Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски во Канал 5: Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да се почитува

0
By Ана Василевска on November 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 11, 2022 17:03

Во интервју за Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за прв пат отворено застана зад личноста и делото на Ванчо Михајлов, човекот кој македонскиот народ го нарекуваше „стока“ и го призна како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не мора да се сложуваме со тоа што го правеле претходниците, во историска смисла на зборот, кога раководеле со претходниците, па и денеска со современото ВМРО-ДПМНЕ. Ќе поминат децении од денеска, па можеби некој и од нас ќе се оградува. Не значи дека ние се сложуваме со тие (на Ванчо Михајлов) политики. Но, тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува”. – изјави Мицкоски на прашањето зошто толку ревносно се залага за затворање клубот Цар Борис, а не го прави истото за клубот Ванчо Михајлов.

Останува нејасно зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се залага за селективен однос во примената на Законот за здруженија што самите тие како партија го донесоа во Собранието.

Исто така јавноста е збунета зошто тогаш Христијан Мицковски не се појави на отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола заедно со потпретседателката на Бугарија Јотова и целата останата свита и така можеби го стави во заблуда „кутриот“ Ламбе Алабаковски кој се обиде да го запали ден потоа.

„Цар Борис трети“ веднаш да се затвори, а „Ванчо“ не, Ванчо е наш!

Ваквото лаичко толкување на историјата е типично за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и е минирање на македонската дипломатија која со години наназад во македонско-бугарските односи се обидува да ја деполитизира историјата и да остави со неа да се занимаваат оние на кои тоа им е професија.

Извор: Фронтлајн

 

Бугарија Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.