Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
На 2. март (сабота), Јавна Соба ќе биде домаќин на базар на повеќе од 20 изложувачи насловен како „Fair Fashion“. Овој базар става акцент на етичката и одржливa мода, каде ќе се нуди рачно дизајнирана, но и „ second hand“ облека, како и рачно изработени накит и модни додатоци. Сите посетители ќе може да уживаат во пазарењето на сосема поинаков начин, а воедно и одблизу да ги запознаат малите производители, дизајнери, занаетчии и трговци, и секако да ги поддржат нивниот труд и нивната работа, одбирајќи уникатни производи за себе или за некоја блиска личност. Организаторите на „Fair Fashion“ сакаат уште…
Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на холандскиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Стал, кој ќе биде специјален гостин на Музејот, е препознатлив по истражување на односот меѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. – Еден од главните елементи кои ја градат инсталацијата на Стал, специјално создадена за Музејот на современата уметност – Скопје е видео студијата „Пропаганден театар“ од 2023 година, преку која го сумира десетгодишното истражување за пропагандата, информира МСУ. В сабота, на 2…
Лидерите на земјите од Западен Балкан во четвртокот се согласија да ја забрзаат регионалната соработка за да имаат повеќе корист од новиот план за финансиска помош на Европската унија што ќе помогне да се обезбеди побрз пат до членството. Планот на Брисел предвидува 6 милијарди евра да се испратат до балканските држави во следните три години во обид да се удвои економијата на регионот во следната деценија и да се забрзаат нивните напори за приклучување кон блокот. Таа помош е зависна од реформи кои би ги усогласиле нивните економии со правилата на ЕУ. Балканските водачи го поздравија планот, но реформската…
Fish in Oil утре настапуваат на поткровјето во Јавна Соба. Овој концерт се очекува да го посетат сите оние кои сакаат да слушнат автентична џез, но и воопшто добра авторска музика во опуштена атмосфера. “Ваквите настани како концертот на Fish in Oil, ќе се случуваат сè почесто со што ќе го позиционираат Скопје на мапата на клупски концерти со квалитетна музика”, велат од Јавна соба. Џез групата Fish in Oil е предводена е од Братислав Браца Радовановиќ, кој е лидер и композитор на истата. Братислав се занимава со музика уште од раните деведесетти години со музичките истомисленици во Приштина. Потоа…
Европратениците во вторникот ја потврдија својата решеност да ги заштитат новинарите, активистите и академиците и нивните организации од навредливи тужби кои имаат за цел да ги замолчат. Европскиот парламент го одобри со 546 гласа „за“, 47 „против“ и 31 воздржан, новиот закон, договорен со Советот на 30 ноември 2023 година, со кој се обезбедуваат поединци и организации кои работат на прашања од јавен интерес, како што се основните права, обвинувањата за корупција, заштитата на демократијата или борбата против дезинформациите. Тие добиваат заштита на ЕУ од неосновани и навредливи тужби. Заштитата ќе важи за сите прекугранични случаи, освен кога и обвинетиот…
70-годишниот застапник за човекови права беше осуден за „постојано дискредитирање“ на руската армија во напис каде што ја осудува инвазијата на Москва на Украина. Орлов го отфрли случајот против него како политички мотивиран, велејќи му на судот во Москва кој го осуди: „Не жалам за ништо и не се каам за ништо“. Активистот бил врзан со лисици и директно приведен од судницата. Олег Орлов, 70-годишниот копретседател на Меморијалниот центар за човекови права, добитник на Нобеловата награда за мир, во вторникот доби 30-месечна затворска казна од московскиот суд поради неговата критика за војната во Украина. Ветеранот застапник за човекови права беше…
Орбан, десничарски популист кој создаде блиски врски со Русија, рече дека критиките на унгарската демократија од страна на шведските политичари ги влошиле односите меѓу двете земји и доведоа до неподготвеност кај пратениците во неговата партија Фидес. Но, гласањето во понеделникот ја отстрани конечната пречка за членство на Шведска, која, заедно со соседна Финска, првпат се пријави да се приклучи на алијансата во мај 2022 година. Шведска треба да стане 32-та членка на НАТО алијансата. Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека земјата „е подготвена да ја преземе својата одговорност“ откако унгарскиот парламент стави крај на повеќе од 18 месеци одложувања што…
Валентин Нешовски е комплексен лик: тој е писател, моторџија, новинар, ерудит, сериозен познавач на жанрот научна фантастика… И разговорот со него е таков – комплексен, забавен, боцка кога не очекуваш, а најмногу од сѐ – те тера да размислуваш. Каде е светот, накај е тргнат, дали сме тикви – или ќе станеме роботи… Неговиот роман „Последната мисла во универзумот“ со кој е номиниран за наградата Роман на годината, воопшто не го спомнавме, за тоа во друга прилика. Трн: Се чини дека научната фантастика има една особина да ја предвиди иднината. Жил Верн го предвиде слетувањето на месечината, Ѕвездени патеки го…
„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, најави почеток на низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Под мотото „Читаме џез“ почнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата. Љубителите на читањето и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во овој несомнено храбар концепт што би можел да се опише преку три едноставни, но многу силни и…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека доколку повторно биде избрана на таа функција, ќе биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ на Западниот Балкан. На прес-конференција во Брисел, таа рече дека отсекогаш била „силен поддржувач на проширувањето“, како и дека таа „многу јасно стави до знаење дека тоа е процес заснован на заслуги“. „И натаму инсистирам на тоа, но добро е да се види како Западниот Балкан, но и на пример Украина и Молдавија, прават се што е можно за да ги спроведат потребните реформи и да напредуваат кон Европската унија. Така, се…
Против Џулијан Асанж е поднесена кривична пријава затоа што навел извори и поттикнувал кражба и хакирање, а не поради политика, тврдат адвокатите на американската влада на критичкото сослушување за екстрадиција. Основачот на Викиликс може да биде екстрадиран во САД во рок од неколку дена за да се соочи со кривично гонење за обвиненијата за шпионажа во врска со објавувањето на илјадници доверливи воени и дипломатски документи во врска со војните во Авганистан и Ирак, доколку високиот суд во Лондон му ја одбие дозволата да поднесе жалба за неговото отстранување од ОК. Денеска , адвокатите на американската влада се обидоа да…
По трогателната гала на отворањето, бројни филмаџии ги претставија своите дела на фестивалот во последните неколку дена. Првата половина на фестивалот ја одбележаа гламурозни, но и политички појавувања на црвениот тепих и преполните кина. Вчера вечерта имаше посебен белег со церемонијата на доделување на почесната златна мечка на американскиот режисер Мартин Скорсезе. Со овации во распродадениот Берлинале Паласт режисерот ја прими наградата, а пофалбата ја одржа Вим Вендерс. Утре ќе се случи уште една чест: Доделување на камерата на Берлинале на Едгар Рајц во 15.00 часот во Haus der Berliner Festspiele. Светската премиера на најновото дело на Едгар Рајц, Filmstunde_23…