Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на амбасадори: Членството во ЕУ нема алтернатива, сите политички чинители одговорно да пристапат кон реформската агендата

0
By Ана Василевска on November 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 13, 2023 13:24

Членството во ЕУ нема алтернатива за земјата. Потребно е итно и доследно спроведување на препораките од Извештајот на ЕК за земјава кои се однесуваат на имплементација на клучните реформи, а сите политички чинители во процесот да приоѓаат одговорно, професионално и посветено при спроведувањeто на ЕУ агендата и забрзување на евроинтеграцијата, согласно долгорочните национални интереси на државата и нејзини граѓани, порачуваат од Советот на амбасадори во соопштението по повод Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија за 2023 година.

Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори го поздравува нотираниот прогрес во спроведување на скрининг процесот, со одржување на сите билатерални скрининг сесии за преговарачките поглавја во рамки на кластерите 1, 2, 3 и 4. Воедно, Советот изразува надеж дека со еднаква динамика ќе се одвива скринингот и за останатите два кластери (5 и 6) до крајот на 2023 година. Советот со изразува задоволство од констацијата на ЕК за вложените напори на Владата, преку издвојување на средства и учество на институциитете и чинители во скринингот, како и за комуникацијата со граѓаните околу придобивките од членството во Унијата. Советот се надева дека земјата ќе продолжи да ги зајакнува преговарачката институционална инфраструктура и координација, паралелно со развојот на експертизата за EУ acquis во националните институции.

Од Советот, наведуваат дека внимателно ги проследуваат и укажувањата од ЕК за потреба од интензивирање на активностите за придвижување напред во преговарачкиот процес преку преземање одлучни чекори за имплементација на ЕУ реформите и воздржување на властите од усвојување на ad hoc мерки, кои не се во согласност со ЕУ acquis и Европските стандарди. Советот, воедно, изразува загриженост по однос на недостатокот од прогрес во функционирањето на институциите и реформите на јавната администрација, како и во владеењето на правото и основните човекови права. Истите се сместени во Кластер 1- Фундаменти на пристапниот процес, согласно Ревидираната преговарачка методологија, на што му се придава големо значење и зајакнат фокус.

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ по повод преземањето на претседавањето со Европската унија од Република Хрватска, информира дека ја примаат со голем ент

-Особена загриженост предизвикува констатираната поларизирана политичка ситуација во Македонија, која негативно влијание врз функционирањето на демократските институции. Пристапните преговори налагаат широк политички консенсус и соработка на власта и опозицијата, изразена низ конструктивна и инклузивна политичка дебата во Парламентот со цел навремено усвојување и брза имплементација на клучните реформски зафати. Длабоката политичката поларизација не оди во прилог на овој процес. Нотираниот недостаток на соработка позиција и опозиција и несоодветното планирање на собранискиот календар, во одредени случаи се наведени како причина за прекумерна, и понекогаш несоодветна употреба на скратената постапка и на „ЕУ знаменце“ при усвојување на законските акти, предизвикува еднаква загриженост како и активната блокада на парламентарната работа од страна на опозицијата. Начинот на усвојување на Кривичниот законик и на законот за изградба на Коридорите VIII и X, се само дел од констатираните случаи на несоодветна употреба на „ЕУ знаменцето“ при усвојување на законската легислатива, а која генерално не се однесува на усогласување со EУ-acquis, посочуваат од Советот на амбасадори.

Оттука, Советот упатува на, како што се наведува, итно и доследно спроведување на препораките од Извештајот кои се однесуваат на имплементација на реформите од третиот круг на „Дијалогот Жан Моне“. За забрзување на процесот на усвојување на ЕУ реформите, потребно е, смета Советот, и “заживување” и интензивирање на активностите на Националниот совет за интеграција во ЕУ.

Советот во реакцијата по повод Извештајот, изразува особена загриженост по однос на констатираните состојби во функционирањето на судството во земјата и доцнењето на усвојувањето на новата Стратегија за реформи во правосудството која има за цел унапредување на работата во судството. Советот при тоа сугерира на итно изготвување, усвојување и имплементација на стратегијата, и унапредување на регулативата и целокупното функционирање на Судскиот совет во насока на зајакнување на неговата транспарентност и независност.

Во контекст на состојбата со корупцијата, Советот изразува загриженост за немањето напредок во борбата против корупцијата која, согласно Извештајот, останува распространета во многу области. Советот упатува, како што се посочува, на итно и доследно спроведување на препораките од Извештајот кои се однесуваат засилени активности во секторите кои се најподложни на корупција преку проценка на ризикот, зајакнато спроведување на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и правилно спроведување на препораките на ГРЕКО и зајакнување на капацитетите на Основното јавно обвинителство за организиран криминал во однос на истрагите, гонењето, правосилните пресуди и извршување, вклучително и конфискацијата на криминално стекнат имот.

Амбасадорскиот совет укажува и на забелешката во Извештајот на ЕК за неусвојувањето на уставните промени во Собранието во врска со внесување на припадниците на одредени народи во Уставот.

-Советот на амбасадори на Македонија смета дека членството во ЕУ нема алтернатива за земјата и не е само од стратешко значење за нас, туку и безбедносно прашање за целиот регион. Оттука, Советот се залага сите политички чинители во процесот да приоѓаат одговорно, професионално и посветено при спроведувањтое на ЕУ агендата и забрзување на евроинтеграцијата, согласно долгорочните национални интереси на државата и нејзини граѓани, стои во соопштението од Советот на амбасадори на С Македонија.

ЕУ интеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.