Author: Blerina Tahiri

Во кратката телевизиска изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласил оти отфрла каков било привремен прекин на борбата против Хамас што не вклучува ослободување на израелските заложници. Тој, исто така, посочи дека Израел „нема да дозволи влез на гориво во Газа“. Нетанјаху даде ветување дека победата ќе биде „остра и јасна“ и „ќе одекнува со генерации“. Израелскиот премиер ги предупреди „непријателите на Израел на север“ да не ја прават скапата грешка со ескалација на војната. – Не можете да замислите колку ќе ве чини тоа, истакна Нетанјаху.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Мицковски е како свената булка крај шините. Неговото деструктивно однесување во политиката, бескрајниот лелек, ирационалното инаетење и контрирање го оставаат сам, како цвеќенцето кое, кутрото, го употребив како метафора за неговата појава. Нека ми простат љубителите на флората.

Read More

Поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, соопшти МВР. -Со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“., се наведува во соопштението од МВР. Посебен режим на…

Read More

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи и Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА најостро го осудуваат актот на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој упадна во програмата, во емисијата „Само вистина“ и со директни и груби изрази го избрка од студиото гостинот Исмет Рамадани, угледен интелектуалец, поранешен пратеник и актуелен советник во владата, и прв човек во Евроатлантскиот совет.

Read More

– По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во септември 2023 година, цените на маслиновото масло, јајцата, путерот и компирот во ЕУ и натаму биле повисоки споредно со јануари 2021, но нивниот раст е со побавно темпо за разлика од претходните неколку месеци. Така, во септември годинава просечната цена на маслиновото масло била за 75 отсто повисока споредено со јануари…

Read More

Затворањата и ограничувањата воведени за време на пандемијата имаа „навистина трајни ефекти“ врз здравјето на мозокот на луѓето над 50 години, сугерира истражување. Студијата покажа дека когнитивната функција и работната меморија кај постарите луѓе брзо опаѓале за време на пандемијата, без оглед на тоа дали биле заразени со Ковид-19. Истражувачите велат дека ова може да се должи на фактори влошени од пандемијата, како што се недоволно вежбање и пиење премногу алкохол, како и осаменост и депресија. Тим составен од истражувачи од Универзитетот во Ексетер во Обединетото Кралство и Институтот за психијатрија, психологија и невронаука (IoPPN) на Кралскиот колеџ во Лондон…

Read More

 Во буџетските проекции за 2024 година не се предвидуваат нови, дополнителни даноци, ниту зголемувања на давачките, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што информира на средба со новинарите, предлог-буџетот се финализира и треба да биде доставен во Собранието до средината на ноември. Според министерот, догодина се очекува да продолжи трендот на раст и на фискална консолидација, дефицитот да оди надолу, а главните економски премиси, и покрај одржувањето на изборите, да продолжат да се гледаат како постулати за одржлив раст и одржливи финансии. Инфлацијата за октомври, нагласи Бесими, се очекува да биде уште пониска од септемвриската. Бројките, рече, може…

Read More

Синоќешното однесување на директорот на Канал 5 е директен атак врз она што треба да е основен стандард на независното новинарство и независната уредувачка политика. Цензурата и спречувањето на слободата на говор ги живеевме долги години и синоќа се потсетивме како изгледаат, истакна  пратеничката Санела Шкријељ во изјава за Цивил. Дебатите и дебатните емисии постојат за да се изразат различни ставови и отворено да се разговара за сите општествени прашања, вели пратеничката. Не смееме да дозволиме урнисување на медиумите и повторно заробување на слободата на говор, како што впрочем имавме со години во времето на ВМРО ДПМНЕ. Слободата на медиумите е…

Read More

Собранието денеска го избра Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај, од Кичево, за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Со одлуката на Собранието, донесена на 129. седница, се продолжува ангажманот на Бајрами на истата функција, откако му истече мандатот со претходната одлука во 2019 година. За член во УО на АЦВ, пак, е избрана Весна Милосавлевска, дипломиран правник од Скопје и вработена во ова регулаторно тело.

Read More

Активистот и политички аналитичар, Ацо Лукароски, вели дека „навистина паѓаат маските“. Тој во објава на Фејсбук ги коментира реакциите од одделни политичари кои му даваат поддршка на директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски, кој вчера направи инцидент и со упад во емисијата „Само вистина“,  го избрка гостинот Исмет Рамадани. „Навистина паѓаат маските. Максим Димитриевски бара од Рамадани да им се извини на Канал 5 и да поднесе оставка од Евро Атланскиот Совет на Македонија. Иван Стоиљковиќ од Демократската патија на Србите во Македонија вели дека „маските паднаа“ и се докажало дека Рамадани не е умерен политичар. А и Павле Трајанов да…

Read More

Северна Македонија е лакмус тестот за кредибилитетот на Европската Унија. Од ставовите на Јункер до оние на фон дер Лајен од пред неколку дена, можам емпириски да посведочам дека Европа денес е соочена со геополитичко будење, кое треба да обезбеди геостратешка инвестиција во безбедноста на ЕУ, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на министерска конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин.

Read More

Детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки, како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој, биле теми на разговор на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и претставниците на Општина Тетово.

Read More