Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи Дејвид Камерон за министер за надворешни работи на местото на Џејмс Клеверли, кој сега е на чело на Министерството за внатрешни работи по разрешувањето на Суела Браверман. Министерот на финансии Џереми Хант ја задржува својата функција. Сунак ја отстрани Браверман откако ја обвини британската полиција дека е премногу мека кон пропалестинските демонстранти. Разрешувањето на министерката за внатрешни работи е дел од пошироката промена во британската влада. Владејачката Конзервативна партија објасни во изјавата цитирана од ДПА дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина“.
Евакуирани првите албански државјани од Газа, потврди министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, кој соопшти дека 5-те албански државјани се веќе безбедно надвор од зоната на конфликтот и чекаат што поскоро завршување на процедурите за нивно враќање во Албанија. Од над 300 сведоци во судењето на Специјалниот суд, досега се сослушани 35 од нив – Албанци, Срби, меѓународни експерти, поранешни команданти на ОВК и наводни жртви на војната – главно на седници затворени за јавноста, додека денеска се очекува да продолжи сослушувањето на 36-от сведок. Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека на проширен состанок со министрите на земјите од Западен Балкан ќе разговара за неодамна усвоениот извештај на Европската комисија за проширувањето . Тој на новинарите пред министерскиот состанок изјави дека ЕУ покажала колку тој регион и е важен. „Ќе разговараме за неодамнешниот извештај на Комисијата за проширување, ќе инсистираме на потребата од усогласување на политиките бидејќи некои земји не го сторија тоа, а денес ќе има целосна програма2“, рече Борел.
Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман е разрешена од функцијата, откако премиерот Риши Сунак презеде акција по нејзиниот неовластен напис во кој го критикуваше начинот на кој беа контролирани пропалестинските протести, наведува извор од кабинетот на премиерот. Изворот рече дека Сунак „побарал од Суела Браверман да ја напушти Владата и таа прифатила“, јави ДПА. Конзервативната партија смета дека Сунак спроведува поширока реконструкција што „го зајакнува неговиот тим во Владата за да донесе долгорочни одлуки за посветла иднина“. Како што е наведено, разрешувањето на една од водечките фигури од десната страна на партијата може да претставува тешкотии за премиерот, бидејќи…
Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ во интервјуто кај новинарот Александар Станковиќ во емисијата „Во недела во 2“ отворено зборуваше за неговиот критички став кон режимот на Александар Вучиќ, желбата за политичка промена во Србија, нападите кон него низ годините, патот на Србија кон ЕУ, руското влијание во неговата земја, и општествената одговорност на уметниците да ги менуваат нештата. „Кога излезе филмот ‘Убавите села убаво горат’ во 1996 година, тоа беше катарза. Катарза се случи во Србија. Одмаа започнаа да не напаѓаат овие десничарите дека сме предавници, но кога видоа колкава е гледаноста замолчија“ изјави актерот Драган Бјелогрлиќ. Тој…
„Нивниот ментален склоп е ист како тој на Ердоган, како Путин – тие размислуваат империјалистички, дека тоа еднаш што им припаѓало засекогаш останува нивно“ рече Петровски. Со жестока критика кон унгарскиот лидер Виктор Орбан, демократијата во ВМРО-ДПМНЕ, како и коментар кон Никола Груевски и неговата како што вели „најголема грешка“ Христијан Мицкоски, зборуваше Филип Петровски во емисијата „Во Центар“. „Луѓето на Орбан се однесуваат како монарси. Тие кон териториите кои некогаш биле под Австро- Унгарија, односно под унгарскиот дел, се однесуваат како и денес да се под нивна надлежност“ изјави Филип Петровски во емисијата „Во центар“. Тој додаде дека за…
Група членови на СИРИЗА, предводени од двајца актуелни пратеници ја напуштија СИРИЗА, поради несогласувањата со новиот претседател на партијата Стефанос Каселакис, кој од своја страна ги повика да ги вратат пратничките места и говореше за почеток на единство во партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на викендот Централниот комитет на СИРИЗА одржа состанок што помина во клима на несогласувања и високи тонови. Група од 45 членови под името „Чадор“, предводена од поранешниот министер и пратеник Евклидис Цакалотос, соопшти дека ја напушта партијата, велејќи дека со новото раководство идеите на обновената и радикална левица не се вклопуваат во…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Станува очигледно дека Арсовска, всушност, сфатила колку се сериозни последиците доколку не го реализира БРТ, трамвајот на тркала, договорен со Европската банка за обнова и развој, а не дека „ги отстранила пречките за реализација на проектот“. Едноставно за Арсовска станало јасно дека каматите за кредитот „си работат“, односно ЕБОР ќе си го наплати трошокот и „лежарината“ за кредитот, а колку повеќе ќе се одлага, толку повисоки ќе бидат трошоците што на крајот ќе ги платат граѓаните на Северна Македонија, за што градоначалничката на Скопје ќе мораше да се соочи со одговорност за оваа сериозна финансиска последица. „Единствена пречка…
Заменик-шефот на сепаристичката ДНР, Јан Гагин, шефот на движењето во Запорижја „Заедно со Русија“ Владимир Рогов, Спутник (и руската и српската верзија), Политика.рс, се дел од најрелевантните извори кои ги користат одредени македонски медиуми, кој редовно се појавуваат на врвот на листите според објавените содржини кои се дел од наративите на руските пропаганисти. За овие медиуми, руската целосна воена агресија врз Украина, проследена со убиства на цивили, уништување на цивилната инфраструктура, воени злосторства е само „специјална операција“, според вокабуларот на нарачателите од Кремљ, најчесто „виа Београд“. Така, на овие медиуми преку објава на инсинуации, непотврдени и манипулативни информации се настојува…
Демократската партија на Италија, која припаѓа на левицата, бара исклучување на Социјалистичката партија на Албанија од Европската социјалистичка партија. Веста ја објави „Ла Република“, според која, овие поделби меѓу двете леви партии, албанската и италијанската, доаѓаат по договорот на премиерот Еди Рама и неговата колешка Џорџа Мелони за имигрантите. Се известува и дека Демократската партија на Италија ќе побара исклучување на СП од европската социјалистичка групација, на Конгресот во Малага. -Нашите вредности се изневерени. Ќе го поставиме прашањето на конгресот на ПСЕ, кој денес и утре се одржува во Малага, во присуство на сите главни социјалисти на континентот, од шпанскиот…
(Линк до ПРВИОТ ДЕЛ) Во второто продолжение на големото интервју со проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, разговараме за концептот на македонскиот устав, на неговата сеопфатност, во чии рамки успешно се креира рамка за тоа што тој го нарекува граѓанственост, но и за максимално почитување на човековите права и слободи на индивидуално и колективно ниво. Проф. Фрчкоски говори за инкрементализмот како техника во креирањето, пишувањето на уставот и за широчината во решавањето на клучни прашања во едно мултикултурно општество, без да се наметнуваат норми кои може да доведат до гетоизација, па и дестабилизација на државата. Ова интервју на ЦИВИЛ МЕДИА со проф. Фрчкоски…
Северна Македонија постигна многу, важно е да продолжи на патот кон членство во Европската Унија, констатирале на денешната средба во Париз премиерот Димитар Ковачевски и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. Ова е прва средба на премиерот Ковачевски со новоименуваниот помошник државен секретар на САД, О’Брајан, кој стапи на должност минатиот месец. -На средбата, Ковачевски и О’Брајан го реафирмираа значењето на цврстото стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД. Покрај билатералните односи, на средбата се разговараше и за други актуелни теми за регионот и пошироко, соопшти владината прес – служба. Премиерот Ковачевски го запознал помошникот…