Author: Ана Василевска

Борјан Јовановски  Интензивните разговори за проширување на Европската унија во изминативе месеци, водат кон тоа дека полека но сигурно можат да се очекуваат и конкретни резултати. Во разговорот со Јана Јузова истражувач во чешкиот тинк тенк „Еуропеум“ меѓу другото зборуваме за реалните очекувања од претседателството на Чешка со ЕУ, справување со влијанието на војната во Украина, идните стратегии но и за прогнозите што ќе се случува со регионот доколку не дојде до проширување. НоваТВ: Во изминативе месеци проширувањето е тема на агендата на Европската унија, какви конкретни резултати очекувате од претседателството на Чешка со ЕУ ? Војната во Украина и…

Read More

Во Музејот на современата уметност – Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на Дритон Селмани од Косово. Куратори на поставката се: Владимир Јанчевски, Ива Димовски и Благоја Варошанец. Селмани е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, а наградата подразбира реализација на самостоен проект во МСУ – Скопје. Изложбата на текстуални дела, објекти и видео во МСУ се обидува да воспостави нови релации во дадениот контекст, јасно покажувајќи ги начините на кои Селмани духовито користи специфична форма на…

Read More

Министерството за надворешни работи на Украина остро ја осудува Руската Федерација за депортација на украинските граѓани кои живеат на привремено окупираните територии на регионите Херсон и Запорижја во Украина. Конкретно, руската окупациска администрација започна масовно принудно преместување на жителите на левиот брег на Херсонската област, првенствено областите Скадовски и Каховски, на територијата на привремено окупираниот Крим или Руската Федерација, соопштуваат од украинското МНР. Слични депортации има и Русија во Запорижја, Луганск и Доњецк, како и на Крим. Наспроти позадината на тековните депортации, кружат и алармантни извештаи за руските војници кои ја рударат хидроцентралата Каховска, чија детонација може да предизвика голема…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека американската демократија е на удар бидејќи лажните тврдења на неговиот претходник Доналд Трамп за украдените избори „го поттикнаа опасниот раст на политичкото насилство и заплашувањето на гласачите“, јавува Агенција Анадолија (АА). „Американската демократија е на удар затоа што поразениот поранешен претседател на САД одбива да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година“, рече Бајден во обраќањето на настанот на Демократскиот национален комитет во Вашингтон. „Тој одбива да ја прифати волјата на народот. Тој одбива да го прифати фактот дека ја изгуби работата, ја злоупотреби својата моќ и ја стави лојалноста кон себе…

Read More

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ  Отворен Балкан делуваше како дефибрилатор за Берлинскиот процес. Го реанимираше и го врати во живот после две години „контролирана кома“. „Чудото“ ги охрабри Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, заедно со Албанија, Србија и Северна Македонија, да стават потписи на три важни договори за продуктивна регионална соработка: Договорот за слобода на движење и престој на граѓаните, односно за меѓусебно признавање на личните карти; Договорот за признавање на академските квалификации и Договорот за меѓусебно признавање на стручните квалификации за лекари, стоматолози и архитекти. Тоа вчера во Берлин не претставуваше никаков проблем за Сараево, Приштина и Подгорица, иако поволностите…

Read More

Во интервју за Фронтлјан, директорот на македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец, коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими, вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегуваат со 250 милиони наменети пред сè за патната но и за железнилката инфраструктура од Kоридорот 8. https://youtu.be/URbM6TejMS4 „Во буџетот, во проекцијата  многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи. 250…

Read More

Деновите на медиумска писменост што се одбележаа од 25 октомври до 1 ноември под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, завршија, но борбата за описменување на јавноста, но и на медиумските работници допрва почнува. Како позитивен чекор напред се грантовите за воведување на медиумска писменост за четири образовни институции во рамки на проектот на УСАИД „Младите размислуваат“ во реализација на ИРЕКС заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС). Надежите на експертите и медиумската фела се дека постепено ќе се стигне до воведување на медиумската писменост како дел од  образовниот процес почнувајќи од  основните и средните училишта. Целта е да…

Read More

„Во Археолошкиот музеј на РС Македонија се постигнати завидни резултати во реализацијата на тековната програма во делот на теренските истражувања. Тимот на установата работеше на подводниот археолошки локалитет од железното време, Врбник кај Струга, кој  изобилува со движен археолошки материјал. Со директорката Славица Бабамова разговаравме за тековните проекти и за резултатите од истражувањата во Градиште, Неготино, на античкиот град Антигонеа, кој егзистирал од 3 век пр. н. е. Таму годинава е откриен нов дел од уличната мрежа и се продолжи со  ископување на занаетчискиот дел од градот каде што биле сместени работилници за грнчарство. Овие проекти се работени во соработка…

Read More

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин. Во состав на владината делегација ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти Кабинетот на Шолц, на Самитот во Берлин најавено е учество на шефовите на владите на шесте земји од регионот на Западниот Балкан, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, поранешните домаќини…

Read More

Заради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои една година ништо не сработеа, главниот град е во целосен хаос, велат од СДСМ. . „Продолжува колапсот на јавниот превоз, многу населби се со редуциран возен ред на автобуските линии поради милионски долгови кон приватните автобуски превозници. Заради политички и бизнис интереси на одредена група луѓе, главниот град се соочува со опасност од редовно снабдување со вода и одржување на водоводната мрежа. Како никогаш досега Скопје се дави во ѓурбре и нечистотија, не само што нема нови проекти, туку не се одржува ниту постојната инфраструктура“, се посочува во соопштението од СДСМ. Според оваа…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Веќе во првите часови на првата инвазија против Украина на 20 февруари 2014 година, Русија го погази меѓународното право. Сепак, агресијата во која Путиновата Русија окупираше 44.000 квадратни километри или 7% од украинската територија во 2014 година, не предизвика некоја особено остра и решителна реакција од меѓународната заедница. Европските држави продолжија со business as usual со Русија. Business as usual ОН напишаа неколку декларации и усвоија неколку декларации и „пакети со мерки“. Ниту една од мерките на меѓународната дипломатија и ОН не придонесоа кон ослободување на Украина од несаканиот „гостин“. Причината за тоа беше лицемерието на големите и богатите што…

Read More

Ана Василевска Додека сите регионални и светски лидери стравуваат од глад и недостиг на енергенси, грчевито се борат да ја стабилизираат економијата и да обезбедат ресурси за својот народ за престојната најстрашна зима после втората светска војна, бегалецот од правдата, паднатото диктаторче од удопството на азилот во Будимпешта дури и се исмејува со сопствениот народ. На пастирот од Пешта му е смешно кога премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има доволно храна и струја во Македонија. Во обид да биде малициозен, во фејсбук статус го нарекува премиер на Етиопија или Африка. Со оваа аналогија сосема јасно го исмејува „својот“ народ.…

Read More