Author: Ана Василевска

Русија секојдневно го користи целиот свој арсенал на оружје во правецот Купјанск, но украинските бранители имаат што да му спротивстават на непријателот, објави на Телеграм Олех Синиехубов, шеф на регионалната воена управа во Харков, коментирајќи ги информациите на изданието Форбс дека Русија собрала 40.000 војници, 500 тенкови, повеќе од 600 борбени возила и стотици хаубици за офанзивата на Купијанск., пренесе Укринформ. „Руската армија напредува во оваа насока од февруари 2022 година. А од контраофанзивата на вооружените сили на Украина, окупаторите не се откажаа од своите намери да ги вратат овие територии, бидејќи ова е логистички важна област за нив. Затоа,…

Read More

14 февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан, концертот на Националниот џез оркестар со според многумина, еден од најдобрите џез вокали на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен. Концертот на кој ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, во интерпретација на Апелгрен, ќе се одржи во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот. Френк Синатра се смета за „најголемиот машки поп-пејач во историјата на Америка,“ а некои ќе речат и „најголемиот пејач…

Read More

Албанските пратеници кои беа исклучени од Собранието, денеска се враќаат на работа, со најава за протести за да им се исполнат барањата за формирање истражни комисии и промена на составот на специјалната комисија за изборни реформи. За прв пат во Косово и регионот се очекува да биде отворен референтниот центар за третман на случаи на сексуално насилство, во рамки на Институтот за судска медицина во Приштина. Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА Репортери: Денеска во Албанија 19-те пратеници исклучени од седницата протестираат пред Собранието Албанските пратеници  попладнево се…

Read More

Новиот француски премиер Габриел Атал денеска се соочува со првото гласање за недоверба на неговата Влада во Парламентот, но без ризик од негова смена, иако владејачката коалиција нема апсолутно мнозинство. Предлогот за гласање недоверба беше поднесен од левичарските партии. Но, тие немаат речиси никакви шанси да ги соберат 289. гласови потребни за смена на Владата. Левицата го критикува Атал, кој беше назначен од францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на јануари, дека сака „војна против сиромашните“ по најавените мерки за социјалните прашања. Левичарските партии оценуваат дека Атал ја брани Франција од луксузните париски населби, а незадоволство има и поради блокадата…

Read More

Во пресрет на најавениот студентски протест денеска пред МОН, министерот за образиование и наука Јетон Шаќири на Фејсбук објави дека сите студенти кои ги исполнуваат условите, на своите сметки ги имаат добиено парите за стипендија. Во објавата тој ги повикува студентите да не дозволат да бидат манипулирани од дезинформации и злонамерни повици и својата енергија, како што вели, да ја насочат кон подобри резултати на испитите во февруарската сесија. -Драги студенти, додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам…

Read More

Хакери со седиште во Кина се обидоа да добијат пристап до веб-страниците и е-поштата на филипинскиот претседател и владините агенции, вклучително и агенцијата за промоција на поморската безбедност, но не успеаја, соопшти денеска филипинскиот Оддел за информатичка и комуникациска технологија. Портпаролот на Министерството за информатичка и комуникациска технологија, Ренато Пикасо соопшти дека е-поштата на Агенцијата за информатичка и комуникациска технологија, веб-страницата на Националната крајбрежна стража и личната веб-страница на претседателот Фердинанд Маркос Џуниор биле меѓу целите на неуспешните хакерски обиди во јануари. -Ние не обвинуваме ниту една земја за ова. Но, успеавме да утврдиме дека адресите на интернет протоколот се…

Read More

Американскиот Сенат денеска објави нацрт-двопартиски закон за безбедност на границите и обезбедување помош за Украина и Израел, со вкупна вредност од 118 милијарди долари. Покрај 20,23 милијарди долари наменети за граничната безбедност, предлог-законот вклучува 60,06 милијарди долари за поддршка на Украина во војната со Русија, 14,1 милијарди долари безбедносна помош за Израел, 2,44 милијарди долари за американската централна команда и конфликтот во Црвеното Море и 4,83 милијарди долари за поддршка на американските партнери во Индо-Пацификот, според бројките објавени од сенаторот Пети Мареј. Дополнителни 10 милијарди долари се наменети за хуманитарна помош за цивилите во Газа, окупираниот Западен Брег и Украина.…

Read More

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус ќе престојува денеска во Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и министерот за одбрана Ејуп Маќедонци, јави дописникот на МИА од Приштина. За време на посетата Писториус ќе биде придружуван од пратеници во Бундестагот и од германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде. Средбата со Османи ќе се одржи во претседателскиот кабинет со почеток во 11:00 часот, по што ќе се одржи и конференција за медиуми, додека средбата со Курти е закажана за во 12:30 часот во Владата на Косово. Германскиот министер во Министерството за…

Read More

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара. – Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред…

Read More

Се интензивираат повиците до иранските власти да ги отфрлат сите обвиненија против двајца филмаџии и да им биде укината забраната за патување. Филмот треба да се натпреварува за Златна мечка, но и двајцата режисери може да отсуствуваат, бидејќи им е забрането патување од иранските власти и се соочуваат со судење во врска со нивниот нов филм. Фактот што Берлинале го избра овој филм во конкуренција испраќа силна порака, бидејќи фестивалот е познат по своите политички ставови и давањето платформа на гласовите кои се соочуваат со политичко угнетување. Еден од најочекуваните наслови со премиера на овогодинешниот 74-ти Берлински филмски фестивал е…

Read More

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан синоќа изјави дека САД не ја исклучуваат можноста да го нападнат Иран, што укажува дека претстојат нови напади врз исламистичките милитанти во регионот. – Ќе бидат преземени повеќе активности како одговор на … трагичната смрт на тројцата храбри американски војници, истакна Саливан во емисијата „Оваа недела“ на Еј-би-си алудирајќи на нападот со беспилотно летало во Јордан кон крајот на минатиот месец, при што загинаа тројца американски војници. Тој додаде дека САД мора да се подготвени „за какви било непредвидени ситуации“. И само би рекол, од гледна точка на Техеран, доколку одлучат…

Read More

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе има заедничка средба со шефот на Дегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Република Северна Македонија. Средбата ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Во известувањето до медиумите од владината прес-служба се наведува дека не се предвидени новинарски прашања, туку само можност за кратки видео инсерти и фото.

Read More