Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, менувањето денари во девизи е непотребен трошок за граѓаните

0
By Biljana on March 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 13, 2022 09:12

Со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, вели во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана.

Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации.

– Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката.

Дека тоа е така посочуваат и последните проекции на Европската централна банка (ЕЦБ), објавени во четвртокот.

Според ЕЦБ, проекцијата за инфлацијата во еврозоната е ревидирана нагоре и се очекува за оваа година да изнесува 5,1 проценти, а потоа се очекува да се намалува до нивото од 2 проценти, коешто го цели централната банка.

Притоа, во одредени сценарија може да достигне и до 7,1 проценти за оваа година. Од друга страна, проекцијата за растот на еврозоната е ревидирана надолу.

Во овој контекст, ЕЦБ сè уште не ја затегна монетарната политика, односно не донесе одлука за пораст на каматните стапки, а продолжи да вбризгува ликвидност во економијата, иако со нешто помал интензитет од претходно очекуваниот.

Во однос на инфлацијата кај нас, присутни се нагорни ценовни движења – феномен присутен во сите земји во моментов. Овој феномен е главно одраз на раст на светските цени на примарните производи (храна и енергија), но и погенерално раст на увозните цени на другите производи. Ова особено доаѓа до израз во економии кои се увозно зависни, односно каде значен дел од потрошувачката е увезен, како што е нашата економија. Всушност, ние сме трговски најотворена економија во регионот на Западен Балкан, а во регионот на Централна Југоисточна Европа сме петти по отвореност.

Најновите проекции на ЕЦБ за инфлацијата во ЕУ, како наш најзначаен увозен партнер, како и нагорните ревизии на светските цени на енергентите и храната упатуваат на повисока инфлација и кај нас оваа година, а потоа постепено намалување наредната година. Сепак, треба да имаме предвид дека и помалиот економски раст ќе значи и помала побарувачка за стоки и услуги.

Оттука, претпоставките се менуваат, има повеќе фактори коишто може да дејствуваат врз инфлацијата во следниот период, а какво ќе биде нивното влијание многу зависи од понатамошниот развој на кризата, интензитетот, времетраењето, новите санкции итн. Исто така, преземените фискални мерки би требало да ги ублажат краткорочните ефекти.

Доколку се јават поизразени притисоци од страна на побарувачката, не треба да има дилема дека Народната банка навремено ќе реагира со инструментариумот што го има на располагање. Дневно ги следиме случувањата дома и надвор. Најмалку еднаш месечно целосно се преиспитува поставеноста на монетарната политика. Меѓународните финансиски институции оценуваат дека Народната банка води соодветна монетарна политика.

Накусо, сè што треба да се прави – правиме. Вложуваме максимални напори со цел задржување на макроекономската стабилност, а истовремено придонесувајќи кон поволни каматни стапки за граѓаните и компаниите, односно за економијата, вели гувернерката. 

гувернерка стабилен денар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.