Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Ирина Ву, 35-метарската јахта на сопругата на санкционираниот руски олигарх Алишер Усманов, која во понеделникот ја откри хрватскиот портал „Оштро“, моментално е на копно во близина на марината Бетина на островот Муртер. Порталот „Оштро“ го објави текстот како дел од меѓународниот истражувачки проект Russian Asset Tracker, а читател им испратил фотографии од бродот. Министерството за море, транспорт и инфраструктура потврдило за порталот дека минатата недела била издадена привремена забрана за користење и заминување на три пловни објекти „поради основано сомневање дека сопственикот на јахтата е поврзан со лицата на списокот со санкции“. Пловилата се наоѓаат во пристаништето Бетина, во Скрадин и…
Има неколку случаи во кои Русија има право да користи нуклеарно оружје и сите се наведени во претседателскиот декрет, кој зборува за одлучноста на земјата да го заштити својот суверенитет, но во тешки ситуации преговорите се најдобриот и најкоректниот начин, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Тој објасни дека Русија има право да користи нуклеарно оружје кога е извршен ракетен напад врз Русија со употреба на нуклеарни средства за уништување, кога се користи нуклеарно оружје против Русија или нејзините сојузници, како и во случај на напади врз критична инфраструктура, како резултат на што беше парализирана активноста на…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има одредено приближување на ставовите со Бугарија, но, како што нагласува, не до позиција да се каже дека е најден заеднички јазик за надминување на разликите. Битно е посочува тој, да се најде решение од кое подеднакво ќе бидат и задоволни и незадоволни двете страни за да може да се продолжи со процесот на интеграција на земјава во ЕУ, што, вели, е од исклучителна важност и сега особено во контекст на новите геополитички случувања и конфликтот меѓу Русија и Украина. Тој истакна дека на последната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал…
Премиерот Димитар Ковачевски упати голема благодарност до Европската Унија што во време на енергетска криза донесе одлука Македонија да стане дел од оваа платформата за заедничко купување течен природен гас како дел од стратегијата за справување со последиците од руската агресија врз Украина. „Како резултат на политиката на солидарност, Северна Македонија се приклучува кон Платформата на ЕУ за заедничко купување течен гас и хидроген. Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас. Во ова време полно предизвици заедничката стратегија заедно сме посилни дава резултати“, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски. Европскиот Совет во Брисел овие…
Во најновото видео обраќање до нацијата украинскиот претседател Володомри Зеленски кажа дека преговорите со Русија мора да бидат разумни, а украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран додека се обезбедува територијален интегритет, пренесе Укринформ. -Со задржувањето на руските акции, нашите бранители го водат руското раководство до едноставна и логична идеја, неопходен е разговор. Смислен. Итен. Чесен. Поради резултатите, не поради доцнењето, рече Зеленски. Тој нагласи дека „разговорот мора да биде осмислен, а украинскиот суверенитет мора да биде загарантиран, со обезбедување на територијалниот интегритет на Украина“. -Односно, условите мора да бидат правични, а украинскиот народ нема да прифати никакви други, рече Зеленски.…
Штетата врз украинската инфраструктура, предизвикана од руските напади, досега се проценува на речиси 63 милијарди долари, јави Анадолија. Русија на 24 февруари го почна нападот врз Украина, а експертите од Киевската економска школа ја соопштија анализата во која се наведува дека украинската инфраструктура претрпела штета од 62,88 милијарди долари. Причинетата штета во изминатите седум дена се проценува на 3,5 милијарди долари. Експертите во својата анализа наведуваат дека во досегашните руски напади се оштетени над 8.000 патишта, 260 мостови, 4,431 станбен објект, 92 фабрики или претпријатија, 378 образовни институции, 138 здравствени установи, две пристаништа, осум цивилни и 10 воени аеродроми, како…
Европскиот совет ноќеска донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки на ЕУ со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија, а земјите од Западен Балкан првпат се вклучени рамноправно во овој нов механизам, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него, тоа значи дека колку што земјава ќе има потреби за гас и нафта Европската комисија ќе набавува во наше име. -Ако се сеќавате кога ЕК вака набавуваше вакцини за земјите членки, ние не бевме вклучени во таа колективна набавка на вакцини на почетокот. Сега…
Северна Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави, информира владината прес служба. Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот Совет. -Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза Северна Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме делумно од зависноста од…
Фудбалерите Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој додаде дека поводот за оваа одлука е историскиот гол и големата победа над Италија. – Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија, истакна Османи. Македонската репрезентација утре заминува за Порто, каде во вторник треба да играат со Португалија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика земјите производители на енергени да го зголемат своето производство, за Русија да не може да го користи своето богатство од нафта и гас за, како што рече, „уценување“ на другите народи. Британските медиуми пренесуваат дека украинскиот претседател во обраќањето на форумот „Доха 2022“, што го изведе преку видео врска, кажа дека земјите, како Катар на пример, можат да придонесат за стабилизирање на енергетската состојба во Европа. -Иднината на Европа зависи од вашите напори. Ве повикувам да го зголемите производството на енергенси за да се осигураме дека сите во Русија разбираат дека ниту една…
ТАВ Македонија, утринава во 5 часот и 48 минути, со воден мост во форма на виножито го пречека првиот лет од Софија на бугарската авиокомпанија GullivAir на Меѓународниот Аеродром Скопје. Со авион од типот ATR 72 – 600 , кој може да превезе 70 патници, авиокомпанијата го имаше својот прв редовен лет на Меѓународниот Аеродром Скопје, означувајќи го почетокот на нивното официјално комерцијално работење на македонскиот пазар. Од ТАВ Македонија истакнаа дека оваа нова авиолинија ќе им овозможи на патниците и од Македонија и од Бугарија да уживаат и да ги откријат убавините на двата града – живописните градски паркови…
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата, пренесуваат британските медиуми. – Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва – рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА, повеќе од еден месец по рускиот напад врз Украина и острите санкции од Западот. – Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата – додаде тој. Некои од…