Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Се чини дека „дип фејк“ технологијата станува омилена алатка на руските пропагандисти за ширење дезинформации и манипулации во јавноста и за дискредитирање на противниците и неистомислениците на режимот на Кремљ. Цивил Медиа неколку пати до сега дебанкираше лажни видеа креирани од руската пропагандна и споделувани преку мрежата на поддржувачите на Москва. Во тој контекст ви претставуваме краток преглед за тоа што претставува „дип фејк“ технологијата, за што се користи и како да ги препознаете лажните креирани видеа. Според описот на Википедија, дипфејкс или „порманто“ се синтетички или персонализирани снимки, во кои личноста на веќе постоечка слика или видео се заменува со друга…
Заробување на државата во Србија: Проблем за Балканот и за ЕУ, пишува Гардијан на 4 јануари 2024 Според претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамнешните парламентарни избори во земјата биле „најчистите и најчесните“ во нејзината историја. Тие, исто така, беа триумф за неговата погрешно именувана Српска напредна партија (СНС), која убедливо победи. Но, Организацијата за безбедност и соработка во Европа имаше поинаков став. Изборите на 17 декември, се вели во изјава на меѓународен тим за набљудување на ОБСЕ, се одржаа во „неправедни услови“, нарушени со „пристрасност во медиумите, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси“. Беа забележани…
Во текот на изминатата недела 25.12.2023 – 31.12.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил. -Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, стои…
Голем број судски документи со кои се идентификуваат лицата поврзани со познатиот сексуален престапник Џефри Епстајн беа вчера објавени. Принцот Ендрју, војводата од Јорк, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, починатиот музичар, Мајкл Џексон и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд се само дел од луѓето споменати во документите кои беа објавени по наредба на федералниот судија, Лорета Преска. Многу од угледните личности во тие документи медиумите веќе ги идентификуваа, а некои имиња се појавија за време на судењето на партнерката на Епстајн, Гислајн Максвел, која беше осудена за трговија со луѓе за сексуални цели и отслужува 20-годишна затворска казна.…
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека работна група работи на подготвување на предлог за покачувањето на платите на именуваните и избрани функционери. -Во однос на платите на избрани и именувани функционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер…Во однос на тоа, има работна група која работи на предлог кој треба да биде доставен до Собранието и Собранието да го каже својот финален збор, рече Ковачевски на презентација на првата странска инвестиција во 2024 година во ТИРЗ. На новинарско прашање дека работната група работи една година и зошто се чека толку за закон, Ковачевски одговори дека тоа треба…
„Рејтинзите на кои сите се повикуваат, на кои ВМРО-ДПМНЕ стои повисоко, сите забораваат да кажат дека таму има огромен процент на луѓе кои молчат. Овие рејтинзи се на малку повеќе од половина на гласачкото население. Другата половина си молчи“ рече аналитичарот Сашо Ордановски во емисијата „Политиканти“ на Слободен печат. Тој додаде дека токму тие граѓани се одлучувачките, кои во наредните месеци ќе треба да го издефинираат својот став. „Тоа се месеци кои доаѓаат. Ќе мора да заземат став луѓето, бидејќи не е изборот сеедно. Со една поголема излезност ќе мора да знаеме што иднина е одбрана на едни слободни избори“…
Руските сили извршија ракетен напад врз источниот украински град Харкив доцна на 2 јануари, погодувајќи училиште во областа Основиански во градот, објави Суспилне Харкив на својот Телеграм канал. „На местото на експлозијата има кратер со дијаметар од околу десет метри, исполнет со вода. Спасувачите претпоставуваат дека од ракетниот напад оштетена е подземна водоводна цевка“, се вели во извештајот. Според Суспилне Харков, брановите на експлозијата ги скршиле прозорците на најмалку три приватни куќи во близина. Претходно, гувернерот на регионот Харкив, Олех Синиехубов, пријави штета на образовна институција во Харкив како резултат на непријателски напад. Според прелиминарните извештаи, нема жртви, рече тој. Според објавата…
Западот треба да воведе построги санкции против Русија и да го снабдува Киев со ракети со долг дострел како одговор на последното руско гранатирање на Украина, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски. Русија вчера изврши ракетен напад врз двата најголеми украински града, главниот град Киев и Харков, во нов бран масовни воздушни напади во кои загинаа најмалку пет цивили и поттикнаа повици до Западот да и обезбеди повеќе оружје на Украина. – Мораме да одговориме на последниот напад врз Украина на јазик што ќе го разбере Путин: со заострување на санкциите за да не може да произведува…
На самиот крај на минатата година излезе од печат новиот наслов на издавачката куќа „Гаврош“, „Заборавениот јазик“ Вовед во разбирањето на соништата, бајките и митовите од Ерих Фром во превод на Слободанка Марковска. „Фром како еден од највлијателните мислители на модерните времиња, ни презентира инспиративна научна расправа за разбирањето на природата на искуството од соништата поаѓајќи од тезата дека тие се напишани со еден универзален јазик што луѓето во модерноста го заборавиле, а тоа е симболичкиот јазик. Веруваме дека преводот на ова дело, првпат објавено во 1951 година, не само што ќе го зголеми фондот на научна литература во доменот…
– Акциите на технолошкиот гигант Епл (Apple) паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Барклис (Barclays) ги намали прогнозите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на Ајфон (iPhone) 15 на Епл. Барклис смета дека треба да се очекува и послаба продажба на Ајфон 16 на Епл и другите производи на оваа компанија. На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на Епл од Азија, бидејќи акциите на ТСМК, која произведува напредни процесори за уредите на Епл, денеска паднаа за повеќе од два отсто, а акциите на Фокскон (Foxconn), која склопува уреди на…
Околу 90 отсто од жителите на ЕУ изразуваат задоволство од начинот на живот во нивните градови, покажуваат резултатите од Извештајот на Унијата за квалитетот на животот во европските градови за 2023 година. Но, сепак вакво задоволство не споделуваат и жителите на градовите од Балканот, вклучително и скопјани, како и на неколку европски метрополи. Генерално, задоволството од начинот на живот е непроменето (40 проценти) или помало (29 отсто) во споредба со 2019 година, со исклучок на жителите на источноевропските градови, кои сметаат дека квалитет на животот е подобрен изминатите пет години, на што отпаѓаат 31 проценти од вкупниот број анкетирани. Дополнително,…
Израелската армија денеска е во состојба на подготвеност за „секое можно сценарио“, еден ден по нападот во предградието на Бејрут во кој беше убиен вториот човек на палестинското движење Хамас, јавија француските медиуми, повикувајќи се на официјални извори. -Израелските сили се во состојба на многу висока подготвеност… за одбрана и за напад. Ние сме целосно подготвени за секое сценарио. Најважно е да кажеме дека сме фокусирани и остануваме фокусирани на борбата против Хамас, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари. Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, вчера беше убиен во Бејрут, потврдија Хамас и Хезболах. Либанската државна агенција јави дека…