Author: Ана Василевска

Спасовски во интервју за CENTAR.mk за заканите со бомби потенцира дека ваквиот тип на дејствување се оценува како класичен хибриден напад, глобален проблем од кој ни Македонија не е исклучок. „Секој од нас може да утврди дека целта на овие напади е да се таргетираат и онеспособат политичките институции, да се влијае на јавното мислење, да се поткопа безбедноста на граѓаните, да се дестабилизира, да се исцрпуваат безбедносни ресурси, да се внесе немир во нашите живот“, додава Спасовски во саботното интервју за Centar.mk. Според него Причините за ваквите монструозни дела можат да бидат различни – за геостратешки или бизнис цели, но…

Read More

Тетовската публика ја наполни салата во поранешниот Дом на Армијата за да ја проследи комедијата „Повеќе среќа, следниот пат (Više sreće drugi put) во изведба на гостувачкиот театар ЗАмКа (Зелински аматерски театар) од хрватскиот град Свети Иван Зелински близу главниот град Загреб.  Комедијата иако беше изведена на кајкавски дијалект на кој што зборуваат гостите во областа Пригорје придонесе често пати во текот на изведбата публиката да се насмее на случките во претставата. Претставата работена по текст и режија на Штефица Фањек ги прикажува несекојдневните комични ситуации кога во едно село во Хрватска, нивниот соселанец Јожа или Јозеф, доаѓа од Германија, со својот 35-годишен син Ханс.  Бидејќи…

Read More

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека европската иднина и европскиот правец на државата се пред сериозна закана. На граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Гевгелија тој кажа дека еден политички субјект кој многумина го потценуваат е сериозна препрека на европскиот пат. „Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Не ги потценувајте, како што изминуваат деновите Левица ќе го земе Мицкоски како нивни заложник. Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата“, рече Ковачевски. Според…

Read More

Пишува: Зоран Бојаровски „Активната блокада“ на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, што е синоним за неодговорно однесување, се пресликува и на ниво на локалните самоуправи во кои „владее“ оваа партија, а застојот во реализацијата на ИПА проектите ја вклучува и Општина Тетово, каде што локалната власт е во рацете на БЕСА. Овој застој, или блокади, ги доведуваат во ризик проектите од исклучителна важност за животната средина вредни 270 милиони евра од ЕУ фондовите. Во оваа анализа фокусот го ставаме само на дел од проектите за заштита на животната средина, иако блокадата што ја спроведуваат ВМРО-ДПМНЕ и дел од партиите на опозицијата ставаат…

Read More

Неверојатни сцени од деокупираниот Херсон денес. Градот беше под руска окупација од 1 март 2022 година. Жителите масовно излегоа на улиците на градот за да ги пречекаат ослободителите. Илјадници грашани со развеани украински знамиња се собраа на главниот плоштад за да го прослават ослободувањето, извикувајќи: Слава на Украина, Слава на хероите! Керсон се врати дома. Вооружените сили на Украина беа целосно опколени од благодарните жителите во центарот на Херсон, кои ги дочекаа ослободителите откако под руска окупација бе од 1 март 2022 година. Така се пречекуваат украинските војници во ослободената Херсонска област. Победничка парада во областа…

Read More

Имавме одличен почеток на билатералниот скриниг, со јасни и добро подготвени презентации, препознаени и од експертите од Европската комисија, изјави заменик претседателот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, по завршувањето на првиот дел од билатералниот состанок во Брисел за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, кое е во рамки на Кластерот 1, „Фундаментални вредности“. https://www.youtube.com/watch?v=azn3vAlh08k&t=1s „Покрај деталните презентации коишто ги направивме на полето на законската и институционалната рамка за Јавни набавки на Република Северна Македонија одговаравме и на прашања на Комисијата и покажавме високо ниво на подготвеност. Ова е за нас поттик да продолжиме понатаму и што…

Read More

Градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук се пофали со засадени неверојатни 724.480 дрвја и садници само за една година. Иако глетката во Скопје е далеку од онаа во амазонската прашума, според Арсовска оваа бројка е двојно повисока од реазлизираното минатата година. „Оваа година реализиравме двојно повеќе од претходно: 38.539 м2 нови зелени површини, 76.769 м2 реконструкција на постоечко зеленило, 724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад“, пишува Арсовска на својот фејсбук профил. Од она што може да се забележи на веб страницата на ЈП Паркови и зеленило е дека тие се пофалиле со истите податоци, од каде…

Read More

Во интервју за Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за прв пат отворено застана зад личноста и делото на Ванчо Михајлов, човекот кој македонскиот народ го нарекуваше „стока“ и го призна како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. „Не мора да се сложуваме со тоа што го правеле претходниците, во историска смисла на зборот, кога раководеле со претходниците, па и денеска со современото ВМРО-ДПМНЕ. Ќе поминат децении од денеска, па можеби некој и од нас ќе се оградува. Не значи дека ние се сложуваме со тие (на Ванчо Михајлов) политики. Но, тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено…

Read More

Тука гледате мали случки и ги чувствувате – живот каков што се живеел за време на војната – што нема да го видите на Си ен ен. „Мариуполис 2“ е документарен филм за војната во Украина, кој е суров и реален како и таа. Снимен е од литванскиот режисер и антрополог Мантас Кведаравичиус, кој беше убиен на 2 април за време на опсадата на Мариупол (бил заробен и застрелан од руски војници). Таму го снимаше својот филм, документирајќи ги животите на украинските цивили кои се засолниле во црква. Филмот, замислен како продолжение на документарниот филм „Мариуполис“ од 2016 година, го…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА „Човекот е најмалку свој кога зборува во свое име, дајте му маска и ќе ви ја каже вистината“ додека твојата совест не ја уништиш се ќе се одразува на портретот, ќе старее ќе бледее сиот грев ќе оди на неа….. Мирис на пороен париски дожд, се туткам под неисправен чадор, прерипувам успешно неколку вирчиња, и погледот вџашен ми се задржува кон излог на една галерија. Зјапа во мене, продорно поглед на извесна малтешка пудла, сликана прилично умешно и со многу квалитетни маслени бои. Ми се растеруваат во истиот миг сите занесни романтични чувства на единственото доживување, (II,…

Read More

За да дојде до ширење на војната надвор од сегашните граници на истата, потребно е да бидат исполнети многу предуслови. Несериозно е да се прават паралели помеѓу оваа војнa во Украина и Балканот пред се од геостратешки причини. Но секако будно треба да се следат сите збиднувања бидејќи лесно и брзо може да дојде до ескалација, вели во разговор за „Локално“ националниот координатор на Владата за гранично управување, Владимир Пивоваров во однос на можноста од излевање на тензиите на Косово. Тој потенцира дека секое погазување на меѓународното право со употреба на сила, глобално ја нарушува безбедноста во целиот свет затоа…

Read More

Разликата помеѓу војска во повлекување и разбиена војска е во тоа што при првото, војниците генерално го носат оружјето со себе. Нема гаранција дека она што ќе го видиме од руската армија додека се повлекува од западниот брег на реката Днипро, нема да спаѓа во претходната категорија. Според д-р Мајк Мартин, висок соработник на воените студии на Кралскиот колеџ во Лондон и поранешен офицер на британската армија. Повлекувањето на руската војска од јужниот украински град Херсон е толку лошо изведено што се чини дека ќе им овозможи на украинските сили да го совладаат нивниот непријател, пренесува Гардиан. Русија мораше да го објави повлекувањето…

Read More