Author: Blerina Tahiri

Советот на јавни обвинители денеска ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Како што образложи претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, која ја предложи Симовска, се работи за јавен обвинител со долгогодишно искуство во јавното обвинителство. – Соња Симовска е докажана како добар јавен обвинител кој со оглед на искуството може успешно да ја извршува функцијата, рече таа. Симоска започнува како приправник и стручен соработник во ОЈО Скопје, потоа станува обвинителка во истото обвинителство. Од 2009-2022 година таа е јавен обвинител во Вишото…

Read More

Во Албанија продолжува постапката против поранешниот премиер Сали Бериша за одземање на пратеничкиот имунитет поради вмешаност во приватизацијата на земјиштето на поранешниот спортски комплекс „Партизани“ во Тирана. Грчкиот медиум „Прототема“ пишува дека без ослободување на Белери, грчкото вето нема да се надмине. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Перископи: Бериша пред  губење на пратеничкиот имунитет, опозицијата најави протести Советот за мандатно-имунитети во Парламентот на Албанија по повеќе од 6 часа седница го одобри барањето на Специјалната антикорупциска структура (СПАК) за одземање на пратеничкиот…

Read More

Претставници на шпанското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент утрово постигнаа договор за основните политички елементи на петте клучни регулативи кои темелно ќе ја ревидираат правната рамка на ЕУ за азил и миграција, со што се воведуваат значително построги процедури за доделување азил. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез по постигнатиот договор истакна дека тој претставува голем чекор напред кон барањата на европските граѓани за справување на властите со миграцискиот предизвик. – Оваа реформа е клучен дел од сложувалката. ЕУ останува посветена на справувањето со основните причини за миграцијата, работејќи заедно со земјите на потекло…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека се издвоени 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила – имплементиравме високи европски стандарди на материјално-техничката опременост на македонската полиција. – Така, покрај униформираната полиција со комплет униформи (зимски јакни, високи специјални чизми, летни и зимски панталони, чевли со дебел и тенок ѓон, летни и зимски капи, кошули со краток и долг ракав, поло маички, полувисоки чевли, флуоресцентни елечиња) набавивме комплет униформи и за припадниците на сите организациони единици САЕ Тигар, ЕБР, ЕИП, ПЕП, Оддел за заштита на определени личности и објекти, Оддел за воздухопловни единици,…

Read More

Трамп е дисквалификуван од гласачкото ливче во 2024 година, соопшти судот во Колорадо во експлозивна одлука во вторникот. Како што пренесува Њујорк Тајмс, одлуката, прва на суд што утврди дека Доналд Трамп не е подобен повторно да ја извршува функцијата затоа што се вклучил во бунт, најверојатно ќе постави монументален случај пред Врховниот суд на САД. Врховниот суд на Колорадо во вторникот пресуди дека поранешниот претседател Доналд Џ. Трамп повторно е дисквалификуван од функцијата затоа што се вклучил во бунт со своите постапки што доведоа до упадот на Капитол на 6 јануари, експлозивна пресуда која најверојатно ќе ги постави основните контури…

Read More

Францускиот министер за здравство Орелиен Русо поднесе оставка по усвојувањето на контроверзниот закон за имиграција во парламентот, јавија француските медиуми доцна синоќа. Весниците Фигаро и Паризиен објавија за оставката на Русо, но соопштија дека не е јасно дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила. Русо е дел од левото крило на владата и беше противник на построгиот законски текст што парламентот го усвои синоќа, јави ДПА. Дебатата за законот за имиграција доведе до несогласувања во француската централно-десничарска влада на премиерот Емануел Макрон.

Read More

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека го одобрила првиот тест за проценка дали постои ризик од зависност од употреба на опиоиди кај одредени поединци. Како што пренесуваат странските агенции, тестот наречен АвертД (AvertD) е развиен од фармацевтската компанија СОЛВД и е наменет за употреба пред првата употреба на орални опиоидни лекови, како што се лекови против болки, кај лица кои ги земале помеѓу четири и 30 дена, како на пример пациенти кои треба да бидат подложени на хируршка процедура. Тоа е генетски лабораториски тест кој се издава само на рецепт за пациенти на возраст над 18 години…

Read More

Државата мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, порача шефот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието. Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски останува на ставот дека тие ќе направат се земјата да го продолжи евроинтеграцискиот процес, и е уверен дека на изборите на 8 мај 2024 година ќе победи Европскиот фронт. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, во контекст на ЕУ и уставните…

Read More

Министерството за здравство информира дека министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски склучија договор за пренамена на средства од Министерството кон Општината за реконструкција на Амбуланта Илинден при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Read More

Башким Селмани, професор на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, по римско право, политички науки и меѓународен тероризам, во интервју за ЦИВИЛ Медиа отвора нови прашања, гледишта и сознанија за последиците од дезинформациите и лажната пропаганда, посебно во изборен контекст.  Селмани даде и свои препораки за институционалното справување со дезинформациите, како алатка со која ќе се мерат причините и последиците на пропагандните и дезинформациските наративи, како и општествената свесност.

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на промоцијата на проекциите за населението до 2070 година порача да не ги следиме демографските случувања згрчени, исплашени и во шок, туку во нив да гледаме можност за креирање на поголема инклузивност и негување на човечкиот капитал. Укажа на потребата од носење системски промени и одлуки, а како најзагрижувачки податок од Пописот во 2020 година го истакна делот за младите и јасниот тренд за нивно заминување во изминатите 20 години. Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24 проценти од вкупното население. Според податоците…

Read More

Во рамките на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата, COSP 10, што се одржува во Атланта, САД, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше работен состанок со извршната директорка на Канцеларијата на ОН за дрога и Криминал (UNODC), Гада Вали.

Read More