Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Изборите бараат рамен терен за натпревар, прашањето на датумот не треба да се политизира

0
By Ана Василевска on November 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2023 15:27

Независно како ќе одржат бидат изборите, дали ќе бидат споени или не, ние сме во последните недели од политичкиот мандатот на оваа Влада. Така што, прашања во врска со излегување, влегување од Владата веќе не се релевантни, вели шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи.

Прашан дали е можно Владата да го изгуби мнозинството во Собранието со оглед на вчерашната изјава на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари дека е можно да излезат од владеачката коалиција поради неусвојувањето на Законот за амнестија, Османи вели дека имат добра соработка во Владата со министрите на АА.

-Со Алијанса имаме добра соработка на ниво на Влада, со министрите апсолутно немаме никакви разлики по однос на работата што ја вршиме, имаме одлична комуникација, рече Османи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску која престојува во работна посета на Северна Македонија.

Во однос на датумот за изборите, ова прашање според него, бара консензус од сите политички актери и не треба да се политизира.

-По однос на изборите реков, ова не е прашање што кој било треба да го наметне на друг. Ако има едно прашање на кое што сите треба да бидат задоволни тоа се изборите. Бидејќи изборите бараат рамен терен за натпревар. Не може да фаворизирате која било страна. Затоа кај нас има т.н. Пржинска влада во која што влегува опозицијата со двајца министри, тројца заменици-министри, поднесува оставка актуелниот премиер за да се овозможи рамен терен за избори. И датум за избори мислам дека е дел од тој рамен терен. Ние ќе се обидеме неоптоварени да аргументираме која варијанта е подобра. Јас реков и вчера ако зборувам како ДУИ внатрешните анкети ни покажуваат дека во која било варијанта ние сме убедливи победници во албанскиот политички блок, така што тоа нема да ни влијае нам како партија. Тоа што треба да пресметаме е како ќе влијае на институциите, како ќе влијае на трошоците, на другите финансиско – логистички прашања и мислам дека тој разговор не треба да биде премногу политизиран. Треба да седнеме секој да си го каже својот став да видиме кога е најдобро. Дали две недели порано или покасно мислам дека не игра улога за ниту една политичка партија, рече Османи.

Прашан во однос на техничкиот премиер тој посочи дека ќе биде предложен од ДУИ, а кој би бил нивен избор за тоа ќе одлучат партиските тела најдоцна до првата половина на декември.

-Не можам да соопштам име бидејќи треба органите на партијата тоа претходно да го одлучат, па да го предложат до коалиционите партнери. Така што има неколку филтри низ коишто се поминува, меѓутоа остануваме на политичкиот договор дека премиерот во последните 100 дена ќе биде предложен од страна на ДУИ. Мислам дека би требало до крајот на ноември, максимум прва половина на декември, рече Османи.

Бујар Османи избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.