Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас. Европската комисија нагласи дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно. – Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија. Луѓето…
Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид од 25 до 29 април ќе престојува во Западен Балкан, соопшти Стејт департментот. На 28 април, со функционерите на Северна Македонија, Донфрид ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина. Американската дипломатка ќе ја повика најновата членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за голем број регионални, безбедносни и одбранбени прашања со цел промовирање на демократијата и регионалната стабилност. Посетата на регионот Донфрид ќе ја почне на Косово на 25 април, каде, како што е најавено, ќе му се заблагодари на…
Бугарско МНР: Повторно сме сведоци на говор на омраза, клубот „Ванчо Михајлов“ работи од 2019 година
Бугарското МНР преку соопштение изрази зачуденост од позициите на властите во Скопје и антибугарската кампања во медиумите во врска со клубот „Ванчо Михајлов“. -Зачудени сме од остриот став на претставниците на властите во Република Северна Македонија и антибугарската кампања што се спроведува во медиумите во нашата соседна земја во последните денови во врска со отворањето на клуб при Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, се наведува во синоќешната реакција на бугарското МНР. Оттаму посочуваат дека во Северна Македонија повторно се шири омраза против Бугарија поттикната од политички партии, но и од академската заедница. -Повторно сме сведоци на говор на…
Климатските промени повеќе не се некоја мисловна именка, туку се наша сурова реалност. Екстремно топли лета, поларни зими, невремиња од разурнувачки размери, поплави, суши, па дури и пандемиите, како таа со ковид-19, се само дел од пораките кои природата ни ги испраќа дека нешто не е во ред, односно дека е уништена хармонијата со која природата и човештвото живееле со години. Климатските промени не се ништо друго, освен одговор од природата за уништувачките дејствувања на човекот. Претседателот на локалната канцеларија на „Часот на планетата Земја“ во Македонија, Ѓорги Селков за МИА истакна дека со оглед на тоа што планетата Земја,…
Некои директори на училишта стравуваат дека штрајкот може да го помести планот за запишување нови ученици. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Андреј Манолев, директорот на гимназијата „Никола Карев“ вели дека можно е да се пролонгира учебната година, а тоа да влијае и на уписите, пренесува агенцијата Мета. „Уписите се на 14, 15 и на 16 јуни. Законски, во основните училиште сабота е неработна, па не знам како ќе го одработат пропуштеното, кога нема да има кога, ако биде одлучено да се работи во саботите. Дали ќе имаат…
Со еден отсто камата ќе биде заемот што земјава го бара од ММФ, но деталите за неговото искористување допрва ќе се дефинираат. Парите од задолжувањето ќе се користат за поддршка на Буџетот, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Според Бесими, оваа каматна стапка е значително пониска од онаа што моментно може да изнесува за еврообврзница за нас, меѓу 4,5 – 5,5 проценти. Како што објасни Бесими во гостувањето на ТВ Сител, за процесирање на заемот ќе има официјално барање и мисија на ММФ во земјава. -Се работи за барање до ММФ во однос на задолжување, а тоа е Програма за…
Конгресменката Елеонор Холмс Нортон од Конгресниот округ на Колумбија, стана најновиот член на Конгресната група за Македонија, која се залага за зајакнување на американско-македонските стратешки односи, соопшти Обединетата македонска дијаспора. Конгресменката Холмс Нортон, која доаѓа од Демократската партија, е исто така и ко-спонзор на резолуцијата со која се изразува поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година како „Месец на македонското американско наследство“ и се слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за Соединетите Држави, велат од ОМД. Конгресната група за Македонија во моментов брои 36 члена.
Министерството за животна средина и просторно планирање по повод 22 Април, роденденот на нашата планета, која е и наш единствен дом, преку соопштение упатува порака и ги повикува сите: институциите, бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец – Сите заедно сега!, да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина. -Ова е моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата. Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во нашата планета,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир. „За жал, Русија го отфрли предлогот за воспоставување велигденско примирје. Ова многу добро покажува како лидерите на оваа земја всушност се однесуваат кон христијанската вера и еден од најсреќните и најважните празници. Но, ние не губиме надеж. Надеж за мир, надеж дека животот ќе ја победи смртта“, порача Зеленски. Тој исто така ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје. Зеленски ги…
На денешната прес-конференција директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Зухди Енуз, ја информираше јавноста дека по цели 16 години ќе бидат зголемени платите на вработените во претпријатието. „Одлуката ќе започнеме да ја имплементираме веднаш, со следната – априлска плата и премногу сум задоволен што ова историско покачување ќе се реализира токму во мојот мандат на раководење со претпријатието, затоа што сметам дека вработените во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје навистина заслужуваат нивниот труд да биде соодветно вреднуван и награден“-изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Зухди Енуз. Директорот Енуз се осврна и на затекнатата состојба во Претпријатието со…
Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ги откаже плановите за упад во фабриката за челик Азовстал во опколениот украински пристанишен град Мариупол и наместо тоа да ја блокира со цел да ги заштити животите на руските војници. За време на денешниот видео состанок Шојгу му рекол на Путин дека „цел Мариупол е под контрола на руската армија“ и сепаратистите поддржани од Москва, додека фабриката во Азовстал е „безбедно затворена“ по неколку недели тешки бомбардирања и интензивни борби низ целата територија. Путин му честиташе на Шојгу за „ослободувањето“ на Мариупол, велејќи дека би било…
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари работна средба со претставниците на „Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија. Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добија побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода. Тој им се заблагодари за пројавениот интерес и ги запозна со геостратешките погодности, вложувањата во подобрување на патната инфраструктура, но пред се, со новиот начин на водење на општината, кој овозможува развој на бизнис климата со посебно стимулирање на инвестициските процеси. -Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во…