Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Првиот состанок на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца („Состанок на коалицијата“), што денеска се одржува денеска во Кијив, го отвори украинскиот претседател Володомир Зеленски. „Времето е исклучително важно. За децата и родителите е важно да бидат заедно, затоа што децата може многу да се променат во текот на една година. Некогаш, дури и само еден ден е потребен. Нашите деца сега се насилно посвоени и се задојуваат со омраза кон Украина“; изјави Зеленски. Примарната цел на состанокот на коалицијата е да се идентификуваат практични чекори за земјите од коалицијата, да ја поддржат Украина во нејзината мисија…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел учествувал на стратешкиот одбор на WBIF (Рамка за инвестиции за Западен Балкан) каде што го презентирал исходот од неколкумесечните координативни напори на институции, што ги раководеше заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што информира Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ се заблагодарил на генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Герт Јан Копман, „за препознавањето на најголемата важност од спојувањето на процесот на конкретни резултати и реформи со унапредувањето во нашиот преговарачки процес“. -Предложениот План за раст за Западен Балкан е промена на играта што ни недостигаше долго…
Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), водечка светска организација за одбрана на правата на новинарите, објави дека од почетокот на годината се убиени 94 медиумски работници, повеќето од нив во конфликтот меѓу Израел и Хамас, додека речиси 400 од нив се затворени. ИФЈ наведува дека 68 новинари, од кои повеќето Палестинци, биле убиени додека известувале за конфликтот во Газа, што статистички претставува повеќе од еден дневно и 72 отсто од вкупниот број смртни случаи во медиумите оваа година. „Војната Израел-Хамас е посмртоносна за новинарите од кој било друг поединечен конфликт откако ИФЈ почна да води евиденција во 1990 година“, наведува групата.…
Основното јавно обвинителство Прилеп покренало постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „полово вознемирување“ од член 190-а, „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 и „демнење“ од член 144-а став 1 од Кривичниот законик. -Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо со кои се заканувал дека ќе нападне врз животот на основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и да ја исплаши, а врз основа на пол, личен, семеен и…
Првиот состанок на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца („Состанок на коалицијата“), кој се одржува денеска во Кијив, има за цел да се надоврзе на заложбите ветени на состанокот на советниците за национална безбедност и надворешна политика во Малта, за формирање меѓународна коалиција на нациите посветени на олеснување на враќањето на украинските деца, кои биле депортирани или насилно раселени во Руската Федерација, од привремено окупираните територии на Украина. Овој важен меѓународен настан ќе го отвори претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а учествуваат голем број познати политичари, лидери на меѓународни организации и институции, како и познати личности. Претставници…
Доаѓаме до точка од која нема враќање во Газа, каде што очигледното непочитување на меѓународното хуманитарно право ја корумпира нашата колективна свест, предупреди денеска агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, УНРВА. „Во тек е уште еден бран на раселување, а хуманитарна катастрофа е веднаш зад аголот. Илјадници Палестинци се преселија во сè потесната Рафа, очајни за храна, вода, засолниште – молат за совет каде да најдат безбедност“, предупредува УНРВА. Генералниот комесар Филипе Лазарини побара дополнителни средства. Државите мора да најдат политичка волја да стават крај на оваа трагедија. Ако не дејствуваме сега и не го запреме масакрот, тоа засекогаш…
Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Булшитерите што имитираат конзервативност се најчесто празноглави и нечесни дрдорковци со „поткасти“, квазимедиуми, па и напикани по легитимни медиуми, немајќи поим од колективна одговорност, од колективно чувство, не разбирајќи ги симболите на оваа земја како симболи, а не ѕвечки, со црна крпа преку очи на сѐ што значи култура, уметност, значење на минатото на земјата на која стојат – нешто си рецитираат, па си пеат, па си веат таму, се дразнат со црно-црвени, жолто-црвени боички… Сите сме заедно овде, во нашите граници на територија како рој во кошница. Сите осуди и гордости што си ги довикнуваме квалификувајќи…
Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград. -На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност, напиша синоќа Лајчак на платформата Х (Твитер). Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.
Пишува: НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ Пред дваесетина години интензивно читав теориски книги за културата и културните политики. Тогаш и преку невладиниот сектор, мала група луѓе околу здружението Контрапункт и културниот центар Точка, се обидувавме да влијаеме на донесувањето на овдешните културни стратегии. Главни советници ни беа Милена Драгичевиќ Шешиќ, Вјеран Катунариќ и Сањин Драгојевиќ. Вјеран и Сањин починаа, последнава година. Тие беа дел од луѓето кои во тоа време ја создадоа одличната, инспиративна хрватска стратегија за културен развој. Поттикнат од смртта на двајцата пријатели и сјајни теоретичари на културата, по фолдерите најдов некои свои белешки, од тоа време, под наслов „Што е…
Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, се расветли во целост. Полицијата професионално и експресно ја заврши работата. Македонската јавност не памети, ваков бескрупулозен случај, да има ваква ефикасна истрага и кривичниот прогон да заврши во така краток период. За неполни 7 дена беа откриени извршителите и начинот на извршување на злосторството. Полицијата го откри идентитетот на сите вмешани во случајот, ги обезбеди сите инволвирани и помагачи на грабнувањето и двојното убиство. Криминалното гнездо како што го нарече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше разбиено, акцијата на полицијата…
Успешната завршница на скрининг процесот и Планот на ЕУ за раст на Западниот Балкан беа во фокусот на разговорите во Брисел на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (НЕАР), Герт Јан Копман. Маричиќ и Копман на синоќешната средба оценија дека Планот за раст претставува премостлива фаза од крајот на скринингот до отворањето на Кластерот 1, преку инвестиции и реализација на реформи, со кои граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од ЕУ и ќе ја приспособат државата за полноправно членство во Унијата. Како што јави дописникот на…
Од 9 часот утрово, силите на украинската воздушна одбрана уништија 14 од 19 крстосувачки ракети Kh-101 / Kh-555 во регионите Днепро и Кијив, соопштија од воздухопловните сили на Украина на Телеграма, пренесува Укринформ. „На 8 декември 2023 година, околу 06:00 часот, непријателот ги погоди стратешките бомбардери Ту-95МС со крстосувачки ракети Kh-101 / Kh-555. Беа вклучени вкупно седум авиони од регионот на Саратов, кои истрелаа 19 крстосувачки ракети лансирани од воздух“, се вели во соопштението.. Некои од непријателските проектили биле насочени кон инфраструктурни објекти во регионот Днепро. Друга група, откако стигна до Днепро, го смени правецот кон Кијив, се наведува во соопштението. Украинската…