Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Преспа како уникатен екосистем со подеднакво уникатна геополитичка позиција која обединува три држави на југот на Балканот добива европски фонд тежок 18 милини евра. Програмата ЕУ за Преспа е наменета за развој на инфраструктурата, заштита на човековата околина и богатиот биодиверзитет, земјоделието, туризмот и соработката на населението од трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро. „ЕУ наскоро ќе ја зголеми финансиската помош во рамки на програмата на ЕУ за Преспа, главно таа ќе опфаќа неколку активности кои сметаме дека ќе започнат многу скоро> Овие активности опфаќаат отворање на границата и градежни работи за отворање на границата со Р.…
Волонтерството е скапоцено искуство во насока да се стекнат вештини и знаења, особено кога станува збор за младинскиот активизам и нивните интереси од најразлични области. Ангажманот на млади луѓе кои доброволно работат на фестивали од различен карактер, проекти и слично се практикува кај нас и често овие луѓе подоцна го наоѓаат и својот професионален пат преку организациитеи во заедниците каде што најпрво учествувале волонтерски. Во Битола вчера беше одбележан 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерството со организирана јавна дискусија каде што воедно беше и доделена националната награда „Златен сертификат за волонтерство 2022“ Овој настан беше во организација на Младински културен…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на дојавите за бомби во училиштата кои од вчера повторно се актуелни, вели дека приоритет треба и се даде на истрагата, но дека ќе треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба. „Овде во Скопје, според информациите коишто ги имаме, само едно од средните училишта има свое обезбедување и таму не се појави никогаш пријава дека има лажна дојава за бомба. Нормално е дека приоритет и се дава на истрагата и веднаш после…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот се промовираше нацрт-стратегијата за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година кој се изработи во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). На настанот покрај премиерот Ковачевски се обратија и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Беким Сали, министер за здравство, Росана Дуџак, координатор на ОН…
Конечниот колективен договор ќе биде потпишан најдоцна до 29 декември, а ќе претходи уште една средба, на 9 декември, со министерот за финансии за исполнување на нашето барање за 25-процентно покачување на платите на вработените во наредните четири години, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по денешниот состанок со Талат Џафери, претседател на Собранието кое е основач на УКИМ. За медиумите тој рече дека денеска имале конструктивна и плодна срeдба со претседателот на Собранието, заедно со адвокатката Мимоза Салтирова во својство на помирувач, врз основа на барањето на Синдикатот на…
Лажни закани за бомби упатени се изутрината на електронска пошта на три скопски основни училишта. Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа…
Министерството за образование и наука денеска информира дека е интензивирана дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Како што информираат, обезбедувањето со потребните наставни материјали за учениците од основните училишта се одвива согласно однапред утврдена динамика. „Денеска, учениците од кумановските села Лопате и Черкезе, како и училиштата во општините Сарај, Струга и Боговиње согласно договорите за печатење, ќе добијат учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. Во текот…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека првиот мандат за формирање влада ќе го врачи на ГЕРБ-СДС в понеделник. „Се надевам дека дополнителното време што им го дадов е искористено на најдобар начин. Кога детално ќе го разгледам текстот на новоусвоениот Изборен законик ќе донесам одлука“, рече Радев одговарајќи на прашање дали ќе стави вето на измените на изборниот закон.
Во Галерија 2 вечерва со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“. Основна цел на проектот е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Република Северна Македонија. Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели. Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа…
Индонезискиот Парламент се очекува овој месец да донесе нов кривичен закон со кој вонбрачниот секс ќе се казнува со до една година затвор, потврдија официјални лица. Со ревизијата на законот ќе се забрани и навреда на претседателот и државните институции и искажување ставови спротивни на државната идеологија на Индонезија. Забрането е и живеење заедно пред брак. Овој закон се работи со децении, а новиот кривичен закон се очекува да биде усвоен на 15 декември, изјави индонезискиот заменик министер за правда Едвард Омар Шариф Хиариеј. „Горди сме што имаме казнен законик во согласност со индонезиските вредности“, изјави тој. Бамбанг Вурјанто, пратеник вклучен во…
Копретседателот на „Промените продолжуваат“ (ПП), Кирил Петков, денеска во бугарското Народно собрание коментираше дека тие како втора по големина пратеничка група нема да предложат малцинска влада со нивниот втор мандат, откако јасно кажале дека не сакаат да го вратат во употреба гласачкото ливче во хартиена форма, јави дописникот на МИА од Софија. Пратениците во бугарскиот Парламент денеска расправаат и гласаат во второ читање за измените во Изборниот законик, меѓу кои е и враќањето на мешовитото гласање. Според Петков, доколку денеска помине гласањето за хартиеното гласачко ливче, тоа значи дека 48. Народно собрание на Бугарија ја става во преден план теснопартиската…
Радиото „Гласот на Америка“ објави дека од денеска талибанците забрануваат емитување на две радио станици финансирани од американската Влада во Авганистан – „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“. „Гласот на Америка“ објави дека талибанските власти ги навеле „поплаките што ги добиле за програмска содржина“, без да образложат за случајот. „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ се финансирани од американската Влада и покрај нивните тврдења за уредувачка независност. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот август додека силите на САД и НАТО го завршуваа своето повлекување од земјата по 20 години војна. И покрај првичното ветување за поумерено владеење,…