Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Премиерот Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, до верниците на Католичка црква и до сите граѓани кои по грегоријанскиот календар го празнуваат Раѓањето Христово – Божик. -Во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, упатувам искрени честитки за големиот христијански празник, Рождество Христово – Божик. Спокојот и вербата што ги носат празничните денови го насочуваат вниманието кон вистинските вредности, почитта, љубовта, разбирањето, трпението, грижата едни за други, на што посочува и Христовото дело. Но, тие се поттик…
Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии. – Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт, рече Борел. – Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и…
Режимот на Александар Вучиќ уште еднаш го покажа своето вистинско – насилно лице, соопштија од листата „Србија против насилство“. Како што наведуваат во соопштението, тие не дозволиле градски советници и народни пратеници да влезат во градското собрание, ги испратиле своите хулигани да прават инциденти, а на крајот Вучиќ испратил специјални единици кои употребиле брутална сила врз граѓаните кои протестирале поради украдени избори. „За тоа сведочат бројните видеа, како и фактот дека еден од демонстрантите бил брутално претепан и му била скршена ногата, клоцајќи го додека лежел на земја. Полицијата го нападна и Радомир Лазовиќ, копретседател на Зелено-левиот фронт и тоа…
Кремљ денеска го обвини „Волстрит журнал“ за објавување „палп фикшн“ откако објави дека смртта на платеникот Евгениј Пригожин во авионска несреќа била организирана од рускиот безбедносен функционер Николај Патрушев. Весникот објави дека приватниот авион на Пригожин бил соборен од мала бомба поставена под крилото. Весникот во извештајот цитира неименувани западни разузнавачи и поранешен руски разузнавач. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека го видел извештајот, но дека не сака да го коментира. „Во последно време, за жал, „Волстрит Журнал“ многу сака да произведува палп фикција“, додаде тој. Пригожин, водачот на Вагнер, платеничка група која се бореше за Русија во Украина,…
Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари. За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор.
Сериозниот развој на настаните со недостигот на храна во Појасот Газа треба да биде повик за будење за целиот свет со цел веднаш да се преземат мерки за спречување на оваа хуманитарна катастрофа, порачаа денеска во заедничка изјава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич. Изјавата на Борел и Ленарчич, претставува реакција на вчерашниот извештај на Интегрираната фазна класификација за безбедност на храната (ИПЦ), во кој се проценува дека сто проценти од жителите на Газа добиваат небезбедна храна, додека една четвртина од населението во Појасот гладува. – Длабоко…
Од Стејт департментот јасни: Блинкен и О’Брајан укажаа кој е патот за напредок на Северна Македонија
Портпаролот на Стејт департментот на САД во изјава за МИА потсети дека државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на земјата укажале на тоа кој е патот за напредок на Северна Македонија. Во изјавата од Стејт департментот за МИА се наведува дека САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата. На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните…
ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Продукцијата на Белата палата е неуморна хранителка со содржини кои инаку би требало да се одлеваат од непишаните блескави јавни тоалети Еден познаник пред десетина години, тазе вратен од Виена, тврдеше правопропорционална врска меѓу модерноста на јавните тоалети и степенот на економски и културен развој. Малку е смешно да се тврди во облик на критериум, ама е теза која понатаму ја слушнав и од други. Претпоставував дека клучната алка во доказот на оваа „теорема“ лежи во некој вид на институционална борба со малограѓанштината. Поточно, не само во напуштањето на изнасилениот и воедно божемен пуританизам – народски што си…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека верува оти Русија „засекогаш ја загуби Украина“ како резултат на војната и дека нема да може да ги постигне своите воени цели и покрај огромните воени напори по инвазијата во февруари минатата година. „Целта на оваа инвазија беше да се спречи Украина да се движи кон НАТО и Европската унија. Украина сега е поблиску до НАТО и Европската унија од кога било досега. Ова е голем стратешки пораз за Русија. Претседателот Путин засекогаш ја загуби Украина“, рече Столтенберг во интервју за ДПА, мислејќи на фактот дека Русија со децении ја гледаше Украина…
урските власти приведоа 304 лица осомничени дека се поврзани со милитантната група Исламска држава во операции во 32 области, објави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека повеќето од осомничените се уапсени во трите најголеми градови во земјата, Анкара, Истанбул и Измир. Осомничените се уапсени во рамки на операцијата „Херои-34“, која, според турскиот министер за внатрешни работи, била спроведена истовремено низ цела Турција. „Заради мирот и единството на нашиот народ, ќе ја продолжиме нашата битка со интензивни напори на нашите безбедносни сили“, напиша Јерликаја во објавата на социјалната мрежа Х, заедно со видео на кое се гледа…
Докажавме пред целиот свет дека поседуваме политички и практичен капацитет, професионалност и посветеност, кои кулминираа со организацијата на 30-от Министерски совет. Со донесените одлуки го остваривме планот кој го зацртавме на почетокот на Претседавањето – дадовме огромен придонес во обезбедувањето на функционалноста на ОБСЕ. Нашето претседавање беше фокусирано на луѓето, а работевме со посветеност на идејата дека ОБСЕ може да го унапреди и зачува сето она што луѓето најмногу го ценат – нивните права, нивната слобода и нивното достоинство”, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на одбележувањето на завршувањето на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, соопшти МНР. Тој…
Западот не може да дозволи Русија да победи во Украина и поддршката за Киев мора да продолжи, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон, цитиран од Франс прес. Макрон изјавата ја даде за време на божиќната вечера со францускиот воен персонал, кој е стациониран во Јордан. -Знаете каква е рамнотежата на силите, знаете што не можеме да дозволиме да се случи – не можеме да дозволиме Русија да победи, истакна францускиот лидер пред француските офицери и војници во Јордан. „Каков би бил утрешниот ден за Европа, во спротивно? Ние ќе продолжиме да и помагаме на Украина. Тоа што ние го правиме,…