Author: Ана Василевска

Го изгубивме патот кон ЕУ, а бевме тандем со Хрватска и беше проектирано заедно да влеземе во ЕУ до 2012 година!!!“, вели Бучковски.  Како потсетување на денот кога Македонија пред 18 години доби кандидатски статус за членство во ЕУ, Владо Бучковски за НоваТВ вели дека преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година и катастрофалните политики на антиквизација го уназадија процесот на евро интеграцијата која можела да се случи и во 2012 година. „Што направивме пред 18 години? ЧУДО!!! Добивме кандидатски статус за влез во ЕУ само 4 години по воениот конфликт и Охридскиот рамковен договор станавме лидери на државите…

Read More

Доколку погледнеме наназад низ годините, онаа оптимистичка состојба која ја гледаме денес во однос на доближувањето до европското семејство, можеше да ја стигнеме многу порано. Не уверуваа дека не може да се постигне договор со Грција, не уверуваа дека ќе ни го земат јазикот, последно алиби на ВМРО-ДПМНЕ се уставните измени-дали ќе не вратат во јасли или зрело ќе продолжиме напред?! АНА ВАСИЛЕВСКА Поминаа цели 18 години откако на 17 декември 2005 година претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија ѝ додели статус на кандидат за членство во Европската Унија. Доколку погледнеме наназад низ годините, имајќи го сиот почетен…

Read More

Изборите во Србија в недела, на 17 декември, ќе ги следат 5.587 домашни и странски набљудувачи, што е рекорден број контролори на досега одржаните гласања, изјави претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) Владимир Димитријевиќ. Тој за Радио и телевизија на Србија изјави дека ќе бидат отворени 8.273 избирачки места. „Конечните резултати од изборите ќе се знаат до Нова година. Тогаш рокот е 30 дена за формирање на Собрание и 90 дена за формирање на Влада, така што можеме да ја очекуваме напролет“, рече Димитријевиќ.

Read More

Амбасадорска трибина насловена „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Како што соопштуваат од Советот на амбасадори, настанот ќе се одржи во салата „Империјал I“ во Културно – информативниот центар во Скопје. Хенри Кисинџер, американски дипломат, политиколог, геополитички консултант и политичар, почина на 29 ноември годинава на возраст од 100 години. Беше советник за национална безбедност и државен секретар од 1969 до 1977 година во времето на администрацијата на претседателите Ричард Никсон и Џералд  Форд. Беше заговорник на реалолитиката во меѓународните…

Read More

Договорот меѓу Албанија и Италија за ииигрантите е добар пример за решавање на имиграциските прашања, оценува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмото упатено до членовите на унијата нагласувајќи дека договорот меѓу двете земји е „модел“ кој ги почитува меѓународните права, јави abcnews.al. -Во последните месеци бевме сведоци на важни иницијативи промовирани од земјите-членки, како што е оперативниот договор меѓу Италија и Албанија. Тоа е пример засновано на правично споделување на одговорностите со трети земји, во согласност со обврските дефинирани со меѓународното и правото на ЕУ, оценува таа. Смета дека треба да се истражуваат различни форми на…

Read More

„Граѓаните секогаш имаат право да бараат и повеќе и подобро и граѓаните на крајот знаат да споредат. Тие знаат да споредат како некој владеел, и како некој владее. Граѓаните ќе споредат и како функционираат општините кои се сега доминантно во управување од страна на ВМРО – ДПМНЕ. Имате освен 16 општини во државата, сите други се управувани од опозицијата,“ рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 од Брисел Тој се осврна на неостварените ветувања како и дека дека без разлика од која политичка партија е градоначалникот, граѓаните заслужуваат да добијат поддршка од…

Read More

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи упати честитики на Украина и Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија (ЕУ). – Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште малку!, се вели во објавата на министерот Османи на Фејзбук. Лидерите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, одобрија кандидатски статус за Грузија, а преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени…

Read More

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска го продолжуваат дводневниот Самит на Унијата, во чии рамки вчера донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија, и доделија кандидатски статус на Грузија и решија за Босна и Херцеговина да остане условената препорака за почеток на пристапните преговори. – Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, информира вчера претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака…

Read More

СЕФЕР ТАХИРИ На 20 ноември, на денот кога беше натпреварот меѓу Северна Македонија и Англија, во Тирана играа Албанија и Фарските Острови и воедно се одбележа пласманот на албанската држава на Европското првенство во Германија. Вистинска фудбалско –етноромантична еуфорија. Типично за Балканот, каде што на чуден начин се поврзуваат спортот и историјата (политиката). Заедно со мојата сопруга, Арта и нашиот 10 годишен син Дрен, немавме дилема дека ќе одиме да го проследиме натпреварот на Градскиот стадион. Додуша, за волја на вистината, му го исполнивме ветувањето дека ќе може да ги види фудбалерите на Англија. Негов миленик е Белингхам, фудбалерот кој со…

Read More

САД ја поздравија одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија, соопшти Стејт департментот. Тие, исто така, ја поздравија одлуката на ЕУ да и додели на Грузија кандидатски статус за членство во ЕУ. „САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ги поддржиме земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ додека тие продолжуваат со клучните реформи на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на социјалната мрежа Х објави дека Европскиот совет одлучил да отвори пристапни преговори…

Read More

Министерството за образование и наука (МОН) смета дека е непотребно мешањето на политиката во случајот во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка каде дел од родителите на учениците поддржани од жителите и  наставниците ја бојкотираат наставата и бараат МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик. -МОН се заложува за овозможување на правото на образование на мајчин јазик за секој ученик, затоа што тогаш воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен. Во посоченото училиште во Чашка е постапено согласно барањата на дел од жителите во населеното место и имајќи предвид дека сите останати услови се исполнети, а најважно е…

Read More

На почетокот на предновогодишна потрошувачка треска, екипата на „Внимание, внимание“, ги прашува граѓаните дали веруваат во Дедо Мраз. Иако мислењата се поделени, очигледно е дека во Дедо Мраз и во духот на Дедо Мраз не веруваат само децата.  На прашањето „Што сакате Дедо Мраз да и подари на Македонија?“ – граѓаните даваат разни одговори – некои велат мир и спокојство, повеќе среќа за луѓето, благосостојба, секој да може да живее нормално, здравје за сите, правда за Вања, единство, сплотеност, подобро образование, здравство, подобра економија, еднаквост за сите, повеќе велосипедски патеки, повеќе светлина во градовите, нови политичари… На прашањето што…

Read More