Author: Ана Василевска

Руската победа во Украина би била лоша за сите во Европа и Северна Америка, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Според него, руската победа би испратила порака до авторитативните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила. Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивно интервју за американски „Политико“ истакна дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО. Тој е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев, бидејќи победата на Путин во Украина, исто така, би била катастрофа за Украинците. Американските медиуми,…

Read More

По неколкумесечни преговори со акционерите, американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер. Главниот извршен директор на Твитер, Параг Агравал е меѓу отпуштените, заедно со финансискиот директор, правниот и политички извршен директор и генералниот советник на компанијата, објави „Њујорк тајмс“. Маск во средата објави видео на Твитер како влегува во седиштето на компанијата носејќи порцелански мијалник. „Влегувам во седиштето на Твитер!“ Извршниот директор на „Тесла“, исто така, го смени својот профил на Твитер за да се нарече себеси Chief Twit и ја префрли својата канцеларија во седиштето на „Твитер“ во Сан Франциско. Компанијата првично се спротивстави на понудата…

Read More

Уште еден клуб не е лоша идеја самата по себе, но клуб без јасни цели ризикува да троши време во разговори за важни прашања, но без решенија и резултати. Луфти Дервиши Албанија штотуку ги отвори преговорите со Европската унија. Долгото чекање го намали ентузијазмот на раководството на Тирана околу изгледите за членство. Поддршката за членство во ЕУ останува висока меѓу населението (над 80%). Но, од неодамна, дебатата за Европа е збогатена со појавата на Европската политичка заедница. Одеднаш, Албанија не само што е членка на Европската политичка заедница, туку и ревносен застапник на овој проект. Идејата на францускиот претседател Макрон е да создаде…

Read More

И сега, каде е спрегата на овие две причинско-последични појави, насилството станува нормална појава затоа што ние не реагираме, или не реагираме затоа што сме премногу изложени на информации за истото? АНА ВАСИЛЕВСКА Само во изминативе десетина дена слушаме, читаме за најразлично насилство и опасност по живот во количина од која може да се предозира секој човек со здрав разум. „Дојава за бомби во ЈСП“, „Дојава за бомби во училиште“, „Договорена тепачка на 300 средношколци“, „Тепачка, демолирање и убиство во кафулиња“, „Претепан новинар пред неговиот дом“, се само дел од вестите што не се симнуваат…

Read More

„Ова ќе биде, од една страна, најслободната либерализација на канабисот во Европа, а од друга страна, ќе биде и најстрого регулираниот пазар“, рече Лаутербах, додавајќи дека реформата може да биде „модел“ за Европа. Германскиот министер за здравство во средата ги откри плановите за декриминализирање на поседувањето до 30 грама канабис и дозволување на продажбата на кнабис на возрасни за рекреативни цели на контролиран пазар. Останува прашањето дали планот одобрен од Кабинетот ќе се реализира, бидејќи Владата најпрво сака да биде сигурна дека е компатибилен со Законот на Европската унија.

Read More

Користејќи сателитски снимки пред и по војната, ОН го документираа оштетувањето или целосното уништување на 207 културни споменици во Украина разурната од војна.„Податоците се собираат на специјално креирана онлајн платформа, која првично ќе биде достапна само за експертите, но наскоро ќе биде отворена за јавноста, изјави во Женева Криста Пикат од образовната и културната организација на ОН – УНЕСКО. Седум споменици на списокот на светско наследство на УНЕСКО досега не се оштетени, посочи таа. „Други згради, како што е Драмскиот театар во Мариупол, ја немаа истата судбина. Стотици цивили побараа засолниште таму веднаш по почетокот на војната во март“, рече…

Read More

Словенечката Влада денеска објави три пораки преку Твитер, во кои се нагласува дека радиоактивниот отпад во Словенија се складира на безбеден начин и не може да биде користен за валкани бомби. Словенија на тој начин одговори на неодамнешниот твит на руското Министерство за надворешни работи, со предупредувачка содржина дека Украина планира да употреби валкана бомба, проследен со фотографија со потекло од Словенија. На една од фотографиите што во понеделникот ја објави руското Министерство за надворешни работи, има проѕирни кеси со радиоактивен материјал проследени со натпис „радиоактивно“ испишан на словенечки. Според Владата во Љубљана, фотографијата е сопственост на Агенцијата за радиоактивен отпад…

Read More

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА 26 октомври (2022) беше значаен, но и многу напнат ден за Северна Македонија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ја посети земјата со повеќе добри вести. Фон дер Лајен донесе добри вести Европа ќе ѝ помогне на земјата со 80 милиони евра беше една од двете вести што најмногу го привлекоа вниманието на јавноста. Договорот за Фронтекс беше потпишан и на македонски јазик, по 4-годишното вето од Бугарите, беше втората добра вест. Имаше и низа други добри вести што можеа да се извлечат од нејзините средби и изјави. Помош и поддршка во текот на евроинтеграцискиот процес,…

Read More

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм. Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето. Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија. Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата. Медиумите прво јавија дека…

Read More

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот. Идејата за нов Закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата. „Без оглед на статусот што го имате во општеството,секој треба да се одговара според она што  го направил.Неслучајно го спомнав Кривичниот законик кој  не е само за ЈО и за судот. Има и други институции кои што би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот.Улога треба да има и Антикорупциска комисија. Кривичното…

Read More

Драго ми е што со претседателката Урсула фон дер Лајен зборувавме за иднината и за она што следи, за фактот дека македонскиот јазик и идентитет се осигурани и што имаме отпочнати преговори, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по потпишувањето на Договорот за Фронтекс на кој присуствуваше и претседателката на ЕК. Тој посочи дека визионерството, одлучноста, тешките но храбри одлуки даваат резултат. Го потпишавме Договорот за Фронтекс, на македонски јазик без фусности и ѕвездички. Северна Македонија и Европската Унија заеднички го испорачуваат ветеното, ја зајакнуваме нашата соработка и одлучно чекориме по европскиот пат. Во мое лично име и во име на граѓаните,…

Read More

Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. Со потпишувањето на Договорот на претстојниот Самит на Берлински процес во Берлин, Германија, се промовира академска мобилност и соработка, високото образование се препознава како јавно добро и јавна одговорност и се подига поддршката и заштитата на академската слобода и автономијата на високообразовните институции. „Креирањето политики на регионална интеграција во сферата на високото образование е голем успех за сите шест држави.…

Read More