Author: Ана Василевска

Црна Гора се соочува со предвремени парламентарни избори, кои треба да доведат до формирање на одговорна политичка влада, со цел враќање на целосната функционалност на земјата, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на претседателот, Ѓукановиќ се сретнал со новоименуваниот регионален директор на Фондацијата Конрад Аденауер, Јаков Девчиќ, кој е во посета на Црна Гора. Тој го информирал Девчиќ за актуелните настани во земјата, додавајќи дека како резултат на неодговорното однесување на претходната влада, Црна Гора ја пропуштила шансата да напредува на европскиот пат во периодот на изразен ентузијазам за политиката на проширување што…

Read More

И колку допрва скапо ќе нè чини тоа што мислиме дека цивилизацијата се темели на селанките од градските билборди. А не на госпоѓите од село. Воја Жанетиќ Најлудото нешто што може некому да му падне на памет е да почне некој сериозен воведник со два огласи за продажба на недвижности. Е па, за љубителите на лудоста, ова е момент кога такво нешто можат и да прочитаат. Огласите се, да нагласиме, вистински и активни, пронајдени се минатата недела во Србија (а истите можат да се најдат каде било во опкружувањето). Повелете. * * * * * Прв оглас: „Село Вучиќ веднаш…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Ја гледав емисијата за Царот Самоил и неговите ќорави и сакати овци. Ошишани и измолзени. Кротки. Убава програма. Лежерен цар. Кој соопшти дека битката на Беласица, сосе пљачката, убиствата, шишањата и молзењата, не била битка со Византијците на Василиј, туку интерна битка која била организирана како подготовка на ријалити програмата која ќе ни покаже (урби ет орби) дека во спорот со Бугарите околу тоа чиј цар бил царот на ќоравите овци, Македонците се во право, бидејќи нивниот цар Самоил е жив и кур не го боле. Не знам дали можеме во согласност со царот, се разбира, да му…

Read More

Северна Кореја утринава истрела четири балистички ракети со краток дострел во Жолтото Море, соопшти јужнокорејската војска. Ракетите прелетале на околу 130 километри надморска височина дистанца од околу 20 километри. Северна Кореја изврши серија лансирања на проектили оваа недела, од кои едното можеби беше неуспешен обид за лансирање интерконтинентална балистичка ракета. Овие акции наидоа на осуда во Вашингтон, Сеул и Токио. Лансирањето на ракетата доведе до шпекулации дека Северна Кореја можеби се подготвува да продолжи со нуклеарни тестови за првпат од 2017 година.

Read More

„Заедно ќе ги надминеме предизвиците од оваа најголема криза“, порача претседателката на ЕК, откако во Скопје минатата недела беше потпишан договорот за ФРОНТЕКС на македонски јазик. Таа е убедена дека ако земјата продолжи да ги спроведува реформите со ова темпо, ќе успее на својот пат кон ЕУ и оцени дека овој договор ќе ја зацврсти соработката и покажува дека македонскиот јазик е целосно почитуван во Унијата. Со помошта од 80 милиони евра, ЕУ испрати порака дека земјава и Западен Балкан не се сами во справувањето со енергетската криза. Итната буџетска помош која ќе биде достапна од јануари 2023 година, како што изјави…

Read More

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Се изнагледавме „не могли“ македонски и бугарски политичарчиња на отворањата на божемни клубови за пријателства во Македонија и во Бугарија, што во обид да ќарат некое политичко поенче парадираа влечејќи се патриотически и ширеќи раздор и омраза. Баш им е гајле ним што со парадите разгоруваат уште поголема нетрпеливост помеѓу луѓето отаде двете граници. Не само што не им е грижа, туку се чини дека тоа им е целта. Како тргна македонско-бугарската „клубијада“ и „кој прв почна мме“ не е толку битно, но, ајде во две-три реченици. Први почнаа Бугарите, со фашистичките им вмровски дејци и бугарски цареви.…

Read More

Ана Василевска Уметникот Бранко Шимиќ минатата недела гостуваше на фестивалот за современи уметности АКТО.Како дел од промоцијата на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО 2006-2020“ беше проследена визуелната и аудио инсталација „Хусински рудар“ (моето минато е ваша иднина) на Шимиќ. Оваа инспиративна инсталација  го поставува Хусинскиот рудар, симболот на работничкиот бунт од 1920 година, реинкарниран во форма на диско култура кој ни одржува говор за моралот од минатото, солидарноста, подготвеноста да се бориме за човековите и работничките права. Сто години подоцна, Хусинската буна е мотив за реинтерпретација на револуцијата од минатото во денешен контекст. Шимиќ во интервјуто за НоваТВ, сеопфатно го објаснува делото,…

Read More

„Како премиер добив повеќе меѓународни награди за мир, а заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас бевме номинирани и за Нобелова награда за мир. Сепак, за мене постои само една и единствена града за мир, а тоа е мирот“ изјави поранешниот премиер Зоран Заев на Самитот на спортски новинари на Југоистична Европа „Спортот за државата, државата за спортот“, каде што доби признание за придонес кон мирот. Тој додаде дека делувајќи како премиер водел нималку лесни преговори и носел тешки одлуки за иднината на татковината, а сега преку фондацијата Заев го прави истото и негува исти ставови. „Двете позиции се спротивни…

Read More

САД повторно излегуваат на избори на 8 ноември. Контролата врз американскиот Конгрес е влог на овие избори, како и 35-те места во Сенатот, кои одлучуваат кој ќе доминира во Горниот дом на американскиот Парламент. Во моментов, Сенатот е поделен 50:50 меѓу двете партии, но демократите имаат предност бидејќи можат да ја повикаат потпретседателката, која го има одлучувачкиот глас, пишува Би Би Си. Ако републиканците преземат само едно место кое моментално го имаат демократите, тие ќе можат да ги спречат плановите на актуелниот американски претседател Џо Бајден. Доколку републиканците ја преземат контролата, аналитичарите оценуваат дека Вашингтон може да ја запре или намали…

Read More

Секој пат се борам за дебата со нашите опоненти на ниво на креативни идеи на решавање на проблемите, а прогресивните сили и оние што размислуваат во европски дух ќе надвладеат и ќе го отворат европскиот пат, рече потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Сител телевизија. Според неа, со лидерската средба в понеделник ќе се отвори простор за отпочнување соодветен процес што е неопходен во овој период. -Сметам дека треба да се разговара со сите релевантни политички фактори, но европската перспектива треба да биде обединувачки момент, а не да прави раздор. Оваа тешка државничка одлука ќе ја донесеме, особено…

Read More

Добрососедските односи на Северна Македонија со Бугарија како единствена допирна точка во билатералните односи во моментот го имаат само разединувањето околу правата на Бугарите и исклучиво нив. Тоа разединување двонасочно го разгореа жарот на општествената и политичката сцена во двете земји, а во контекст на европските аспирации на Северна Македонија, отворањата на здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид и на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Иако ваквото отворање треба да биде чекор напред кон подобрување на односите меѓу двете земји, политичките односи во контекст на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ, бугарското „вето“,…

Read More

Специјалното финско тело надлежно за правни работи одлучи да нема последици по премиерката Сана Марин по однос забелешките на нејзиното однесување. Главниот секретар за правда – официјалниот орган во Финска овластен да ги ревидира законитоста во постапките на членовите на Владата, денеска соопшти дека „не гледа причина за сомнеж за незаконско однесување на премиерката или за занемарување на нејзините службени должности“. До секретарот беа доставени десетици поплаки во врска во видео-снимката од август годинава на која се гледа 36-годишната Сана Марин како танцува и се забавува со пријатели и познати личности, објавена преку социјалните мрежи. Снимката покрена прашања за однесувањето…

Read More