Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Blerina Tahiri
Една од главните теми во косовските медиуми е исходот и реакциите од бриселската средба, односно критиките на косовскиот премиер Албин Курти до емисарот на Европската унија Мирослав Лајчак, и реакциите на американскиот Стејт Департмент. Косовските медиуми со посебно внимание го следат и случајот со присуството на шефот на Бирото за информации и безбедност на Србија (БИА), Александар Вулин, кој е под санкции на Соединетите Американски Држави, на активност организирана од американската амбасада во Белград.
Министерствата за надворешни работи и национална одбрана на Грција започнале истрага за сообраќајната несреќа што се случи во Либија и животот го загубија петмина членови на грчкиот спасувачки тим, додека пак во истрагата се вклучила и Националната служба за разузнавање (ЕИП), објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска попладне по македонско време во Њујорк ќе присуствува на отворањето на генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Предвидено е Пендаровски да се обрати на генералната дебата во петок, 22 септември.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека ќе се обрати пред синдикално организираните работници во автомобилската индустрија.
Премиерот Димитар Ковачевски имаше куса средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк, соопшти прес-службата на Владата.
Делегација од Комисијата за европски прашања од Данскиот парламент денеска ќе има средби во Собранието.
Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел информира дека добил известување од Велика Британија, Германија и Франција дека Иран не ги исполнува обврските од Заедничкиот сеопфатен акциски план, што се однесуваат на иранската нуклеарна програма.
Северна Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.
Денеска, на Меѓународниот ден на демократијата, се фокусираме на ЕУ интеграцијата, на итноста земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ. Во изминатите две децении се соочивме со многу искушенија кои ја нарушија довербата на дел од јавноста дека европската агенда еден ден ќе стане реалност. Но, најтемниот час е пред зори, а сепак ЕУ и понатаму останува наша стратешка цел, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум.
Како никогаш досега Европа е свртена кон и посветена на државите од Западен Балкан. За релативно кратко време земјите од регионот имаат можност да ги интензивираат институционалните и структурните реформи, како и да ја зајакнат конкурентноста на глобалниот пазар, да ги искористат придобивките на дигитализацијата, технолошкиот и зелениот развој, како идни земји членки на Европската Унија. Членството во ЕУ зависи и од ентузијазмот во Унијата за проширување и продлабочување на европските интеграции, но и од напорите на државите-кандидати да ги исполнат потребните високи критериуми и стандарди, преку почитување на фундаменталните европски вредности. Овој процес е од заемна корист и за…
Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство – спротивно на очекуваното.