Author: Ана Василевска

Досега не видовме вистинска волја од страна на рускиот претседател Владимир Путин да преговара за прифатливо решение за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешната средба со европските министри за одбрана во Брисел. Според него, потребно е Путин да се убеди себеси дека нема да победи на бојното поле. – Веројатноста за постигнување прифатлив и преговарачки исход се зголемува со обезбедувањето поголема воена поддршка за Украина. Војните се непредвидливи, никој не може да каже кога и како ќе заврши оваа војна, рече Столтенберг. Тој додаде дека „самата Украина оценува кои се прифатливите услови за почеток на преговори…

Read More

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони на панел дискусијата  „Градење економска соработка во тешки времиња“ на 20-от Виенски економски форум, истакна дека новиот геополитички контекст е нов поттик во проширувањето. – Овој нов поттик е всушност можност за Западен Балкан и тоа е можност да се надминат тешкотиите, ветата, бавноста со која се соочувавме во изминативе неколку години. Ова не е лесно. Тука има геополитички поттик, но овој поттик ќе влијае  врз целиот процес на проширување и сметам дека треба да ја искористиме оваа можност, истакна Џентилони. Тој потсети дека ефектите од глобалните случувања се чувствуваат низ целиот свет. -Европската економија…

Read More

Една од главните забелешка во Извештајот на Европската комисија за напредок на Северна Македонија во 2023 година се однесува на заканите од дезинформаци, хибридните напади и странско влијание во македонскиот медиумски простор. Комисијата констатира дека сегашните мерки за борба против дезинформации не се многу ефикасни. и треба да се подобри разбирањето на јавноста за ризиците од дезинформации, како и вештините за медиумска писменост во општеството. Понатаму, во Извештајот се нотира „пораст на закани од дезинформации“, особено во делот на онлајн медиумите, и забележува отсуство на конкретен закон за регулација на онлајн медиумите и дека има промена на пазарот за дигитално за рекламирање,…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ За жал, годишнината од ослободувањето на Скопје, која се совпаѓа со двете години од мандатот на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, скопјани ја одбежуваат со горчина заради серијата неисполнети ветувања кои требаше да ја променат сликата на градот. Така зборуваше Арсовска во нејзината предизборна кампања. За жал, годишнината од ослободувањето на Скопје, која се совпаѓа со двете години од мандатот на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, скопјани ја одбежуваат со горчина заради серијата неисполнети ветувања кои требаше да ја променат сликата на градот. Така зборуваше Арсовска во нејзината предизборна кампања. Сликата од пред една година, кога градоначалничката побрза да соопшти…

Read More

Високиот комесар за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, изјави дека договорот постигнат меѓу Албанија и Италија за имигрантите ја зголемува загриженоста за човековите права. – Меморандумот за разбирање иницира голем број важни прашања за влијанието што може да го има неговото спроведување врз правата на бегалците, барателите на азил и имигрантите. Меморандумот создава ад хок екстериторијален режим на азил, кој се карактеризира со многу правни нејаснотии. Во пракса, недостатокот на правна сигурност веројатно ќе ги поткопа гаранциите на човековите права и одговорноста за прекршување на правилата, што ќе резултира со различен третман помеѓу оние чии барања за…

Read More

Советот на ЕУ денеска усвои два прописи со нови правила со кои се овозможува онлајн аплицирање за виза за патување во Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Брисел. – Можноста за аплицирање за Шенген виза преку интернет ќе претставува големо подобрување за граѓаните и за обработката на апликацијата. Тоа ќе го поедностави процесот на аплицирање за патниците и во исто време ќе ги растовари националните администрации, кои ќе можат да одговорат побрзо и поефективно, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ Со новите прописи се предвидува создавање платформа за аплицирање…

Read More

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити. -Веднаш денеска иницирав како министер во Министерството, ќе оди Државен санитарен инспекторат и ќе има и стручна комисија. Нема отсега натаму веќе да има сомненија за ниту еден случај, се ќе решиме до крај како што треба, рече на новинарско прашање Меџити по посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, по повод промоција на нови сензори за мерење гликемија. Бебето било родено во болницата…

Read More

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг заедно со групата „Пријатели на Западен Балкан“ покренаа иницијатива чија цел е да го намали влијанието на Кина и Русија во Југоисточна Европа и поблиску да ги поврзе балканските земји со Европската унија. Иницијативата треба да биде корисна за двете страни. Тоа треба да им овозможи на земјите кандидати за членство во ЕУ погласно да ги артикулираат своите барања, а во исто време да развијат поголема солидарност и европско единство во надворешно-политичките прашања, што, според австриски медиуми, се уште не е изразено во некои земји, пренесе Бета. На тој начин треба да се…

Read More

Членството во ЕУ нема алтернатива за земјата. Потребно е итно и доследно спроведување на препораките од Извештајот на ЕК за земјава кои се однесуваат на имплементација на клучните реформи, а сите политички чинители во процесот да приоѓаат одговорно, професионално и посветено при спроведувањeто на ЕУ агендата и забрзување на евроинтеграцијата, согласно долгорочните национални интереси на државата и нејзини граѓани, порачуваат од Советот на амбасадори во соопштението по повод Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија за 2023 година. Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори го поздравува нотираниот прогрес во спроведување на скрининг процесот, со одржување на…

Read More

Предвремено родените бебиња во најголемата болница во Газа се завиткуваат во фолија и се ставаат покрај топла вода во очајнички обид да се одржат во живот, предупреди директорот на болницата, додека израелската огнена моќ продолжува да ги удира околните улици и преостанатите резерви на гориво се сушат, оставајќи го објектот неспособен да функционира. Вработените во болницата Ал-Шифа се бореле да ги одржат новороденчињата во живот откако ги снемало залихите на кислород и тие морале рачно да ги преместат бебињата од инкубаторите на неонаталната единица во различен дел од болницата. „Бев со нив пред некое време. Сега се разоткриени, бидејќи ги…

Read More

Роденденот на Скопје  е и роденден на МСУ. Денеска се заокружуваат 53 години од отворањето на објектот на Музејот на современата уметност – Скопје, поточно на  13 ноември, 1970 година, кога на отворањето Блаже Конески меѓудругото изјавил: „ …И така, уште пред да почне да се ѕида оваа зграда, таа беше создавана од невидливите нишки на симпатија и човечка солидарност, како залог за иднината на човештвото. Длабоко е чувството на нашата благодарност спрема сите оние што уште повеќе со дух и срце, отколку со материјалниот придонес, ја создавале оваа зграда и овој дом на уметноста. Длабоко е нашето чувство на…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ    „Слободата не е нешто кое ми го овозможуваш, туку нешто кое не можеш да ми го одземеш“. – Виктор Иванчиќ Убава е оваа либертаријанска мисла на Виктор И., затоа што сите ги гледаме знаците околу нас: се случува нешто големо, масивно, опасно и неизвесно. Се случува нешто за кое неговиот облик до крај не го разбираме, ама го чувствуваме, интуитивно сфаќаме дека носи несигурност и опасност. Војната во Украина не е причина заради тоа, туку еден од симптомите на тоа. Војната во Газа исто така не е причина, туку еден од симптомите на тоа. Од друга страна,…

Read More