Author: Ана Василевска

Европската комисија денеска одлучи да ја даде Бугарија на Судот за правдата на Европската Унија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата на ЕУ за правата на жртвите, со барање на земјата да и бидат изречени финансиски санкции. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно одредбите од Директивата за правата на жртвите, земјите членки на ЕУ требаше да ги усогласат своите национални законодавства со неа најдоцна до 16 ноември 2015 година. Во јануари 2016 година, Еврокомисијата испрати писмо со формално известување до Бугарија дека не се усогласила со Директивата. По бројните размени на дописи со бугарските власти и…

Read More

Обединетите нации разгледуваат начини за евакуација на пациентите од болницата Ал Шифа во Газа, но опциите се ограничени поради безбедносни и логистички пречки, изјави денеска Рик Бренан, висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО). -Една пречка е што палестинската Црвена полумесечина нема доволно гориво за амбулантните возила да ги евакуираат пациентите, изјави Бренан за британските медиуми. Тој од Каиро, каде во моментов се наоѓа, кажа дека Египет е подготвен да испрати свои амбулантни возила во Газа, да помогне во евакуација на луѓето, се додека има безбедносни гаранции и безбедно поминување. СЗО верува дека во болницата Ал Шифа има околу 600…

Read More

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски почина денес на 77.годишна возраст. Тој беше роден на 17. јануари 1946 година, во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Актер кој остварил огромен број филмски улоги, а играл во над 60 филмови. Едни од омилените улоги на Јовановски на…

Read More

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска е реизбран за премиер на земјата, откако ја доби поддршката од мнозинството парламентарци. Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската Влада го поддржаа 179 пратеници, а 171 беа против, пренесува шпанскиот весник „Паис“. На гласањето немаше воздржани. Денешното гласање следеше по речиси дводневната дебата меѓу партиските лидери во парламентот, која се фокусираше на контроверзниот договор за амнестија на приврзаниците на каталонската независност, на кој Санчез се согласи во замена за поддршката за реизбор за функцијата премиер на Шпанија.

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Се поставува прашање дали Мицкоски има коалиционен капацитет? Мислам дека прашањето или дилемата е погрешна. Прашањето кое треба да се постави е следно: дали Мицкоски знае да препознае дека нема демократски капацитет во своите партиски јадра, а потоа ќе биде многу лесно да се отвара дебата околу тоа дали ВМР0-ДПМНЕ има во себе коалиционен капацитет. Во новите и во старите демократии на европскиот континент, екстремната десница (има ли десница која не е екстремна?) е популистичка, авторитарна, ксенофобна, ултра-конзервативна. Таква е нејзината природа, а таа природа не е демократска. Во некои други и поинакви земји, да речеме Русија, Унгарија…

Read More

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека болеста и гладот во Појасот Газа, по неколку неделните израелски напади врз густо населената енклава, „се неизбежни“. Масовните епидемии на заразни болести и глад изгледаат неизбежни, посочи Волкер Турк во Женева по посетата на Блискиот Исток. Во меѓувреме, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања денеска соопшти дека последната мелница во Појасот Газа била уништена во денешниот напад.

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Како што се ближеше месецот во кој сега се наоѓаме, кога на дневен ред во Собранието треба да се најде проширување на Уствот во делот каде се набројуваат малцинствата во земјава, општата нервоза растеше. Во прашање беше доведена иднината на земјата, која требаше да го прифати европскиот предлог за надминување на ситуацијата која ќе значи застој во одот кон Унијата. Сето тоа е познато, како што е веќе изветвен до кинење аргументот на опозицијата да не гласа за тој предлог, која, што е од круцијално значење за народот кој не треба да остане во историскиот ќорсокак. Се работи…

Read More

Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина. Посетата на Камерон во Киев е негово прво патување во странство откако беше назначен за министер за надворешни работи. – Сакав ова да биде моја прва посета … Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред сè воена поддршка што ви е потребна не само оваа година и следната година, туку сè додека е потребно, наведе Камерон на средбата со Зеленски. Украинскиот претседател му се заблагодари на Камерон за неговата посета.…

Read More

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми денеска имал средба со Рене Троказ, специјален пратеник за Западен Балкан и Матје Абграл, надлежен за Северна Македонија и Црна Гора и за безбедносни прашања на Западен Балкан во француското Министерство за Европа и за надворешни работи, во придружба на францускиот амбасадор во нашата земја Сирил Бомгартнер. На средбата, соопштија од собраниската Комисија, Адеми информирал за актуелните случувања во земјата и можостите за уставни промени, за внесување на Бугарската заедница во нашиот Устав, со цел да продолжи процесот на преговори со ЕУ. – Осврнувајќи се на напредокот на нашата земја кон…

Read More

Шефот на ОН за човекови права Волкер Турк денеска ги осуди сериозните наводи за кршење на меѓународното право во конфликтот меѓу Израел и Хамас, укажувајќи дека е потребна меѓународна истрага. „Екстремно сериозните обвинувања за повеќекратни и длабоки прекршувања на меѓународното хуманитарно право, кој и да ги изврши, бараат ригорозна истрага и целосна одговорност“, рече Волкер Турк на брифингот за ситуацијата до земјите-членки на ОН. Тој додаде  дека е „потребна меѓународна истрага“.

Read More

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на  Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје, информираат од Министерството за транспорт и врски. Како што истакнуваат, имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект се обезбедни преку Владата на Република Северна Македонија. „Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Новиот…

Read More

ЦИВИЛ во соработка со Општина Чаир организира мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, денес, со почеток во 12 часот, во Општината. Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите. Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, ќе бидат доделени  награди на најуспешните учесници. ЦИВИЛ ќе додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности. Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува…

Read More