Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците го забранија емитувањето на „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ во Авганистан

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: BBC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 1, 2022 15:49

Радиото „Гласот на Америка“ објави дека од денеска талибанците забрануваат емитување на две радио станици финансирани од американската Влада во Авганистан – „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“.

„Гласот на Америка“ објави дека талибанските власти ги навеле „поплаките што ги добиле за програмска содржина“, без да образложат за случајот.

„Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ се финансирани од американската Влада и покрај нивните тврдења за уредувачка независност. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот август додека силите на САД и НАТО го завршуваа своето повлекување од земјата по 20 години војна.

И покрај првичното ветување за поумерено владеење, талибанците ги ограничија правата и слободите и спроведоа строго толкување на исламскиот верски закон, шеријатот.

„Авганистан има закони за печатот и секоја мрежа за која ќе се утврди дека „постојано ги прекршува“ тие закони нема да може да работи во земјата. „Гласот на Америка“ и радиото „Азади“ на РСЕ не се придржуваа до тие закони, беше откриено дека повторно ги прекршуваат, не покажаа професионализам и затоа се забранети, рече портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи“, Абдул Кахар Балки.

Групата за поддршка на новинарите „Репортери без граници“ неодамна соопшти дека Авганистан изгубил 40 отсто од своите медиуми и 60 отсто од своите новинари откако Талибанците дојдоа на власт.

Авганистан Талибанци цензура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.