Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Четири земји членки на НАТО и ЕУ: Полска и трите балтички држави-Литванија, Летонија и Естонија, денеска предупредија дека ќе ги затворат своите граници со рускиот сојузник Белорусија во случај на какви било воени инциденти или силен притисок од мигранти под влијание на Минск, објави Ројтерс.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на Сител телевизија изјави дека сме во ваква ситуација поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучила да ја блокира европската иднина на државата.
Албански државјанин, познат како „Нико“ или „Ел Гордо“, е уапсен во Санта Марта, Колумбија, откако наводно соработувал со колумбиски шверцери на дрога.
Илјадници Американци ќе се соберат денеска во Вашингтон за да ја одбележат 60-годишнината од Маршот на Вашингтон, клучен настан во движењето за граѓански права од 60-тите, на кој Мартин Лутер Кинг го одржа својот познат говор „Јас имам сон“ (“I Have a Dream”).
Италијанскиот пливач Алесио Окипинти е победник на 36-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја исплива за 4:53:14 часа, што е нов рекорд на патеката.
Македонскиот јазик е жив и не е предмет на дебата, истакнува министерката за култура во интервјуто за Трн. Меѓудругото ја потенцира поддршката на министерството кон младите кои активно ја обликуваат нашата култура и општество и за кои вратите на институциите се постојано отворени. Костадиновска Стојчевска смета дека меѓународната соработка ги премостува границите и ја изразува моќта на културата, а за културната дипломатија мисли дека ги намалува политичките тензии. Таа не прави разлика помеѓу Старата скопска чаршија и Широк сокак оти двете локации ги смета за уникатни и важни за културното наследство. Идни предизвици и се реновирањето на Центарот за култура…
Во Охрид денеска почнува регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“.
Сите 15 пријавени пливачи денеска во 10 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 36-от меѓународен Охридски пливачки маратон, објави МИА.
ЕРОЛ РИЗАОВ Знаменитиот професор Ѓорги Марјановиќ во врска со промената на името на државата кога тоа беше голема ерес, многу поголема отколку сега, напиша: „Викајте ме грне, само не ме кршете.“ Професорот, осведочен демократ, кој остана запамтен, не само на поранешните југословенски простори, со својата храброст прв да го крене јавно гласот да се укине вербалниот деликт, го изложивме на потсмев и навреди, демек Македонија не е грне за да се скрши. По речиси триесет години чукање по грнето деновиве изгледа големите патриоти успеаја да го скршат, не „грнето,“ туку Македонија. Во претходната моја колумна на истата тема ја цитирав уше подраматичната…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека утре ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Утре на барање на украинскиот претседател ќе имам билатерална средба со него“, најави Вучиќ за време на обраќањето пред новинарите во Атина.
Посебна иранска парламентарна комисија го одобри контроверзниот предлог-закон со кој ќе се воведат построги правила на веќе и онака строгите кодекси на облекување, објави новинската агенција Тасним.
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија кажа дека утре ќе има формален состанок со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а дел од темите ќе бидат и уставните измени.