил, минатата седмица, на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина. Во опширниот и детален текст објавен на анархистички сајт, групата ги објаснува причините за нападот што е во знак на поддршка и солидарност за италијанскиот затвореник и анархист Алфредо Коспито, кој од 20 октомври штрајкува со глад, против, како што пишуваат, строгиот затворскиот режим воведен со членот 41 од италијанскиот закон за (41-бис). „Со погледот насочен кон социјалната револуција и меѓународната солидарност решивме да испратиме наш сигнал на…
Опасноста Москва да употреби ¸ нуклеарно оружје во конфликтот во Украина е намалена бидејќи меѓународната заедница „повлече црвена линија“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. „Едно нешто се промени: Русија престана да се заканува со употреба на нуклеарно оружје“, рече германскиот канцелар во интервју за германската медиумска група „Функе“ и весникот „Уест Франс“ (Ouest France). Шолц објасни дека таквата ситуација е резултат на тоа што меѓународната заедница, вклучително и Кина, „повлече црвена линија“. „Засега го запревме“, додаде Шолц, мислејќи на ризикот од нуклеарна ескалација. По неколкуте закани од страна на руските претставници во последните месеци, претседателот Владимир Путин вчера посочи дека Москва нема…
„Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција“, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии. Овој панел се одржа синоќа во Рим, во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“, во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи.Грковска нагласи дека доколку имаме…
Италијанската полиција денеска уапси поранешен германски офицер (64) поврзан со десничарска организација осомничена за подготовка на државен удар во Германија. Тој е уапсен во хотел во Перуџа, каде што е пронајден „материјал поврзан со субверзивна активност“ на организацијата. Според локалните медиуми, започнати се постапки за екстрадиција на уапсениот. Германската полиција рано денеска уапси 25 осомничени членови и поддржувачи на екстремната десничарска сцена, членови на групата „Граѓаните на Рајхот“, кои се осомничени дека планирале државен удар.
Надал и Алкараз со нетрпение очекуваат да играат еден против друг на егзибициски турнир во Лас Вегас
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите очекувања за ревијалниот турнир во Лас Вегас на кој ќе игра со сонародникот Карлос Алкараз. „Многу сум среќен поради мојата прва посета на Лас Вегас, еден од најживописните градови во светот. Ќе играм со сонародникот Карлос Алкараз, кој имаше неверојатна година. Ќе биде одлична тениска вечер“, рече Надал. Дуелот со нетрпение го очекува и Алкараз. „За мене е голема чест да играм на истиот терен со Рафа во Лас Вегас. Тој е ненадминат мајстор, неговите награди и достигнувања зборуваат сами за себе. Тој е и еден од најпријатните тенисери на турнејата и со…
Албанската Централна изборна комисија денеска ги објави казните за полтичките партии кои ја надминале максималната граница за трошење во кампањата за парламентарните избори, што се одржаа на 25 април минатата година. „Казните се движат од 100 илјади до 5,5 милиони лека. Единствена партија учесник во изборите што избегна казна е Партијата на слободата, порано Движење за социјалистичка интеграција“, изјави Илиријан Целибаши претседател на ЦИК. Највисока казна, во износ од 5,5 милиони лека (46.000 евра) доби владејачката Социјалистичка партија, опозициската Демократска партија 700.000 лека (5.880 евра), две парии се казнети со по 100.000, четири со по 500.000, додека пет партии со по…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за „Личност на годината“ на магазинот Тајм. Тој беше еден од 10-те поединци или групи што влегоа во потесниот избор на почетокот на оваа недела. Зеленски ја води Украина и во исто време од крајот на февруари се справува со руската инвазија врз неговата земја, со што стана лидер на светската сцена. Тој е одговорен за серија победи во војната што во голема мера ја спречи Русија да напредува и ѝ овозможи на Украина да врати територии што беа окупирани од Русија.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски оствари средба со Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер во рамки на работната посета во Австрија. На состанокот присуствуваа и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. На состанокот беше потенцирано дека Северна Македонија и Западен Балкан се високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки, и…
Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и со експлозив кренала во воздух банкомати, пренесува ЗООМ. Станува збор за „Поинт ретаил парк“, а полицијата поради тоа го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада. „Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект“, соопштија од МВР. Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле…
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија. „Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, вели Меркел во интервјуто за најновото издание на седмичникот „Ди Цајт“ што ќе излезе утре. Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана. „Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но се уште не ја достигна целта од два отсто“, рече Меркел. Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен…
Невработен 26-годишен маж е уапсен поради смртни закани кон премиерката на Италија Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка, соопшти денеска полицијата. Тој бил незадоволен од плановите на италијанската влада за намалување на субвенциите за невработените. Сицилијанецот е под истрага поради закани преку Интернет, неговата куќа е претресена, а неговиот профил на Твитер е укинат, се вели во соопштението на полицијата. Десничарската влада на Италија, предводена од Браќата од Италија на Џорџа Мелони, сака следната година да ограничи одредени социјални бенефиции, пред целосно да ги укине во 2024 година, кога ќе бидат заменети со нови мерки кои допрва треба да бидат објавени. Мелони, која…
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде оствари средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи. https://www.youtube.com/watch?v=zXnjJewdN-k&t=3s Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со припадници на Армијата на Република Северна Македонија распоредени во Врховната команда на сојузничките сили за Европа.