Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

0
By Zoran Ivanov on October 31, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 31, 2025 16:16

Кијив: Украина ѝ предаде на Литванија еден руски војник кого го заробиле нејзините вооружени сили за да му се суди за воени злосторства, соопшти денеска украинското обвинителство.

– За прв пат од почетокот на големата агресија, Украина предаде руски војник на странска држава, Литванија, заради гонење за воени злосторства, напиша украинскиот главен обвинител Руслан Кравченко на социјалните мрежи, нарекувајќи го тоа „историско за правдата“.

Ова е јасна порака до сите воени злосторници: Нема да можете да избегнете правда во ниту една земја на слободниот свет. Правдата ќе биде задоволена, истакна тој.

Овој високорангиран руски поморски офицер е обвинет за „незаконско притворање, мачење и нехумано постапување со цивили и воени заробеници“, вклучително и еден државјанин на Литванија, рече обвинителот.

Тој детално опиша „тепања, мачење со струја, гушење и затворање луѓе во метални сандаци“.

Литванското обвинителство го обвинува него, заедно со другите припадници на неговата единица, дека организирал „камп“ во украинскиот град Мелитопол, кој Москва го окупира од првите денови на инвазијата на Украина во 2022 година.

Во тој камп „цивили и воени заробеници, вклучително и еден државјанин на Република Литванија, биле незаконски притворани, мачени и понижувани“, наведе обвинителството на Литванија.

Осомничениот бил заробен од украинските сили во август 2023 година во областа Запорожје на југот на Украина, во близина на селото Роботине, се наведува во соопштението.

Според обвинителството во Вилнус, осомничениот бил префрлен во Литванија во вторникот, а во четвртокот бил ставен во притвор на три месеци, а во Литванија, тој е обвинет за „воени злосторства, мачење, незаконско лишување од слобода и кршење на Женевските конвенции“ и се соочува со доживотен затвор.

 

злосторник литванбија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.