Author: Ана Василевска

Арапските и исламските земји повикаа денеска да се гласа за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа со цел да се достави хуманитарна помош. Предложената резолуција е одговор на писмото испратено од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш до Советот за безбедност во средата, во кое предупредува на претстојната „хуманитарна катастрофа“ во Газа и ги повикува 15-те членки на телото да гласаат за прекин на огнот заради испорака на хуманитарна помош и ослободување на заложниците. Нацрт-резолуцијата е поднесена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои се арапски претставник во СБ…

Read More

Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“. „Воодушевен сум што ја примам наградата за најдобар филм на годинешното издание на „Dances with films“ во Њујорк. Претставуваше голема чест и уникатно искуство да се биде дел од официјалната селекција на овој исклучителен фестивал, со креативни и бескомпромисни филмски автори, на настан што прерасна во двигател на американскиот и интернационален филмски дух“, вели режисерот Вардан Тозија, кој во Њујорк лично ја прими наградата. Фимот „М“ на овој фестивал ја имаше американската премиера. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу „десетте…

Read More

Советот на ЕУ и Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа договор за предложените реформи на Статутот на Судот на правдата на Унијата, чија цел е да се подобри начинот на негово функционирање во услови кога тој се соочува со постојан пораст на бројот на тужби, од кои некои се однесуваат и на сложени и чувствителни прашања, јави дописникот на МИА од Брисел. Според Европскиот совет, овие нови измени на Статутот ќе му овозможат на Судот на правдата поголема ефикасност во работењето преку искористување на претходната судска реформа со која беше зголемен бројот на судии во Општиот суд. Општиот суд е составен…

Read More

Во пресрет на великиот црковен и државен празник – Денот на св. Климент Охридски, синоќа во „Музејот на македонската борба за самостојност“ се одржа свечена академија. На Академијата слова произнесоа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, м-р Даријан Сотировски. Свеченото слово, пак, посветено на поетиката на светиот Климент, го произнесе истакнатиот лингвист, проф. д-р Димитар Пандев, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Академијата беше разубавена со…

Read More

 Истражувањето нарачано од Европскиот парламент во пресрет на претстојните европски избори покажа дека повеќе од 70 отсто од граѓаните сметаат дека „членството на нивната земја во ЕУ е корисно“. Испитаниците наведоа бројни причини, но најчеста причина е тоа што ЕУ го одржува мирот и ја подобрува соработката меѓу земјите. „Резултатите од истражувањето покажаа дека имиџот на ЕУ меѓу граѓаните е стабилен од март 2023 година со 45 отсто од оние кои имаат позитивен имиџ, 38 отсто имаат неутрален став, а 16 отсто имаат негативен став“, се наведува во заклучокот на денеска објавениот извештај. Кога станува збор за нивниот интерес за…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерството за правда, претходно информира дека постапката за екстрадиција е започната и побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката. Во постапката, како што појасни МП, треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција и сите документи да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција), по што барањето се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат…

Read More

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска истакна дека водењето на политика, која поттикнува етничка омраза е опасно, особено за мултиетничка држава како Северна Македонија, а особено лоша пракса е на трагедиите, како последната со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да им се дава етничка конотација и на жртвите, но и на сторителите. Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава Тој денеска на маргините на Отворениот форум за антикорупција, одговарајќи на новинарски прашања да даде порака до јавноста истакна дека станува збор за трагедија…

Read More

Украинската амбасадорка, Лариса Дир на  X им го честита Денот на Вооружените Сили на Украина. „Секој ден се заблагодаруваме за животот, Независноста, заштитата, силата, самопожртвуваноста, храброста, нескршливоста. Победа на славните Вооружени Сили на Украина, порача Дир.“

Read More

Вицепремиерката задолжена за добри политики на владеење Славица Грковска денеска во врска со ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД изјави дека главната обврска е секогаш на домашните институции, но оти секоја меѓународна помош е добредојдена. Таа напомена дека веќе се предложени измени во Законот за рестриктивни мерки, кои поминале на Влада, освен санкциите од ЕУ и ОН, да бидат додадени и санкциите на САД. -И претходно сум изјавила дека главната обврска е на домашните институции, но секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер е добредојдена и очекувам…

Read More

„Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што сум убеден дека ќе успееме, заедно со граѓаните демократи“ напиша на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Брисел. Тој во Брисел учествуваше на семинар на тема: „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ во организација на пратеничката група Социјалисти и демократи од Европскиот Парламент. „Денеска од Брисел порачуваме дека прогресивната агенда е неопходна за проширувањето на ЕУ. Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира европската интеграција, како за Северна Македонија така и за земјите од Западен Балкан“ порача…

Read More

Италијанската влада попладнево го одобри договорот што на 6 ноември во Рим го потпишаа премиерите Џорџија Мелони и Еди Рама. По одобрувањето од италијанската влада, нацртот ќе оди на одобрување во Парламентот. Советот на Европската унија ќе го повика Косово да стори повеќе на полето на владеењето на правото, како и во борбата против корупцијата и организираниот криминал, а ќе го поздрави стапувањето во сила на визната либерализација за граѓаните на Косово од 1 јануари наредната година. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. АЛБАНИЈА  Телеграфи:…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „нема да биде диктатор доколку се врати на власт во 2025 година, освен првиот ден“. Тој го кажа ова за Фокс њуз, на прашањето дали ќе возврати ако се врати во Овалната соба. Како што објасни, тој ќе биде диктатор, пред се во однос на затворањето на границата. „Покрај тоа, јас не сум диктатор“, рече Трамп. За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека Трамп доколку се врати на власт, ќе биде диктатор и дека ќе се осветува на неистомислениците. За време на интервјуто, Трамп го критикуваше специјалниот американски советник за климата…

Read More