Заради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои една година ништо не сработеа, главниот град е во целосен хаос, велат од СДСМ. .

„Продолжува колапсот на јавниот превоз, многу населби се со редуциран возен ред на автобуските линии поради милионски долгови кон приватните автобуски превозници. Заради политички и бизнис интереси на одредена група луѓе, главниот град се соочува со опасност од редовно снабдување со вода и одржување на водоводната мрежа. Како никогаш досега Скопје се дави во ѓурбре и нечистотија, не само што нема нови проекти, туку не се одржува ниту постојната инфраструктура“, се посочува во соопштението од СДСМ.

Според оваа партија, бројни важни проекти започнати од СДСМ и претходниот градоначалник Шилегов, се прекинати заради инает и хирови на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

„Една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините и Градот Скопје. Се што видоа граѓаните од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа година е партизација, расипничко трошење на народните пари и секојдневни кавги за рацете во медот.
ВМРО-ДПМНЕ постојано докажува дека е партија која работи за бизнис и лични интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место“, стои во сооштението од СДСМ.