Author: Blerina Tahiri
Владата на Северна Македонија водеше успешна политика од почетокот на економската и енергетска криза, пред сѐ во делот на обезбедувањето на електрична енергија без никаков прекин во текот на целата измината година. Сетот на мерки вклучуваше и парична помош за социјални случаи, невработени, пензионери со ниски пензии, справувањето со последиците од енергетската и економска криза беше оценето и од Светска Банка, како најголем пакет на антикризни-мерки наменети за граѓаните. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, говореше за економските и енергетските политики на Владата, во време на најголемата економска…
Северна Македонија постигна голем напредок во овој напор за справување со антимикробната резистенција, меѓутоа аспектот на „Едно здравје“ за превенција и контрола на антимикробната резистенција треба дополнително да се развива, а патоказот ќе обезбеди насоки за ова, истакнал министерот Фатмир Меџити во рамки на 73-та сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа (RC73).
Процесот на издавање на втората емисија на Граѓанска обврзница е во тек. Граѓаните можат да инвестираат во граѓанската обврзница на едноставен и лесно достапен начин преку шалтерите на деловните банки во целата земја со поднесување барање за учество на аукцијата и уплата на средства во износ за кој сакаат да купат обврзници, информираат од Министерството за финансии (МФ).
Во овие тешки времиња важно е Европската Унија да демонстрира единство во одбраната на своите принципи и вредности, изјави денеска претседателот на Европскиот советот, Шарл Мишел пред почетокот на дводневниот Самит на ЕУ во Брисел.
Кина ќе испрати приближно 2,05 милиони долари хуманитарна помош за Појасот Газа, соопшти денеска Кинеската агенција за меѓународна развојна соработка.
Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека само владите можат да се справат со ризиците од вештачката интелигенција (ВИ), технологија која може да го олесни развојот на хемиско или биолошко оружје, да шири страв и, во најлош случај, да биде вон контрола на човекот.
Развојот на политиките и степенот на усогласеност на македонското со законодавството ЕУ во секторот рибарство, ќе биде во фокусот на агендата на состанокот од билатералниот скрининг за Поглавје 13 – „Рибарство“, што денеска и утре се одржува во Брисел.
Војната против Украина има негативно влијание врз зголемената несигурност на храна на глобално ниво.
И покрај зголемувањето на бројот на цивилни жртви и брзото влошување на хуманитарната ситуација, Израел вети дека ќе го интензивира своето воздушно бомбардирање на опколениот Појас Газа и ќе го прошири на повеќестрана операција, бидејќи, како што вели, се обидува да го уништи Хамас, кој од Израел, Европската Унија и САД е прогласена за терористичка организација.
Пакистан формира центри за депортација за мигрантите кои се илегално во земјата, вклучително и околу 1,7 милиони Авганистанци, соопштија денеска локалните власти.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со папата Франциск изјави дека израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, пренесе Скај Њуз, додавајќи дека „молкот на меѓународната заедница е срамен“.
Германската Влада планира да го интензивира протерувањето на лицата кои немаат право на престој во Германија, соопшти министерката за внатрешни работи Ненси Фесер по синоќешниот владин состанок во Берлин.
