Author: Biljana

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз. Премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз разговараа за ситуацијата во Украина при што истакнаа дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оцени огромен дел од меѓународната заедница. Премиерот Ковачевски во разговорот со амбасадорката Брнз ги презентираше мерките на Владата за справување со последиците од економската и енергетската криза, кои дополнително се усложнуваат со војната во Украина, и истакна дека станува збор за сеопфатни…

Read More

Со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, вели во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008…

Read More

Извлечена е црната кутија од остатоците на беспилотното летало, кое се урна во четвртокот и предизвика експлозија во Загреб. Таа е делумно оштетена делумно оштетено, изјави Владо Ковачевиќ, началник на Одделот за воена полиција на хрватските вооружени сили. Ковачевиќ за Дневник на ХРТ изјави дека некои од фрагментите укажуваат на можноста авионот да носел експлозивна направа. Тој додаде дека дел од податоците ќе се добијат со вештачење. „Можеме да претпоставиме дека авионот носел експлозивна направа, еден дел од фрагментите укажуваат на тоа, но сето тоа ќе го видиме“, рече Ковачевиќ. Тој додаде дека кога леталото е за шпионски или разузнавачки цели,…

Read More

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај во кој се наведува дека руските трупи се обидуваат да ги опколат украинските сили на исток и напредуваат од правец на Харков на север и Мариупол на југ. Се додава дека руските трупи исто така напредуваат од регионот на Крим кој е под руска контрола кон југ, напаѓајќи ја Одеса, најголемото пристаниште во Украина и третиот најнаселен град во Украина. Но, Русите се соочуваат со големи загуби при секое напредување поради силниот украински отпор, се наведу ва во извештајот.

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека земјите-членки на Унија не треба да го провоцираат рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тој може да ги прошири своите воени активности со напад врз една од земјите-членки на НАТО. – Од една страна се обидуваме да ја поддржиме Украина, од друга страна се обидуваме да спречиме голема војна. Никој не треба да го провоцира Путин. Затоа што може да ги прошири своите воени активности. Може да биде против земја членка на НАТО или друга. И има сериозна загриженост за тоа. Путин ќе продолжи да напаѓа, а ние…

Read More

Руските сили утрово го нападнаа аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот Руслан Марцинкив. – Според прелиминарните информации, експлозиите што се слушнаа утринава се од напад на аеродромот, соопшти Марцинкив на Фејсбук. – Ве потсетувам дека целта на непријателот е да сее паника и страв, нагласи тој. Градот е на околу 114 километри јужно од Лавов, каде беше погодена база што се користеше за воена обука.

Read More

Времето изутрина ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност со пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната…

Read More

Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка. Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.…

Read More

САД нема да војуваат со Русија во Украина, но ќе ја бранат територијата на НАТО, доколку е потребно, рече американскиот претседател Џо Бајден денеска во говорот за Украина во Белата куќа. „Нема да водиме војна против Русија во Украина“, рече тој. „Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е трета светска војна – нешто што мора да се стремиме да го спречиме.“ „Ќе продолжиме да стоиме заедно со нашите сојузници во Европа и да испраќаме непогрешлива порака: ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО со сета моќ на обединетото и мотивирано НАТО“, рече Бајден. Тој одби да каже дали…

Read More

Вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права од страна на руската војска, се вели во писмена изјава на Министерството за надворешни работи на Украина за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол. „Едно од таквите груби прекршувања беше киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров на 11 март. Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта,…

Read More

Три лица се повредени, од кои две со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај прилепското село Мало Коњари. Повредените се префрлени во градската болница во Прилеп. Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен судир, од засега непознати причини, на две патнички возила, „Голф“ и „Алфа Ромео“, со прилепски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец. – Тешко се повредени возачот на патничкото возило „Алфа Ромео“, 49-годишен прилепчанец со иницијали З.Г. и сопатничката во возилото „Голф“, 24-годишна со…

Read More

САД, Европската унија, Велика Британија, Канада и Јапонија заеднички ќе го го укинат статусот на Русија „најповластена нација“ (МФН) поради нејзината инвазија на Украина. Што е статусот МФН и што значи неговото укинување? СТАТУС НА НАЈПОВЛАСТЕНА НАЦИЈА Членките на Светската трговска организација (164) се обврзуваат да ги третираат другите членки еднакви за да можат сите да имаат корист од најниските царини, највисоките увозни квоти и најмалку трговските бариери за стоки и услуги. Овој принцип на недискриминација е познат како третман на најповолна нација (МФН). Постојат некои исклучоци, како на пример кога членките склучуваат билатерални трговски договори или кога членките им…

Read More