Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“ со универзитетските професори Весна Попоска и Владимир Пивоваров. Настанот ќе се емитува на профилите на социјалните мрежи и видео канали на организацијата в четврток, 9 ноември во 12 часот. FB EVENT: ОСЛОБОДИ ГО УМОТ „Ослободи го умот“ е проект за спротивставуавње на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани преку мониторинг, медиумски активности и директна комуникација со граѓанките и граѓаните. Активностите вклучуваат тинк-тенк, медиумски и активистички елементи. Главните цели на проектот се следење, анализа и разобличување на дезинформациите и пропагандата, како и известување и анализи…
Протестите станаа грди бидејќи илјадници се собраа да го покажат своето незадоволство од разговорите за амнестија на премиерот Педро Санчез со каталонските националистички партии. Полицијата втора ноќ се судри со демонстрантите кои се противат на преговорите меѓу шпанската влада и каталонските сепаратистички партии за можна амнестија на илјадниците вклучени во движењето за независност на Каталонија. Владата соопшти дека на собирот синоќа пред портите на националниот штаб на владејачката Социјалистичка партија во Мадрид присуствувале околу 7.000, што е приближно двојно повеќе од бројот на демонстранти кои учествуваа еден ден претходно. Слични протести имаше и во други шпански градови. Шест лица беа…
Далеку од светското внимание, граѓанската војна во Судан во која етничко-африканското племе Масалит се наоѓа под систематски напади од страна на паравоената РСФ и сојузничките милиции, доведува до нов пораст на убиства на цивилите предизвикани од етничка припадност и нови бранови на раселување меѓу милиони луѓе од Картум до Дарфур, интензивирајќи го бегалскиот товар на сиромашните земји на нејзините граници. Фрустрираните хуманитарни работници велат дека светот ја игнорира продлабочената бегалска криза во Судан додека глобалниот фокус се префрла на војната Израел-Хамас. Како што пренесува Сараево Тајмс, околу 10 милиони луѓе во Судан беа принудени да ги напуштат своите домови поради неодамнешните конфликти,…
Португалскиот премиер Антонио Кошта му понуди оставка на претседателот на земјата поради истрагата за наводните неправилности во работењето на владата со договорите за проекти за ископување литиум и т.н. чист водород, објави вчера португалската телевизија СИЦ. -Неколку португалски владини згради беа претресени вчера како дел од истрагата за наводните незаконитости во зделките за литиум и таканаречените зделки за чист водород, соопштија официјални лица, додека локалните медиуми објавија дека две лица блиски до премиерот се приведени. Португалските медиуми објавија дека се приведени најмалку пет лица, меѓу кои и шефот на кабинетот на премиерот Антонио Кошта, Витор Ескари и деловниот консултант Диого…
Основното училиште „Синиша Стоилов“, во Зрновци нема своја веб страна, а фејсбук профилот не е ажуриран од 2022 година, додека пак општината се дави во кал, сепак директорката Слаџана Гаврилова во октомври годинава купила гејмерска столица која чини 9.999 денари. Покрај гејмерската столица на сметка на училиштето испазарила и хибриден брич -Филипс за лице и тело кој чини 6.374 денари, а и смути блендер бело сива боја 1.499 денари. Вкупната набавка заедно со вајрелс маусот е 18.471 денари. Неофицијално како што дознава Градска.мк четирите работи се купени како подарок за роденденот на градоначалникот во знак на балгодарност бидејќи е именувана како…
НАТО ја осуди одлуката на Русија за повлекување од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа и најавија прекин на неговото спроведување како одговор на рускиот потег. – Сојузниците ја осудуваат одлуката на Русија да се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), како и нејзината воена агресија врз Украина што е во спротивност со целите на Договорот, се наведува во соопштението на НАТО. Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, Алијансата оценува дека овој потег на Русија систематски ја поткопа евроатлантската безбедност. – Затоа, како последица на тоа, сојузничките држави членки имаат намера да го…
Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Северна Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор. Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, или биле членови на ДКСК, без оглед на траењето на мандатот, не може да бидат избрани повеќе ниту за претседател, ниту за член на Државната комисија. Секој кандидат за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од…
Оската Русија – Хамас: Испорака на оружје, пропаганда, јавна благодарност и редовни посети на Москва
И покрај јавното декларирање како активен партиципант во борбата против тероризмот, Кремљ одржува блиски врски со терористичките организации со децении, користејќи ги за создавање зони на нестабилност ширум светот. Историјата на официјалните контакти меѓу Кремљ и Хамас датира речиси 20 години. Хамас ја презеде власта во Појасот Газа по палестинските избори во 2006 година (првите избори во палестинската автономија беа одржани во 1996 година). И покрај добриот изборен резултат (Хамас беше 4% пред Фатах), Хамас сепак одлучи да не игра игри на парламентаризам и избра да започне граѓанска војна во Палестина во јуни 2007 година. Како резултат, Хамас ја презеде…
Неточни информации дека Јемен му објавил војна на Израел се појавија и во македонски медиуми. На македонскиот агрегатор за вести time.mk на 31.10.2023 се појави кластер вести „Јемен му објави војна на Израел“ со истоимен наслов на прво место , и содржина во која се тврди: „Јемен е прва арапска земја што му објавува официјално војна на Израел од 1973 година“. И други портали објавија вакви неточни наслови, како на пример: „Јемен се приклучува кон конфликтот Израел-Газа“, или насловот „(Видео) Jeмен неофицијално му објави војна на Израел – Хутите ја превземаа одговорноста за нападите во југот на државата“ . Откако во онлајн медиумите…
Весникот „Волстрит џурнал“ објави дека САД планираат да испратат прецизно наведувана муниција во Израел во вредност од 320 милиони долари. Весникот се повикува на службена преписка од 31 октомври доставена од американската администрација до Конгресот, со која се предвидува испраќање на „спајс“ бомби, прецизна муниција воздух-земја во Израел. Според кореспонденцијата, како дел од договорот, американскиот производител на оружје „Рафаел УСА“ ќе и пренесе муниција на својата израелска матична компанија „Рафаел Адванс Дефенс Системс“. Администрацијата на Џо Бајден ја повикува израелската Влада да дозволи хуманитарен прекин, но продажбата и слична итна воена помош за Израел целосно го поткопуваат овој напор, истакна…
Пред 10 години, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, одметнувајќи се од партијата СДСМ, формира своја партија Граѓанска опција за Македонија или скратено ГРОМ. Логично, претседател на таа партија и ден денеска е самиот Јакимовски, но она што е помалку заборевено е дека меѓу основачите на ГРОМ или од првите денови од нејзиното формирање е Сашо Клековски, аналитичар и долгогодишен извршен директор на МЦМС. На свеченоста по повод формирањето на партијата ГРОМ, токму Клековски е во првиот ред, веднаш до Јакимовски. Осум години подоцна, во 2021 година, Клековски ќе присуствува во штабот на Јакимовски, на изборниот ден кога Јакимовски повторно станува…
Портпаролката на Светската здравствена организација, Карла Драјсдејл изјави дека повеќе од 16 здравствени работници починале на должност во Газа. Таа повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, посочувајќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.