Author: Ана Василевска

Пишува: Борјан Јовановски Агенцијата за национална безбедност е за генерален ремонт. Ова би било накусо пораката на „изворот” на информацијата која ја објави Призма. Во врска со „изворот” кој и да е информацијата ја пласирал со најпринципиелни намери веројатно после многу укажувања упатени по формални канали дека Македонија како земја членка на НАТО има обврска институциите да и функционираат согласно стандардите на оваа најмоќна воено политичка организација. Медениот месец во кој домашните институции имаа рок самите себе да се проверат кој е, што е, каков е, и како работи заврши а таа обврска очигледно не си ја завршиле. Наместо тоа…

Read More

Самитот на Европската унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан ќе се одржи на 6 декември 2022 година во Тирана и е дел од стратешката соработка на ЕУ со Западен Балкан. Тоа е воедно и првиот самит по руската инвазија на Украина, по што на 6 октомври 2022 година во Прага се одржа првиот неформален самит на ЕУ 27 и состанок во рамките на европската политичка заедница, кој ги собира сите земји. на европскиот континент кои споделуваат заеднички демократски вредности. На овој самит присуствуваа 44 европски шефови на држави, без Русија и Белорусија. Во регионот на Западен Балкан има над…

Read More

Младински културен центар во 2020 година стана полноправна членка на реномираната мрежа на најголемите концертни сали во Европа, Liveurope. Liveurope е мрежа на легендарни концертни сали меѓу кои и Melkweg (Амстердам), Vega (Копенхаген), Ancienne Belgique (Брисел) и други дваесетина препознатливи и популарни сали, кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија. Од регионалните концертни сали, кои ја имаат таа привилегија да се дел од оваа позната асоцијација беше единствено културниот центар Kino Šiška од Љубљана, а сега веќе заедно со МКЦ и Močvara, Загреб. Како дел од активностите на мрежата, секоја година во различен град од земјите…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Дејвид Катлер, со кој разменија мислења за актуелните политичко – безбедносни состојби во земјата и регионот, со фокус на руската воена агресија врз Украина. Како што соопшти МНР, на средбата, министерот Османи ја реафирмираше поддршката на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата од зајакнување на присуството на НАТО во нашиот регион што е особено значајно за зачувување на безбедноста и заштита од странски малигните влијанија во Западен Балкан. „Двајцата соговорници се согласија со оценката дека…

Read More

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил, изјави дека САД многу ги ценат напорите на Европската унија за решавање на проблемите со регистарските таблички меѓу Белград и Приштина. Тој со пофални зборови за напорите демонстрирани од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на вчерашната средба во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти. „САД многу го ценат она што го прави ЕУ, како му пристапува на ова прашање, мислам дека фактот што Борел помина повеќе од осум часа зборувајќи за сите детали (за регистарските таблички) е достоен за внимание, па затоа…

Read More

Ексклузивно во Македонија, третмани со врвен квалитет и највисок степен на успешност во областа на физикалната медицина и рехабилитацијата. Во Соларис Медика во Скопје, покрај најсовремените медицински апарати и високо квалификуваниот кадар со целосна посветеност, ќе имате можност да пронајдете решение за Вашите непријатни состојби и повреди: невролошки заболувања, ортопедско- трауматолошки повреди, спортски повреди, ревматски заболувања, невромускулни заболувања, деформитети во детска возраст, заболувања на ‘рбетен столб (цервикален синдром, лумбален синдром, лумбоишијалгија), постоперативни состојби, масажи (спортски, медицински, релакс, ароматерапија), естетски третмани за пополнување брчки на лицето со колагенски конци и антицелулитни третмани со масажи и шок вејв третмани. Декомпресија – Една…

Read More

Во срцето на европската демократија во Стразбур денеска со посебна церемонија се слават историските и законодавните достигнувања на Европскиот парламент во последните 70 години. Осврнувајќи се на повеќе аспекти од работата на парламентот низ децениите, европските лидери се согласни во едно – различностите се богатство на евопскиот континент. „Европскиот парламент можеби не е совршен, но треба да продолжи да се залага за реформи и зајакнување на својата демократија додека ги слави различностите“, рекоа европските лидери на церемонијата по повод 70-годишнината на институцијата. Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, ја започна комеморацијата на создавањето на Заедничкото собрание на Европската заедница за…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Ги гледам „кутрите“ проруски пропагандисти и путинисти како се прпелкаат во истите пропагандни шеми со месеци. Руската пропагандна машинерија доживеа речиси подеднакво срамни порази како и воената на самите линии на фронтот долг илјада милји во Украина. Дефинитивно им е потребна нова скрипта. Но локалните агитпроп матрјошки не можат да очекуваат нова скрипта, кога ни Путин и Лавров не се откажуваат од својата „стара добра“ сталинистичка пропагандна шема, само во нова технолошко-комуникациска руба. Впрочем, тешко дека им преостанува нешто друго, освен секојдневно да ги повторуваат големите лаги. Иако одржува комплексна и скапа пропагандна машинерија, пораката што доаѓа од Кремљ е, релативно,…

Read More

Маидан е најголемата про- европска демонстрација во историјата на ЕУ“, Ги Верхофштад, поранешен премиер на Белгија. https://youtu.be/jnJ7EHOQSQc Ретроспектива од граѓански активисти, уметници, учесници на протестите на Маидан во 2014 година собрана во осум минутно видео со инсерти од демонстрациите и сведочења од учесници. Дел од учесниците во видеото кои време на протестите биле малолетни, раскажуваат за влијанието на востанието во секоја сфера во животите на Украинците. „Политичарите мора да се водат од интересот на граѓаните“, „За мене, „небесните стотина“ се луѓето што го дадоа својот живот, и со тоа започнаа социјалните промени“, „тие ја покажаа вредноста на слободата и други…

Read More

Професорот Бранимир Јовановиќ , кој последниве години работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, во интервју за емисијата „Во центар“ ја анализира политиката на партијата „Левица“, пренесува smk.mk. „Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е  „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто. Јовановиќ тврди дека проблемот со „Левица“ е што Апасиев ја преземал партијата и се востоличил себеси како претседател: „Ние имавме президиум, ние имавме колективно одлучување, немавме претседател. Тој го укина дури и тоа. Се востоличи…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека можно е да биде започната „копнена операција“ во Сирија. Изјавата следува еден ден подоцна по низата воздушни напади на позициите на Курдите во Сирија и Ирак и повеќе ракетни напади на турското земјиште од сириски територии. „Нема збор дека оваа операција ќе биде исклучиво ограничена на воздушна“, појасни тој пред турските новинари кои го следеа на враќање од Катар, каде учествуваше на отворањето на Светското првенство во фудбал. Во низа турски воздушни напади во Сирија вчера загинаа триесетина лица, нешто што беше одмазда за терористичкиот напад со шест жртви на 13 ноември…

Read More

Третиот мандат за формирање нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година, за да има избори во Бугарија во месец март, најави бугарскиот претседател Румен Радев на консултациите со „Демократска Бугарија “, јави дописникот на МИА од Софија. Радев изрази надеж дека нема да дојде до ваква ситуација, коментирајќи дека има повици од различни кругови во Бугарија веднаш да се доделат мандатите за веднаш да се формира нова бугарска Влада. Самиот кажа дека по изборите на 2 октомври се водел од две главни цели. Првата е да се направи се што е можно за да се формира редовна бугарска…

Read More