Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Поради натпреварот „Триоги Триатлон“ денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје. -Стартно-целната позиција на натпреварот е спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно, информираат од МВР.Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници
Во источниот дел на Сибир беснеат голем број на шумски пожари, што ги засилува силниот ветар, а кои зад себе оставаат стотици изгорени куќи и десетина мртви, соопштија денеска локалните власти. Во околината на Краснојарск се уништени повеќе од 450 куќи, а најмалку пет лица ги загубија животите, соопштија локалните власти. Најмалку 17 лица се повредени, од кои десет се примени во болница. Во целата област е прогласена вонредна состојба. Во една куќа во Кемерово се пронајдени три тела, а во тек е кривична истрага за настанот. Во околината на Омск две лица загинаа, а осум се повредени. Попладнево со…
Здружението за заштита на животни Анима Мунди на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како коњ влече два големи трупци. Од тежината на товарот коњот едвај се движи, се тетерави и удира во оградата. Настанот се одржал во Берово на празникот Ѓурѓовден, а вакво измачување во кое коњите се натпреваруваат во влечење огромни трупци претходно имало и во Сарај, Скопско. Револтирани, членовите на Анима Мунди бараат брза реакција на инспекторите. -Итно да се казни организаторот и сите овие лица на видеото, ова дејствие ги има сите елементи на мачење и малтретирање на животни, го прекршува законот за…
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска предупреди дека последиците од планираниот пакет санкции на Европската унија за руските фосилни горива ќе бидат како „нуклеарна бомба“ за енергетската безбедност и економијата на Унгарија. Сијарто на Фејсбук напиша дека „бриселскиот пакет“ би значел дека цената на горивото ќе скокне на 700 форинти за литар, што е 1,83 евра, а на дизелот на 800 форинти, што е 2,09 евра. Тој нагласи дека Унгарија нема да поддржи ваков пакет санкции, пренесе унгарската агенција МТИ. -Нема да дозволиме Унгарците да ја платат цената на војната, рече Сијарто. Британските медиуми вчера јавија, цитирајќи три неименувани…
Шест проектили го погодија денес украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина. Портпаролот на регионалната управа на Одеса Сергеј Братчук претходно кажа дека регионот на Одеса го погодиле четири проектили, но дека нема жртви. Локалните медиуми известуваат дека во градот се слушаат експлозии, можат да се видат ракети, како и дека е активирана противракетната одбрана на Одеса. 📽️Consequences of Russian bombing of #Odesa today. #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/tTQS2YXEfz — MilitaryLand.net (@Militarylandnet) May 7, 2022
Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, денеска ги повика западните сојузници да и помогнат не само на Украина, туку и на земјите во другите делови на светот да се одбранат од агресијата на автократските власти. Во уводникот на германскиот весник „Ди Велт“, објавен по повод 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, Трас напиша дека меѓународната заедница треба да помогне во одбраната од агресијата и на жителите на другите региони, вклучително и Западен Балкан, Молдавија и Тајван. Британската политичарка кажа дека автократите и потенцијалните агресори ширум светот внимателно ги следат случувањата во Украина и дека затоа е важно да се…
Американската прва дама, Џил Бајден, која за време на престојот во Европа сака да ја покаже поддршката за Украина и земјите кои и помагаат, денеска во Букурешт се сретна со членови на семејствата на украински бегалци од руската инвазија. Во придружба на Кармен Јоханис, сопругата на романскиот претседател, Џил Бајден посети училиште во кое настава следат околу 50 украински ученици. Таа разговараше со неколку деца, а потоа ги слушаше сведоштвата на наставниците и мајките кои и кажаа за тешкотиите на кои биле подложени во Украина. Тие и зборувале и за заедничките напори да се организираат часови за децата бегалци во…
Родителите и учениците од основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, незадоволни од одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето на приватна фирма за утре во 11 часот најавуваат протест. Тие во допис до медиумите, тврдат дека училиштето при донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“, правно ја прекршило законската регулатива и било заобиколено мислењето на родителите. Родителите бараат итно стопирање на градежните активности, раскинување на договорот, враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата. Тие бараат и да се преиспита законската регулатива која што го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да…
Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ, чија четиридневна посета на Украина, не беше најавена од безбедносни причини, ги повика државите да продолжат да ги поддржуваат напорите на истрагата и обвинителството, јави дописникот на МИА. -Запрепастувачки се степенот и тежината на кршењето на човековите права и меѓународното хуманитарно право што се случија по агресијата на Руската федерација против Украина, рече комесарката Мијатовиќ, на крајот од четиридневна посета на Киев и неговиот регион. Таа ги повика државите да продолжат да ги поддржуваат истражните и обвинителските напори „за да ги координираат тесно со украинските власти, граѓанското општество и Меѓународниот…
Под мотото „МВР за граѓаните“ и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 мај. На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и други министри и претставници од Владата, претставници од амбасадите во РСМ, директори на полициите од земјите од регионот, пензионирани припадници на МВР, семејства на загинатите припадници на МВР, пратеници во Собранието, како и претставници на други институции. – Следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и…
Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ТБ2. „Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров, на дното на морето“, напиша на својот Твитер профил украинското Министерство за одбрана. Да потсетиме, откако беше изложен на смртоносен пожар вечерта на 13 април, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва“ следниот ден потона во Црното Море додека се влечеше до најблиското пристаниште Севастопол. Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација…
Претседателот на Комитетот за енергетика на Народното собрание на Бугарија, Радослав Рибарски, за „бТВ“ изјави дека Бугарија бара од ЕК за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Рибарски изјави дека засега нема официјален одговор од Европската комисија на барањето на Бугарија. Доколку не се добие одложување, Бугарија може да стави вето на заедничката одлука. Бугарија е категорична дека ќе се бори до последен здив за да добиеме одложување. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, со предложениот шести пакет санкции против Русија, ЕК предвидува постепено прекинување…