Author: Blerina Tahiri
Најмалку 352 лица загинаа, а 669 се повредени во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа, објави во петокот портпаролот на Министерството за здравство на Газа. Агенцијата на ОН за палестински бегалци во петокот потврди дека се убиени уште двајца нејзини работници, со што бројот на загинати меѓу персоналот од почетокот на војната се искачи на 16. Вистинскиот број на жртви „веројатно ќе биде многу поголем“, се вели во извештајот, пренесува Вашингтон пост. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во петокот застана на преминот Рафах надвор од Појасот Газа опкружен со камиони со хуманитарна помош и рече дека е…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Кога бев страшно млад, со наполнети 16 години, од мојата провинција отидов во Скопје за да се занимавам професионално со кошарка; се имаше, се можеше. За факултет, пак, немав ниту пари, а богами немав ниту волја. Во тие 14 години професионална игра, се запишав еднаш на факултет за Физичка култура, а два пати на факултет за Политички науки. Во сите три случаи, во основа, немав пари, а немав ниту волја за да го завршам моето високо и формално образование. Ја знаете онаа позната реплика на Душко Долгоушко: „Тој има пет минути школо и петнаесет минути голем одмор“? Е,…
Ширењето дезинформации од македонските корисници на социјалните мрежи добива на интензитете со најновите случувања на Блискиот исток. Војната помеѓу Израел и Хамас ги поттикна македонските „ дежурни“ ширачи на лажни вести, дезинформации и пропаганда да ја засилат својата активност со цел да ја доближат само ним познатата „вистината“ на „заблудената“ и „неосвестена“ македонска интернет публика.
Претседателот Стево Пендаровски вечерва истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите, посочувајќи дека шест месеци се чека Владата да предложи решение за платите на функционерите, кои беа зголемени за 78 отсто.
Израел го повлече дипломатскиот персонал од Турција, вклучително и амбасадорот, по серијата протести пред амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул, потврдија официјални лица во Анкара.
Парамаунт Глобал денеска соопшти дека го откажа доделувањето на Европските музички награди на МТВ (ЕМА) за 2023 година во Париз, наведувајќи ги како причина „нестабилните светски настани“ за време на конфликтот во Израел и Газа.
НАТО денеска соопшти дека со сојузниците ги засилуваат патролите во Балтичкото Море по неодамнешното оштетување на подводната инфраструктура во регионот.
Информативната платформа „Bring Kids Back UA“ ја започна својата работа за да ја информира меѓународната заедница за украинските деца насилно депортирани од Русија.
Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, и близок соработник на рускиот диктатор Путин, тврди дека Бог го наредил создавањето на руското нуклеарно оружје за масовно уништување кое може да убие милиони невини луѓе.
Американскиот Стејт департмент издаде „предупредување за безбедносна претпазливост низ целиот свет“ за сите свои граѓани во странство, наведувајќи дека постои можност за напади.
Словенија воведува привремени гранични контроли на границата со Хрватска и Унгарија поради поголем ризик од тероризам, а не од илегални мигранти, и ќе направи се за да се осигура дека луѓето што живеат покрај границите не страдаат како резултат на оваа привремена мерка, изјави денеска во Луксембург словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклукар.
– Од почетокот на епидемијата на дифтерија што изби во јули во централниот дел на Гвинеја, починаа околу 60 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
