Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 14, 2025 18:02

Гренландско-данската истражувачка Инге Бисгард, словачката иницијатива „Про Монумента – Превентивно одржување на споменици“, реновираната зграда на Градскиот совет на белгискиот град Антверпен, норвешката археолошка програма „Тајните на мразот“, српскиот проект „Ежевата куќарка – Осмислување подобар свет“ и проектот за реставрација на портата „Алкала“ во Мадрид се овогодишни добитници на наградата „Европско наследство/Европа Ностра“

Лауреатите беа прогласени на церемонија во Брисел во присуство на комесарот за меѓугенерациска солидарност, млади, култура и спорт Глен Микалеф. Тие беа избрани меѓу 30 номинирани предлози од 24 земји од Европа.

Инге Бисгард ја доби наградата во категоријата „Шампиони на наследството“. Таа својата кариера ја посвети на зачувување на наследство на Гренланд. Преку пионерска теренска работа и дијалог со заедницата таа работеше на зачувување на традиционалната дрвена архитектура и на наследството од 20 век.

„Про Монумента – Превентивно одржување на споменици“ ја доби наградата во категоријата „Образование, обука и вештини“. Станува збор за словачка иницијатива насочена кон одржливата поддршка на креираното наследство. Преку проверки, обука и ангажирање на јавноста, таа покажува како раната интервенција и стручното одржување можат да ги намалат трошоците и да ги подобрат резултатите од зачувувањето на наследството.

Зградата на Градскиот совет на Антверпен ја доби наградата во категоријата „Зачувување и адаптирање за повторна употреба“. Станува збор за една од најраните ренесансни градби во Северна Европа, со чие реновирање се обезбеди подобрување на јавениот пристап до зградата и на нејзината одржливоста. Станува збор за објект кој е под заштита на УНЕСКО.

Програма за археологија на глечери „Тајните на мразот“ е наградена во категоријата „Истражување“. Тоа е револуционерна програма за истражување и информирање на јавноста во норвешкиот округ Инландет, во чии рамки се документирани над 4.500 глацијални археолошки артефакти, што е околу половина од нивниот вкупен број на глобално ниво.

„Ежевата куќарка – Осмислување подобар свет“ ја доби наградата во категоријата „Граѓанско ангажирање и подигање на свеста“. Станува збор за проект, именуван по детска песна на Бранко Ќопиќ, „Ежевата куќарка“, кој има за цел да промовираа меѓугенерациски дијалог и инклузивност и да поттикне размислување за домот, заедницата и заедничката меморија низ цела Србија и пошироко.

Покрај овие пет награди доделени од стручното жири, со гласовите на околу 10.000 граѓани од цела Европа кои учествуваа во онлајн анкета, наградата во категоријата „Јавен избор“ му е доделена на проектот за реставрација на портата „Алкала“ во Мадрид.

Сите лауреати ќе добијат парична награда од 10.000 евра.

Честитајќи им ги наградите на добитниците, еврокомесарот Микалеф посочи дека тие ја демонстрираат чистата разновидност и богатство на европското културно наследство.

– Срдечно им честитам на сите добитници на изданието за 2025 година за нивните извонредни достигнувања во заштитата и промовирањето на нашето заедничко наследство. Нивните извонредни вештини, иновативни активности и огромна посветеност поставуваат пример за практиките на културното наследство за иднината, рече Микалеф.

Според него, со огромна посветеност професионалци и волонтери покажале како може да се ангажираат заедниците и да се обединуваат луѓе од различно потекло и генерации преку заедничка работа за поголема инклузивност, социјална кохезија, одржливост и подобра иднина во Европа и пошироко.

 

2025 Европски лаурелати Наследство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.