Author: Ана Василевска

Само неколку дена пред Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше на борбениот дух на неговите сонародници да не потклекнат во одбраната на земјата. – Потребно е максимално внимание за одбраната, максимални напори за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели, рече синоќа Зеленски во своето редовно видео-обраќање. – Времето за одмор ќе дојде подоцна, нагласи тој. Украина годинава првпат официјално го слави Божик на 25 декември според западната традиција, а не на 7 јануари согласно православните обичаи. – Сега, пред Божиќ, сите во нашата земја мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа,…

Read More

Една од носителите на листата „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ, која штрајкува со глад, денеска изјави дека не очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ да има емпатија кон неа или грижа на совеста, бидејќи, како што вели, тој е организатор на злоупотребата и кражбата на изборите. – Но, очекувам меѓународните партнери да сфатат во каква Србија живееме, дека изборите се украдени, дека тие не се признаваат На сите нивоа на Европската унија – од парламентот до пратениците во ЕП, тука е и Советот на Европа, ОДИХР, сите изразија став дека не ги прифаќаат изборите, рече Тепиќ во интервју за Нова.рс.…

Read More

Во Собранието за денеска е закажана 135 седница, на чиј дневен ред една од точките е Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За претседател на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), која од членовите на Комисијата за селекција доби 76 бода. За членови на ДКСК предложени се судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска со освоени 75,86, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев со 74,28 и Бесник Џемаиљи со 74,14 бода, ревизорите Зоран Богоевски со 73,57, Цвета Ристовска со…

Read More

Стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот. Со воведување на дневната евтина тарифа, домаќинствата со сетирани броила ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела. Проценките се дека едно семејство со просечна потрошувачка на струја на овој начин ќе може да заштеди околу 1.000 денари месечно. Од друга страна преку програмата за енергетска помош, преку владиниот деветти пакет антикризни мерки предвидени се 1 милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Предвидени се 1,1 милиони евра за…

Read More

Папата Франциск денеска предупреди на нефлексибилните идеолошки позиции кои би можеле да ја спречат Црквата да ја види реалноста и да продолжи напред, говорејќи неколку дена откако конзервативците ја осудија декларацијата со која се дозволува благослов на истополови двојки. Папата, кој во неделата наполни 87 години, ги даде своите коментари во традиционалната божиќна честитка до членовите на куријата, централната администрација на Ватикан. Во првите години од неговото папство, тој ги користел божиќните честитки како повод за остри критики на бирократијата, посочувајќи ги, како што тој тогаш ги нарекол нејзините „болести“. Тој денеска ја спомена континуираната дебата меѓу прогресивците и конзервативците,…

Read More

Претендентите за членки на ЕУ се подготвени да работат уште понапорно на клучните реформи за да се приклучат на нашата Унија и сакаме да бидеме јасни дека проширувањето останува процес заснован на заслуги, кој бара вложувања и посветеност за спроведување на суштински реформи, вклучително и за владеењето на правото, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро. Според неа, во услови кога постои моментум за проширување на ЕУ, Европската комисија ги охрабрува сите страни во Северна Македонија да работат заедно за да ја придвижат земјата на нејзиниот пат за пристапување во Унијата. – Заклучоците…

Read More

Кина се обидува да ја дестабилизира белгиската демократија, што понекогаш ја прави многу непријателски расположена земја, изјави белгискиот премиер Александар де Кро, коментирајќи ги наводите дека Пекинг регрутирал член на белгиската екстремно десничарска партија Фламански Интерес (ВБ) за да работи на промоција на кинеските интереси. – Не треба да потценуваме колку странските сили не ја сакаат нашата демократија и нашето единство. За разлика од Русија, Кина не го напаѓа нашиот континент, но останува земја која понекогаш е многу непријателски расположена кон нас. Тоа не треба да се занемари, изјави Де Кро за двата водечки белгиски весници „Соар“ и „Стандард“. Изјавата…

Read More

Според најавите на поранешниот албански премиер Сали Бериша, денеска се очекува да се одржи протестот на опозицијата на кој околу 800 полицајци од полицијата во Тирана и од Националните безбедносни сили се ангажирани за одржување на редот и безбедноста. Пред албанското Собрание веќе започнаа тензиите, пратеници од  Демократската партија се судрија со гардата пред влезот на парламентот. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во своето годишен говор изјави дека одржувањето на мирна и безбедна средина во Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот,…

Read More

Почитувањето на јазикот на сите етнички заедници е наша европска вредност. Со развивање на пријателско, мултикултурно општество ние ги воспитуваме младите да бидат одраз на современата држава која ги негува европските вредности, порача денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Општина Конче. Министерката, која присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на турската заедница – Денот на настава на турски јазик, го честита празникот, посочувајќи дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува проектите кои придонесуваат за развојот на турската култура. -Една од заложбите на Владата и на Министерството за култура е негување…

Read More

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката, како што соопшти Царинската управа, била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари. -Контролата е спроведена по преглед на документација…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија. -Дозволете да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Една од првите одлуки на асномска Македонија била да се овозможи настава на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. На денешен ден, во 1944 година започнала наставата на турски јазик во скопското училиште „Тефејуз“ со што е ослободен потенцијалот на заедницата, чувајќи го својот идентитет и развивајќи ја својата култура, да придонесува кон општото добро, пишува…

Read More

Владата на Туск го постави за приоритет враќањето на објективноста и слободното изразување во државните медиуми, кои претходната влада, според партијата Право и правда, ги користеше како агресивни пропагандни алатки, напаѓајќи го Туск и опозицијата и ширејќи ги нејзините евроскептични ставови. За време на своето владеење, „Право и правда“ ги прекинаа аглите и игнорираа некои процедури за да добијат контрола врз надзорните тела на медиумите и врз клучните назначувања додека ја затегна својата контрола. Новата полска проевропска влада почна да се бори со контролата врз државните медиуми во земјата и некои други државни агенции од конзервативната партија која ја зацврсти…

Read More