Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Многу дезинформации, лажни вести, шпекулации, полувистини, теории на заговор се проширија за исчезнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Покрај дезинформациите, одредени лица се обидоа од оваа трагедија да продуцираат етнички тензии во општеството и да добијат политички поени. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги негираше информациите пласирани во јавноста, првично од сопственикот на порталот Дудинка, Миленко Неделковски, кој доцна синоќа изнесе низа (дез)информации за убиството на малолетното девојче, односно дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ. „Апсолутна лага е дека полицијата не постапувала и не го обелодени случајот порано поради самитот…
Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер порача дека Австрија инсистира на забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, со цел да се обезбеди стабилност на регионот и негова заштита од странско влијание. – Забрзувањето на пристапните преговори со земјите од Западен Балкан е јасен приоритет за мене пред да зборуваме за други можни членства, изјави Танер за време на посетата на Босна и Херцеговина. Според неа, во услови на кризи во светот ЕУ „не смее да го изгуби од вид своето непосредно соседство“. – Западниот Балкан, а особено Босна и Херцеговина, се важен партнер за…
Португалија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат, објави португалскиот премиер Антонио Коста на платформата Икс. – Се сретнав со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје, каде можев да посведочам на силната посветеност на Северна Македонија на процесот на пристапување кон ЕУ во овој предизвикувачки геополитички контекст. Му порачав дека Португалија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат, наведе Коста во објавата, по неговата вчерашна посета на Скопје. Неговиот Кабинет соопшти дека Коста за време на посетата на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора претходните два дена ја истакнал поддршката на Португалија на…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ На мојот политички свет влијаеше најпрво стравот што го чувствував за време на моето растење и преживување во средини во кои се затекнував сам, без никој, со својот спортски „талент“. Потоа, дополнително, знаев дека во мојата земја има сиромаштија, беспарица и многу национализам. Следствено на тоа и недостаток на слобода во секоја смисла. Последново е мотивот зошто влегов во политика: стеснетоста ми сметаше, просторите на слобода ми беа мали, клаустофобични, сакав уште повеќе слобода, екстравагантност, индивидуалност од секаква (не)возможна смисла… Знаев дека има и такви кои се опљачкани, силувани и прогонети, сите оние луѓе кои заради националистичките…
Под драконски безбедносни мерки се очекува да биде Атина в четврток поради посетата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и одржувањето на Високиот совет за соработка, а според грчките медиуми се очекува да бидат ангажирани над три илјади полицајци, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави дека во надлежното Министерство за заштита на граѓаните секојдневно се одржуваат состаноци за безбедносните мерки, што вклучуваат дронови, хеликоптери, снајперисти, а мобилизирани се 3.500 полицајци. Турскиот претседател в четврток ќе биде во Атина за да учествува на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, а предвидено е да биде…
Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите, како што информираат утрово од Царинската управа, се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство. -На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две товарни возила со цистерни коишто се пријавиле за транзит. Испраќач на стоката е фирма од Албанија, а примач фирма од Република Северна Македонија. Поради сомневање во поднесената документација и видот на декларираната стока товарните моторни возила се задржани за понатамошна контрола. Притоа земени се и мостри…
Актерката вели дека жали што ја „намалила“ долгата историја на антисемитизмот во нејзините изјави на митинг минатиот месец, што доведе до тоа нејзините агенти да ја отфрлат. Добитничката на Оскар, Сузан Сарандон, се извини за нејзините контроверзни коментари на пропалестинскиот митинг минатиот месец. Минатиот месец објавивме дека холивудската ѕвезда, чии заслуги ги вклучуваат The Rocky Horror Picture Show, Thelma & Louise и Dead Man Walking, одржа говор на протестот во Њујорк среде тековниот конфликт меѓу Хамас и Израел. Нејзината агенција за таленти UTA ја отфрли откако таа ги даде следниве коментари: „Има многу луѓе кои се плашат, кои се плашат…
Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165…
Лидерите на парламентарните политички партии на средба во Собранието се договорија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај. Според пропишаните рокови изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28 јануари. Имајќи предвид дека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори би се случиле на 8 мај, согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, а конститутивната седница на Собранието 20 дена подоцна…
Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. „Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА. БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во Северна Македонија за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец. Информацијата дека осомничениот за убиството Љупчо Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР информира дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. – Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и…
Белата куќа денеска го предупреди американскиот Конгрес дека итно треба да одобри испраќање воена и економска помош за Украина во вредност од десетици милијарди долари, наведувајќи дека во спротивно може да бидат загрозени напорите на Киев да се брани од руската инвазија. Во писмото до лидерите на двата дома на Конгресот, Претставничкиот дом и Сенатот, директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа Шаланда Јанг предупреди дека САД ќе останат без средства за испраќање оружје и помош за Украина. Јанг изјави дека САД веќе останале без пари што ги користеле за поддршка на украинската економија и додаде дека…