Author: Blerina Tahiri
Преминот Рафа, единствениот премин во Појасот Газа кој не е под израелска контрола, ќе биде отворен утре за да се овозможи хуманитарна помош да помине на палестинската територија, јавија египетските медиуми.
Со нападот на терористичката организација Хамас во Појасот Газа, се отвори уште едно воено жариште во светот кое му се заканува на светскиот мир и поредок. Бомбардирањето на болница и училиште во кое загинаа над 500 цивили, меѓу кои и голем број жени и деца е спротивно на Женевските конвенции и претставува воено злосторство.
Историската синагога во Тунис во вторникот беше претворена во урнатини поради масовните немири по експлозијата во болница во Газа за која терористичката група Хамас и поголемиот дел од арапскиот свет наводно лажно го обвинија Израел.
Украинските сили ја преминаа реката Днепро и воспоставија позиција на спротивниот брег додека продираат на територијата окупирана од Русија во јужна Украина, пренесуваат руските милблогери.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) што се одржува во Џеда, Саудиска Арабија ја покажува одлучноста на исламскиот свет, соочен со сè поголемо угнетување од Израел, како и солидарноста со палестинскиот народ и поддршката за палестинската борба.
Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Ерусалим во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Велика Британија стои во солидарноста со Израел по нападот на Хамас, но во исто време нагласи дека е важно и да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на дијалогот за политиката на високи ниво на Школото за транснационално владеење (ЕУИ), на тема: „Отворената стратешка автономија на ЕУ и Западен Балкан“, покана на Европскиот институт од Фиренца.
Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
ДЕХРАН МУРАТОВ Многу крв, солзи, болка, разурнати домови, уништени детски соништа, уништена инфраструктура, разурнати болници со стотици мртви жени, деца, бебиња… Млади луѓе наместо да се забавуваат и да уживаат во животот, се убиени, масакрирани, киднапирани, силувани, малтретирани, држени како заложници и затворени во некои темни и мрачни подруми и кафези… А зошто?! Зошто толкава омраза меѓу Палестинците и Израелците?
Министрите за внатрешни работи на Европска Унија денеска дебатираат како да се справат со влијанието на војната помеѓу Израел и Хамас врз ЕУ, во услови на зголемени безбедносни тензии по нападот со Молотов коктел врз синагогата во Берлин и убиствата во Белгија и во Франција од страна на осомничени исламистички екстремисти.
Украинските сили уништија цели на руските воени аеродроми во привремено окупираните Луганск и Бердијанск со армиските тактички ракетни системи со долг дострел (ATACMS) обезбедени од САД, што ја означи нивната прва употреба на бојното поле, потврдија неименувани американски претставници за Си-Ен-Ен на 17 октомври.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешната средба со американскиот претседател Џо Бајден во Тел Авив го повика Западот да ги здружи силите во поразот на Хамас, откако со масакрот извешен од оваа палестинска екстремистичка организација, на 7 октомври, се покажа нејзиното „чисто зло“, пренесе ДПА.
