Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој Владата го усвои во вторникот, содржи 26 мерки со кои се обезбедува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани и компании за полесно да ги надминат потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза, се вели во соопштението проследено од кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Една од мерките е издавањето на зелена обврзница во износ од 10 милиони евра во денарска противвредност, односно зајакнување на кредитната линија…
Советот на Европа (ЕК) во Извештајот за Косово, на чиј крај даде голем број препораки за подобрување на состојбите во различни области, побара од институциите на Република Косово да се воздржат од користење на специјалните сили на косовската полиција за секојдневните задачи на северот. Министерот за внатрешни работи на Албанија Таулант Бала соопшти дека во последните 72 часа се уапсени и кривично гонети 72 лица во рамки на операциите „Храм“ и „Владеење на правото“. Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Епока е Ре…
Граѓаните во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ, посочи денеска во своето обраќање претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Како што потенцираше, Организацијата ја препознава непоколебливата посветеност на Северна Македонија кон изнаоѓање решенија за создавање мир и стабилност. Таа потенцираше дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион. -Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи…
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на својата веб страница ја објави Архивата на фестивалот, каде што може да се видат сите податоци од почетокот до последната година од фестивалот. „За да знаеме каде сакаме да стигнеме, треба да знаеме како се изнедрил фестивалот, како се хранел со години, како се качувал или паѓал. Затоа ги чуваме и ги споделуваме спомените и фактите за 57. години на фестивалот. Горди сме на фестивалската архива“, истакнуваат организаторите на фестивалот. Податоците од архивата на фестивалот се прикажани хронолошки, каде може да се најдат сите евидентирани податоци за фестивалот во соодветната година. Податоците за одиграните претстави и доделените награди…
Магазинот Политико објави листа на највлијателни луѓе во Европа. Како и претходните години има три категории – сонувачи, попречувачи и работници. Во 2023 година за највлијателна личност во Европа е избран опозицискиот лидер и најверојатно новиот премиер на Полска, Доналд Туск, кој Политико го опишува како „ветер на промени“. Според Политико, враќањето на Туск на власт може позитивно да влијае на влошените односите на Полска со Германија и Франција, додека тоа „може тешко да му падне на унгарскиот премиер Виктор Орбан“, бидејќи тој би изгубил еден од своите најважни партнери. За „извршител број 1“ на листата на Политико е италијанската…
Заедничка кородинација на владите на Северна Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас, била договорена на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешик Бектеши со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. Тема на состанокот на кој присуствувале и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, како што соопшти Министерството за економија, била таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија. Двајцата министри разговарале за следните чекори кои…
Овој настан е кулминација на нашето претседавање со ОБСЕ, кое и во редовни околности не е лесен ангажман. Но кога во декември 2020 година со консензус ни беше доделена честа да управуваме со најголемата регионална и безбедносна организација, тешко кој можеше да предвиди дека пред нас ќе имаме вакви турбуленции и предизвици во регионот на ОБСЕ и пошироко, како во поглед на тешкиот геополитички контекст и ескалацијата на безбедносните предизвици, така и во однос на функционалноста и иднината на самата Организација, изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.…
Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање го отвори 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Скопје. На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и актуелен Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит. Во рамки на Министерскиот совет ќе биде потпишана Декларација за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација од страна на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Бујар Османи, Ивица Дачиќ, Елмедин Конаковиќ, Филип Ивановиќ…
Евреин кој избегал од нацистичка Германија со своето семејство во неговите тинејџерски години, Кисинџер во неговите подоцнежни години негувал углед на почитуван државник, држејќи говори, нудејќи совети и на републиканците и на демократите и управувајќи со глобален консултантски бизнис. Тој се појави во Белата куќа на претседателот Доналд Трамп во повеќе наврати. Кисинџер изврши невообичаено влијание врз глобалните работи за време на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд, заработувајќи и клевети , и Нобеловата награда за мир. Тој беше осудуван затоа што одобрил телефонски прислушкувања на новинари и на неговиот персонал во Националниот совет за безбедност да го затворат протекувањето…
На еден од највисоките функционери на мрачниот режим со седиште во Кремљ, кој води геноцидна војна против соседна држава, независна и суверена Украина, му беше дозволено да дојде во главниот град на Северна Македонија за да учествува на самитот на ОБСЕ . ЦИВИЛ изразува најостар протест против доаѓањето на министерот за надворешни работи на руската федерација, Сергеј Лавров и му порачува дека НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН! ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, секогаш е на страната на правдата и слободата и се бори против сите форми на агресија, угнетување и кршење на човековите права и слободи. Поаѓајќи од…
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. „Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.“, се вели…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Последните три години, пандемијата со Корона вирусот како и војната во Украина, вклучително инфлаторната и економската криза, доведе до тоа државите силно да ги поддржат граѓаните ширум светот. Се проценува дека е потрошено (на светско ниво) 19/20 % од глобалниот бруто домашен производ (БДП) за да се ублажат или намалат социо-економските последици од кризата. Се смета дека за 50 пати повеќе поголема е помошта на државата кон граѓаните зафатени од економската криза во 2008 година. Ни нашата држава не заостанува во овој поглед: короната, војната во Украина, инфалторната и енергетската криза во светот, ја алармираше и Владата на…