Author: Biljana

Советник на украинскиот министер за одбрана, Маркијан Лубкиевски, изјави за Си-Ен-Ен дека озлогласената руска воена група „Вагнер“ била вмешана во наводен заговор за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал. -Тие сакаа да го убијат украинското раководство: нашиот претседател и премиер. Тоа беше целта и неколку од нив беа испратени во Украина без никаков успех, рече Лубкивски, додавајќи дека заговорот го потврдиле украинската разузнавачка служба и специјалните сили задолжени за заштита на Зеленски. „Сите овие документи и потребни докази ќе бидат презентирани пред Трибуналот“, кажа тој, додавајќи дека не може да открие повеќе од оперативни причини. Си-Ен-Ен…

Read More

На патниот правец Прилеп – Градско, на излезот на Прилеп кон Скопје, денеска во периодот од 11 до 13 часот, ќе има прекин на сообраќај. Како што информираат од АМСМ, прекиот на сообраќајот е поради најава за организиран собир (штрајк). -Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ…

Read More

Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) денеска ги додаде „АО Касперски лаб“ (АО Kaspersky Lab), „Чајна телеком“ (China Telecom (Americas) Corp) и „Чајна мобајл интернешнл САД“ (China Mobile International USA) на својата листа на комуникациска опрема и услуги кои се сметаат за закана за националната безбедност на САД. Во согласност со Закон од 2019 година, ФЦЦ ја ажурира и објавува листа на комуникациска опрема и услуги кои претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност или по безбедноста на поединци во САД. Минатата година ФЦЦ класифицира пет кинески компании како закана по националната безбедност на САД.

Read More

Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, што беше лиферувано преку апликацијата Телеграм, пренесоа британските медиуми. Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк. Во инвазијата се повредени 199 деца, додаде обвинителството. Британските медиуми забележуваат дека во моментов нема независна потврда на овие податоци на Украинското државно обвинителство.

Read More

Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата  има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки. Сепак, Плеврис, но и грчките епидемиолози паралелно потенцираат дека пандемијата не е завршена,…

Read More

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава  регистрираше земјотрес 120 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Валандово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 44 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Валандово и околината.

Read More

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Температурата ќе се движи од – 3 до 4 степени во вечерните часови, и од 15 до 21 степен се очекува да достигне максималната температура. Во Скопје ќе биде сончево и топло со максимална температура до 21 степен а мининална до 1 степен. Во текот на утрешниот ден се очекува да преовладува сончево и топло време. Подоцна во текот на денот можно е извезно зголемување на облачноста, додека во понеделник се очекуваат локални врнежи на дожд.

Read More

Македонско-бугарската Работна група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска одржа состанок во Скопје. На состанокот било договорено „Булгартранс гас“ да разговара за обезбедување дополнителни количини природен гас, но и да се разгледа можноста за резервирање капацитети за Северна Македонија во складиштата кои се на територијата на Бугарија. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, на 6-ти или 7 април треба да се одржи состанок меѓу националните енергетски компании од двете земји за да се утврдат деталите и да се забрза процесот. Неговиот бугарски колега, министерот за енергетика Александар Николов не откри дали Бугарија ќе…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.246 тестови, а регистрирани 322 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани биле 42 реинфекции. Регистрирани сe 308 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86г), во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје, Гостивар, Куманово, Тетово и Битола, на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.…

Read More

Свечена церемонија по повод доделувањето на Орден за заслуги и Повелба на Република Македонија. Актерката Милица Стојанова, оперската дива Милка Ефтимова и кошаркарката Стојна Вангеловска добија Орден за заслуги за Република Македонија на денешната свечена церемонија која се одржа во македонската Филхармонија. Признанието Повелба на Република Македонија беше доделено на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар. Милица Стојанова се одликува со Орден за заслуги за Република Македонија за нејзиниот фундаментален придонес во основачките процеси на македонскиот театар, како и за воспоставување иновативни методи, високи критериуми и за нивен…

Read More

20-годишно трансродово момче од Скопје било принудено да ги покаже гениталиите на хрватски гранични служби за да ја помине српско-хрватската граница. Настанот се случил во 2019 година, кога младиот скопјанец бил тргнат на работа во Хрватска. Но, поради неусогласеност на личните документи со родовото чувство, бидејќи во пасошот му било впишано женско име, а изгледал како машко, ова трансродово лице било дискриминирано и понижено од страна на граничарите. Тој бил изваден надвор од автобусот, бил задржан во собата за претрес повеќе од еден час, а таму му побарале да се соблече и да докаже дека патната исправа е негова, односно дека…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина. Столтенберг, кому годинава му завршуваше мандатот на чело на Алијансата, од септември требаше да ја преземе функцијата гувернер на Народната банка на Норвешка, за што имаше согласност од норвешката Влада. Меѓутоа, кризата во Украина, се чини, ги смени плановите за ротирање на челното место на НАТО, па тоа што пред две недели срамежливо беше навестено, за останувањето на Столтенберг на функцијата уште извесен период, денеска и официјално е потврдено.

Read More