Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Две лица се уапсени во Њујорк откако поицијата заплени фалсификувани стоки вредни над милијарда долари, јавија американските медиуми. Обвинителите ја објавија „најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД“ – околу 219.000 лажни чанти, чевли, облека и други предмети. „Запленетите стоки се со проценета малопродажна вредност над милијарда долари, најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД“, рече федералниот обвинител Демијан Вилијамс. Фотографиите објавени од Канцеларијата на американското правобранителство за јужниот округ на Њујорк покажаа магацински простории со лажни дизајнерски чанти,чевли и облека. Од јануари до крајот на октомври, двајцата приведени, Адама Соу (38) и Абдулаи…
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ. – Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа, нагласи Весиќ во изјава за белградски медиуми. Тој изјави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.
Нашата одговорност денеска е да продолжиме со поддршка на патот на останатите земји аспиранти од регионот кон европската и евроатланската перспектива и да обезбедиме недвосмислена насока во развојот на поцврста безбедносна и одбранбена интеракција, оспособена да одговори на новите предизвици што се надвиснуваат над нашиот регион и пошироко, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска. На денешното отворање на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД – Јадранската повелба, што се одржува во Скопје, министерката Петровска истакна дека во изминатите две децении, како што рече, повелбата се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки. – Со овој дух мора да…
Билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Северна Македонија и други актуелни случувања во земјата, беа во фокусот на средбата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со шефицата на романската дипломатија Луминица Одобеску, која е во работна посета на Северна Македонија. Како што соопшти СЕП, Маричиќ ја истакнал важноста на пријателската соработка и долгогодишната поддршка од страна на Романија која и ја дава на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Поддршката е фокусирана во соработката која се реализира во повеќе сфери, меѓу кои борбата со корупцијата, правосудството, сајбер безбедноста, внатрешните работи и цивилната заштита. На состанокот…
Независно како ќе одржат бидат изборите, дали ќе бидат споени или не, ние сме во последните недели од политичкиот мандатот на оваа Влада. Така што, прашања во врска со излегување, влегување од Владата веќе не се релевантни, вели шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи. Прашан дали е можно Владата да го изгуби мнозинството во Собранието со оглед на вчерашната изјава на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари дека е можно да излезат од владеачката коалиција поради неусвојувањето на Законот за амнестија, Османи вели дека имат добра соработка во Владата со министрите на АА. -Со Алијанса имаме…
Промоцијата на сликовницата “Лефти и Рајти си најдоа дом”, од авторката Наташа Дукоска, во издание на Чудна Шума, ќе се одржи на 19. ноември, во 13.30 часот во Јавна соба. За подобро претставување на ликовите, организаторите се одлучија да создадат театарска претстава и работилница за деца. Под мотото “во недела во Јавна соба облеките ќе оживеат”, децата ќе имаат можност да ѕирнат во светот на облеките и да ги запознаат главните ликови блузата Лефти и панталоните Рајти. Белата блуза Лефти и панталоните Рајти, ликови од сликовницата, се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од Театар…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска побара „итен прекин на огнот“ во Газа и го повика Израел да го запре „убивањето на Палестинците“. „Бараме од Израел итен прекин на огнот и стриктно почитување на меѓународното хуманитарно право кое денес очигледно не се почитува“, рече Санчез во својот инаугуративен говор во Парламентот. Тој подвлече дека не треба да се сомнева дека Шпанија е со Израел кога станува збор за одговорите на терористичкиот напад што оваа земја го претрпе во октомври. „Шпанија, исто така, бара итно ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење Хамас по нападот на 7 октомври. Ние, исто…
Романија била и е поддржувач на пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ. Со оглед на стратешката важност на европската интеграција за иднината на вашата земја, Романија верува дека само преку заедничка заложба и силен национален консензус за потребните реформи, Северна Македонија што поскоро ќе ги донесе потребните одлуки и ќе го забрза патот кон ЕУ, изјави министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Таа упати честитки за, како што рече, извонредните напори што ги прави земјава во изминатите години спроведувајќи тешки реформи. Неодамнешната оценка издадена од ЕК како дел…
Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“. Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го користат еврото како валута, а за следната година на 1,2 отсто од 1,3 отсто, објави денеска Европската комисија во својот есенски економски извештај – ревидирани се бројките од претходната прогноза од септември. Иако растот на цените е најнизок во последните две години, растот на потрошувачките…
Jа информираме јавноста дека денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, почина нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ, соопшти неговото семејство. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана – изјави во име на семејството неговата ќерка Анита Лаушевиќ. Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, а бил член на Југословенскиот драмски театар. Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во продукцијата „Прогон“. Во своето богато уметничко творештво има голем број филмови, серии и театарски дела и неколку книги.
Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во објава на Икс наведе седум примери како Русија ги прекршила меѓународните договори постигнати како резултат на преговорите во претходните 30 години Русија За оние кои ги пропуштија претходните 30 години, еве краток список на резултатите од преговорите со Русија кои таа никогаш не ги почитуваше, напиша Кулеба по што наведе седум примери кога Русија ги прекршила меѓународните договори: 1. Меморандумот од Будимпешта од 1994 година. Русија се согласи да „ги почитува независноста, суверенитетот и постојните граници на Украина“, како и „да се воздржи од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет…
Управниот комитет на COST (Европска соработка за наука и технологија) – организација за научно-технолошко вмрежување во Европа, денеска во Скопје одржува годишен состанок во чии рамки ќе има и работилница за новата 10. Рамковна програма на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“. Состанокот, на кој присуствува и директорот на COST-програмата, Роналд Де Бруин, го отворија вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Маричиќ ја истакна важноста на учеството на Северна Македонија во СОЅТ и укажа дека треба да бараме можности за воспоставување солидна соработка меѓу научниците и институциите. -Како земја која преговара…