Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
ВМРО-ДПМНЕ со манипулации, неосновани конструкции и шпекулации, сака да ја доведе јавноста во заблуда. Неточни се наводите дека набавките се однесуваат само на Владата, истите се однесуваат на сите институции: Собрание, Влада и претседател, ги демантира Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) обвинувањата од опозицијата. Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски обвини дека Владата потрошила над 2 милиони евра само на луксуз, изминативе неколку месеци откако знаела дека ќе има криза. „Што се однесува до самите договори, станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции. Потоа, преку тековните набавки кои се реализираат во рамки на…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, заедно со Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Вицепремиерот Маричиќ на срдечната средба му посака добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден. -Оваа балканска турнеја која потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, ја започнува токму од Скопје, е добар сигнал дека ние и регионот остануваме во фокусот на Европската Унија. Во…
Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Рено беше новинар на Њујорк тајмс, а неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција. Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил за едно со Рено, и е хоспитализиран.
Со тактичко показна вежба, доделување признанија и благодарници и низа свечености денеска во касарната „Илинден“ се одбележа 41-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Министерот за внатрешни рабори, Оливер Спасовски, порача дека претставува чест да се одбележи годишнината од формирањето на најреномирана полициска формација во рамки на МВР. – На прагот од петтата деценија САЕ „Тигар“ од аспект на професионалност и стручност на нејзините пропадници претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Северна Македонија, и на тоа сум длабоко убеден, изјави Спасовски. Единицата „Тигар“, нагласи Спасовски е неизоставен сегмент од оперативните акции на МВР, и тие…
Рускиот милијардер Роман Абрамович, кој од минатата недела не е повеќе сопственик на Челзи, под сомнителни околности се стекнал со португалско државјанство за што полицијата почна истрага и го уапси рабинот Даниел Литвак, кој му овозможил да ги добие документите, објави весникот „Ел Паис“. Истрагата, како што пишува португалскиот весник, почнала во јануари годинава кога се појавиле сомневања дека еврејската заедница во Порто фалсификува документи за наводно сефардско потекло на Евреи и учествува во „перење пари“. Со измените на Законот од 2015 година со португалско државјанство можат да стекнат лица кои ќе докажат дека се потомци на сефарските евреи, протерани…
Со трите голови што ги постигна во саботната победа на Манчестер Јунјатед над Тотенхем (3-2) во натпревар од 29. коло во Премиер лигата, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо стана фудбалер со најмногу постигнати голови во кариерата во фудбалската историја. За Роналдо тоа беа 805, 806 и 807. гол во кариерата на клупско и репрезентативно ниво, со што го надмина досегашниот рекордер, австриско – чешкиот напаѓач Јозеф Бичан, кој во текот на својата кариера од 1931 до 1957 година, постигна 805 голови. Роналдо досега постигна 136 голови за Манчестер јунајтед, 115-ви дресот на Португалија, 450 за Реал Мадрид, 101 за Јувентус и пет голови за својот матичен клуб Спортинг…
Како да се заштити симболот на Илинденското востание во Крушево: Полски експерти подготвуваат проект
Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја. Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори. -Обновата на „Македониумот“ во Крушево е со подолга историја. Работите беа почнати уште пред 2017 година. Проектот е обемен и е речиси во завршна фаза. За обнова ги опфаќа: бетонскиот, витрашниот, керамичкиот …
Папата Франциск денеска упати остра осуда за рускиот напад врз Украина. – Во името на Бога, нека се слушне плачот на страдалниците и нека престанат бомбардирањата и нападите, рече тој за време на неговата неделна молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан. – Во името на Бога, ве молам, престанете со овој масакр, повика папата. Бомбардирањето на детски болници и цивилни цели е „варварско“ и нема „валидна стратешка причина“, додаде тој.
Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер. Во изјава за Би-Би-Си, државниот секретар за домување и заедници, Мајкл Гоув рече дека сака да истражи опција која ќе им дозволи на британските власти да ги користат домовите и имотите на санкционирани поединци, сè додека тие се санкционирани, за хуманитарни и други цели. – Постои прилично висока законска пречка што треба да се помине и не зборуваме за трајна конфискација. Но, ние велиме: „Ти си санкциониран, го поддржуваш Путин, овој дом е тука, немаш…
Високиот претставник на ЕУ, Жозеф Борел од утре до среда ќе ги посети Скопје, Тирана и Сараево. Својата турнеја, Борел ја започнува во Скопје каде што ќе се сретне со државиот врв. Посетата се случува во еден специфичен контекст на ескалација на војната во Украина како и се поинтензивното руско влијание во регионот во контекст на случувањата на оваа најголема безбедносна криза на конктинетот по падот на Железната завеса. – Очекувам да се разговара за украинската криза и за тоа што нашата регионална соработка тука на Западен Балкан е препозаена како извор на стабилност и безбедност. Со сигурност ќе бидат…
Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“, јави дописничката на МИА од Атина. На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“. -Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги…
Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, порача на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев. „Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство…