Author: Biljana

Минусни температури во среда и четврток, а потопло и променливо време за велгденските празници, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури во среда ќе се спуштат до минус три, а во четврток до минус еден степен. Од петок ќе има затоплување и позитивни утрински температури, а дневните ќе се движат од 18 до 26 степени. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. За време на викендот претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален пороен дожд…

Read More

Денеска би требало да почне организацијата за товарење и испорака на српски зејтин во земјава, информираат за МИА од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Србија во петокот ја донесе одлуката за извоз на масло за јадење во Македонија. Како што соопшти тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се работи за два милиони литри зејтин. Според него, овие количини се за потребите од еден месец, но доколку се процени дека има потреба, можно е да се реализира дополнителен увоз. -Можно е доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а…

Read More

Здравствените власти во тајванскиот град Синбеј изрекоа казна во вредност од 48.000 евра  на 18-годишно момче кое ги прекршило личните мерки на карантинот поради коронавирусот. Тинејџерот инаку позитивен на коронавирус, го прекршил правилото за 10-дневен карантин. За време на викендов излегол на кошарка со пријателите и да купи подарок за својата девојка, која исто така е заразена. Неговото семејство сега ќе треба да плати 1,5 милиони тајвански долари казна, објавија тамошните медиуми. Првично младиот човек се обидел да демантира дека излегол од дома. Сепак, полицијата и медицинските лица како „доказ“ ги посочиле објавите на социјалните мрежи. Снимките од објавите биле…

Read More

„Немаме толку време, ќе завршиме со тебе деновиве“.. Ова се зборовите преку кои чеченскиот лидер Рамзан Кадиров доцна синоќа со порака му се закани на украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Читам дека Зеленски изразил подготвеност да се бори десет години, ќе завршиме со тебе деновиве, рече Кадиров во аудио снимката објавена на Телеграм, пренесува Риа Новости. Кадиров му препорача на Зеленски да замине во САД и таму „да се ракува со својот постар брат Бајден“.

Read More

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Меденица 17 години беше на чело на Врховниот суд, до декември 2020 година кога поднесе оставка на функцијата. Медиумите наведуваат дека Меденица е во просториите на Центарот за безбедност во Подгорица и дека во текот на денот ќе биде на распит во обвинителството. Претходните денови подгоричкиот портал „Либертаспрес“ објави низа текстови во кои нејзиниот син Милош го поврзува со шверц на цигари и дрога. Порталот се повика на податоците кои Европол ги доставил до…

Read More

Енергетскиот регулатор предупредува дека испораките ќе траат до почетокот на есента доколку се прекине рускиот гас. На Германците им се советуваше двапати да размислат за топол туш доколку властите решат да стават ембарго на рускиот природен гас поради воената операција на Москва во Украина. „Ќе мора да си поставите прашање, дали навистина треба да се туширате со топол туш седум дена во неделата – со греење на гас“, рече шефот на германската Федерална мрежна агенција Клаус Мулер во интервју за n-tv. Според Мулер, доколку Германија ги прекине испораките од Русија, резервите на гас во земјата ќе траат до крајот на…

Read More

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол. Од МВР информираа дека се изречени 14 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More

„Ова е свет на луѓе специјално понижени од нивната држава со децении, специјално доведени во сиромаштија и неправда“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот фејсбук профил. Според ситуацијата во која се наоѓа украинскиот народ, за Зеленски, ова е судир на два различни света. „Свет на обични луѓе кои едноставно живееле мирен живот, барале хармонија за себе и своите деца и размислувале за иднината“, додава тој во својата објава.

Read More

„Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани“, изјави градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Таа донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна…

Read More

Бригадниот генерал Евангелос Митруцикос од грчката армија е новиот командант на Бригадата на Југоисточна Европа, чиј домаќин до 2026 година е Северна Македонија. На свеченото примопредавање на должноста од генералот Аристеидис Илиопулос на генералот Евангелос Митруцикос, присуствуваше заменикот министер Башким Хасани кој порача дека оваа бригада е успех за целиот регион и за Северна Македонија зашто претставува прво учество на припадници на Армијата во мултинационална средина. „Тоа беа нашите први чекори во нашата определба да бидеме дел од меѓународните мировни мисии и да го дадеме својот придонес кон зачувување на стабилноста и безбедноста во регионот и во меѓународната заедница. Со…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции. Регистрирани сe 177 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 24, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Гостивар и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Куманово,…

Read More

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска разговарал со државниот врв и за економските прашања во услови на војната што им ја наметна Русија. Како што објави тој на социјалната мрежа фејсбук заложбите на Украина се да се врати во живот бизнисот и макроекономската стабилност на државата. Украинската економија функционира и покрај војната, соопшти украинскиот лидер пред милионскиот аудиториум што го следи на социјалните мрежи.

Read More