Author: Ана Василевска

Партијата на проевропската молдавска претседателка е прва на локалните избори во стотици градови одржани викендов, но не ја освои градоначалничката функција во најголемите градови, вклучително и главниот град Кишињев, покажуваат прелиминарните изборни резултати објавени денеска. Изборите вчера, на кои се избираа 12.000 локални функционери, вклучително и градоначалникот на Кишињев, беа тест за проевропската политика на претседателката Маја Санду и беа проследени со обвинувања за руско мешање, што Москва ги негира. Владејачката Партија за акција и солидарност (ПАС) на Санду освои повеќе од 40 отсто од гласовите за градоначалници, градски советници и општински и селски совети. Таа ја освои функцијата градоначалник…

Read More

ТОНИ ПОПОВСКИ Времето никогаш не работеше за нас, но сепак работеше и тоа многу продуктивно за одржување на внатре-политички рејтинг на водства од различни политички провиниенции кои не беа подготвени за носење на непопуларни политички одлуки Ако може да се издвои еден заклучок врз основа на кој беа носени стратешки битни политички одлуки, а кој како држава и општество го имаме прескапо платено и сè уште го плаќаме, е дека „Времето работи за нас“. Времето од нашето осамостојување како држава никогаш не работело за нас. Напротив времето и развлекувањето на потребата од навремено правење продуктивни стратешки прилагодувања на околностите дома…

Read More

Палестинците кои изразуваат солидарност со Газа се соочуваат со сериозни последици во Израел, пишува во статија од Си-Ен- Ен. „Полицијата вели дека сите слогани во корист на Газа или против војната значат поддршка на тероризмот… дури и ако кажете дека сте, се разбира, против луѓето да бидат убиени“, вели  Абер Бaкер, адвокат за човекови права кој застапува некои од луѓето кои имаат е уапсен, за Си-Ен-Ен. Израелската полиција соопшти дека до 25 октомври, од почетокот на војната уапсила 110 лица за наводно поттикнување насилство и тероризам, главно преку социјалните мрежи. Од овие апсења, само 17 резултираа со обвиненија. Повеќето луѓе беа…

Read More

„Нашата борба е да влеземе во категорија на наредни членки при првото отварање на портата за нови членки во ЕУ. Безмислосно ќе тече текот на работите. Нема никој ниту да не моли, ниту да не притиска ниту да бара од нас којзнае што. Веќе се утврдени правилата. Преговарачката рамка е таа. Најтешките одлуки веќе се донесени во смисла на уставните промени и идентитетски прашања. Но, дали вреди само затоа што одредена политичка структура смета дека не треба на досегашните 6-7 заедници да имаме уште 4-5 заедници меѓу кои и бугарите во уставот, со што конечно ќе ја затвориме онаа теза…

Read More

На 01.11.2023, во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој се вклучи во живо, побара гостинот Исмет Рамадани да го напушти студиото, а емисијата да се прекине. „ГОСПОДИНЕ РАМАДАНИ, ВЕ МОЛАМ ДА ГО НАПУШТИТЕ СТУДИОТО. ГОСПОДИНЕ РАМАДАНИ, ДА ГО НАПУШТИТЕ СТУДИОТО, ЈА ПРЕКИНУВАМ ЕМИСИЈАТА“ – РЕЧЕ МИРЧЕВСКИ ВО НЕГОВОТО ВКЛУЧУВАЊЕ. По инцидентот, се огласија ЗНМ, ССНМ и СЕММ. „…инцидентот доби загрижувачки пресврт кога директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, интервенираше на телевизија во живо, со барање Рамадани веднаш да го напушти студиото. ЗНМ, ССНМ, СЕММ изразуваат сериозна загриженост во врска со оваа интервенција, бидејќи директно…

Read More

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беше предадена донација од Фондацијата Заев, која се состои од шест мотоцикли за потребите на македонската полиција, соопшти МВР. Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството. -Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со…

Read More

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Пекинг по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово, како и дека Србија целосно ја почитува политиката на Кина, која нема да се промени, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ изјави дека разговорот со Си Џинпинг поминал добро и дека Си навестил дека следната година ќе се обиде да дојде во Србија. Што се однесува до економските односи меѓу Србија и Кина, Брнабиќ изјави дека се многу добри и оти се подобруваат. -Секако дека очекувам нова ера на односи и меѓусебни размени во…

Read More

Министерскиот  годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државава, и по димензии и по суштина, рече министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи, на брифинг со новинарите во СЦ „Борис Трајковски” каде привршуваат подготовките за преадаптација на просторот. Ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ, се очекуваат 1000 гости во делегациите, делегации од САД, Велика Британија и од Русија, иако не се знае дали ќе пристигне МНР на Русија поради затворениот воздушен простор кај нас и во соседните земји. Суштински е најголем настан,…

Read More

Руските сили во изминатите 48 часа гранатаирале станбени објекти и цивилна инфраструктура во неколку региони во Украина. Според известувањата на Укринформ, повредени се 8 цивили во Херсон, осум цивили се повредени и во руски напад на градот Одеса. Руските трупи 23 пати гранатираа седум населени места во пограничните области на регионот Суми. Националниот музеј на уметност на 6 ноември полни 124 години. Русите „му честитаа“ на нашиот архитектонски споменик со проектил кој падна во близина, рече Олех Кипер, гувернер на регионот Одеса чиј административен центар е Одеса, на апликацијата за пораки Телеграм. Осум локални жители на Одеса се повредени, од кои…

Read More

Во Косово за четири дена се регистрирале 471 со претходно илегални регистарски таблички, што значи дека позитивно одговориле на одлуката на косовската влада. Експертот за воена безбедност Деан Џебиќ посочува дека нападот на 24 септември ќе има реприза, и дека манастирот Бањска не е случајно избран, пишуваат косовските медиуми. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес. Инсајдери – Свечла: За четири дена во РКС се регистрирани 471 автомобил со илегални  регистарски таблички КОСОВО Инсајдери – Свечла: За четири дена во РКС се регистрирани 471 автомобил…

Read More

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Анкара се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен, јави Анадолија. Агенцијата информира дека средбата е во тек. Американскиот државен секретар утринава пристигна во Анкара, но локалните медиуми коментираат дека наишол на студен пречек од домаќинот бидејќи Турција не испратила висок функционер да го пречека на аеродромот. Според турските медиуми, ниту еден висок турски функционер не отишол да го пречека американскиот секретар на аеродромот Есенбег каде што слетал неговиот авион. Американскиот државен секретар беше пречекан од заменик-градоначалникот на Анкара и американскиот амбасадор. Ова е првпат Турција да пречека американски секретар без ниту…

Read More

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека поради влошената безбедносна ситуација привремено повлекува дел од персоналот од британската амбасада во Либан, како и сите членови на семејствата на персоналот. Во соопштението на Форин Офисот се наведува дека амбасадата во Либан продолжува да ги извршува основните задачи, вклучително и давање услуги на британските граѓани, јави „Гардијан“. Форин Офисот предупреди дека има постојани судири и воздушни напади во јужен Либан на границата со Израел кои би можеле да ескалираат, што би можело да ги ограничи можностите за излез од Либан. Во соопштението се укажува и дека постои ризик од граѓански немири и…

Read More