Author: Blerina Tahiri
На одбележувањето на почетокот на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска имаше воведно обраќање и потоа активно се вклучи во дискусија со младите.
Андонов: Чебрен ќе продава струја кога има најмногу побарувачка, а ќе купува навечер кога иам вишоци
„Во сите анализи Чебрен е исплатлив доколку продава цена во највисоките побарувања, тогаш цената е највисока“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Слободен печат“.
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска остварија средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд предводена од шефот на мисијата на ММФ за Република Северна Македонија, Жак Миниан, новиот шеф на мисијата за Република Северна Македонија, Анет Кубе, алтернативниот извршен директор на Мисијата, Лук Дресе.
Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Маестрата на научно-фантастичните романи Урсула Ле Гвин, воедно е автор и на прекрасни луцидни есеи за значењата на работите, од секојдневното живеење, до моќта на имагинацијата, на свеста, на комуникацијата… Во делото „Бранот во умот“ (“The Wave in the Mind”), во поглавјето „Да се кажува значи да се слуша“ (“Telling Is Listening”), таа, сакајќи да ни го приближи значењето на поимот „интерсубјективност“ во комуникацијата меѓу две човечки свести (како повеќе од интерактивност, оти тоа може и со машина), предлага, за метафора, да ги погледнеме амебите при нивното размножување. Метафората е потребна, бидејќи за операцијата на интерсубјективност на свеста…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денеска во северниот дел на Појасот Газа е отворен шестчасовен коридор за евакуација на цивилите долж улицата Салах ел Дин кон југ од енклавата. Коридорот ќе биде отворен до 16 часот по локално време, јавува Си-Ен-Ен.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, истовремено наведувајќи дека САД ги ценат чекорите на Израел цивилните жртви да ги сведе на најмала можна мерка, но дека не е доволно. Тој истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината помош што влегува во Газа. Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и друг безбеден коридор за да се намалат цивилните…
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржува во Париз, се сретна со својот бугарски колега, министерот за култура Крастју Крастев.
Четири новински организации категорично негираат дека имале претходно сознание за терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, по барањето од Израелската влада за одговори и кредибилност во врска со извештајот на про-израелското медиумско набљудувачко тело „HonestReporting“, во кој се наведени инсинуации дека новинарски организации знаеле претходно за нападот, пишува Си-Ен-Ен.
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во Елисејската палата беше гостин на работната вечера што ја приреди претседателот на Француската Република Емануел Макрон, за шефовите на држави и влади учесници на Парсискиот мировен форум. Работната вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, е одлична можност, во пресрет на Парискиот мировен форум, да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот, објави Ковачевски на фејсбук. Премиерот Ковачевски денеска присуствуваше на отворањето на Парискиот мировен форум чија цел е поттикнување соработка и изнаоѓање решенија за предизвиците со коишто се соочува светот. На Форумот што…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во обраќањето по посетата на Скопската пиварница, рече дека очекува инфлацијата до крајот на годината да биде под шест проценти.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.