Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за денеска со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав. Како што соопштуваат од владината прес-служба, за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата. Преодната Влада предводена од Џафери беше избрана во неделата. Целта на оваа влада е организирање и спроведување на фер и демократски избори. Мандатот на техничката влада е до изборот на нова политичка влада, по парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај. Две недели претходно на 24 април во земјата треба да се одржат…
Според извештаите од косовската полиција, во рацете на граѓаните има премногу оружје. Имено, , во текот на 2023 година полицијата запленила 1.392 парчиња оружје и 37.215 парчиња муниција“, пишуваат косовските медиуми. САД бараат да се одложи примената на новата регулатива со која се исклучува динарот како валута за трансакции во Косово, новата одлука на Централната Банка на Косово. Ова се само дел од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот. КОСОВО Зери: Многу оружје во рацете на граѓаните, во текот на 2023 година полицијата запленила околу две илјади различни оружја и муниција Бројот на нелегалното оружје…
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија. -Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво. До овој момент не постои финален договор, што е и нормално бидејќи се уште се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Но, има разговори, со…
Гласањето главно се фокусираше на новата улога на нордиската нација како држава на фронтот на НАТО против Русија и безбедносната ситуација во Европа, особено руската инвазија на Украина. Како министер за надворешни работи, Хаависто го потпиша историскиот договор за пристапување на Финска во НАТО минатата година и одигра клучна улога во процесот на членство, заедно со Ниинисто и поранешната премиерка Сана Марин. Поранешниот премиер Александар Стуб победи во првиот круг од претседателските избори во Финска синоќа, и ќе се соочи со второпласираниот , поранешен министер за надворешни работи Пека Хаависто, во вториот круг следниот месец. Гласањето главно се фокусираше на…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска предупреди дека намалувањето на помошта од САД за Украина би било лош сигнал. „Пасивноста на CАД или недостигот на поддршка би биле лош сигнал. Ова не би било фер кон никого“, рече украинскиот претседател во интервју за германската телевизија Цет Де Еф. Тој го даде овој коментар во време кога во американскиот Конгрес е блокиран уште еден пакет помош за Украина. „САД се нашиот партнер број еден“, истакна Зеленски. Откако му обезбеди на Киев оружје во вредност од десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден…
Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски. На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на г-динот Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството.
Австрија го прекинува своето финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) до спроведувањето целосна истрага за обвиненијата дека нејзини вработени биле вклучени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, соопшти австриското Министерство за надворешни работи. „Ги повикуваме УНРВА и ОН да спроведат темелна, брза и целосна истрага за наводите“, се вели во соопштението на Министерството. Велика Британија, Германија, САД, Австралија, Канада и други земји, вклучително и Јапонија, веќе го прекинаа финансирањето на Агенцијата за помош која обезбедува витална поддршка на луѓето во Газа.
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.
Изборите во Европа во 2019 година забележаа најголем одѕив од 1994 година, поттикнати од порастот на младинското учество. Но, кои се приоритетите на младите пред овогодинешните избори и како ЕУ може да ги ангажира? „Често слушам дека немам доволно искуство. Но, сега имам 25 години и имате голем број европратеници кои се тука подолго отколку што сум роден. Мислам дека тоа е сосема лудо“, изјави за Еуроњус најмладата европратеничка Кира Мари Петер-Хансен. Петер-Хансен е член на Зелените-Европската слободна алијанса. Таа беше избрана на 21-годишна возраст на европските парламентарни избори во 2019 година. Данскиот политичар е еден од 720-те европратеници кои…
Не е заглавен изборот за универзален снабдувач со електрична енергија, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа. -Мислам дека веќе наредните денови Комисијата ќе излезе со конкретен резултат, нагласи Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.
Четворица пратеници членови на либералната група „Да ја обновиме Европа“ во Европскиот парламент предлагаат формирање на „Мини-шенген зона“ меѓу Бугарија, Грција и Романија, која би станала оперативна ова лето со цел да се намалат гужвите во сообраќајот меѓу трите балкански земји членки на ЕУ во текот на туристичката сезона. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата идеја се содржи во писмото што европратениците Даниел Лаурер од Бугарија, Георгиос Кирцос од Грција и Дачијан Чиолш и Влад Георге од Романија го упатија до грчкиот министер за имиграција и азил Димитрис Кајридис. – Ние во исто време и сме и…
– Заедничката пратеничка група на АфД и Националната група (РН) во Европскиот парламент би можела да биде на работ на колапс. Лидерката на фракцијата на РН, Марин Ле Пен се закани дека ќе го растури сојузот. Причината, според Ле Пен, се извештаите за тајната средба во Потсдам меѓу политичарите на АфД и десничарските екстремисти за масовното протерување луѓе со мигрантско потекло од Германија. -Целосно не се согласувам со предлозите за кои беше кажано дека се разговарало на оваа средба, рече Ле Пен, мислејќи на плановите за кои се разговараше во Потсдам. Таа додаде дека мора да се испита дали тоа…