Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека изборите во Србија ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци, а најдоцна за шест-седум месеци, пишува Данас.
Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија и Данска ќе и достават неодреден број борбени авиони Ф-16 на Украина штом ќе се исполнат условите за трансфер, пренесува Ројтерс.
Целакоска и Беличанец со грст аргументи го запечатија младото момче кое излезе на прес на ВМРО-ДПМНЕ
Дел од академската фела бурно реагираше на прес-конференцијата на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, посветена на состојбата во образованието и најновата Шангајска листа на универзитети. Според професорката Емилија Целакоска, партијата нема кредибилитет да зборува на темата образование.
Еве, ако не за друго, за атер на земјоделците и домашното производство на храна, да станеме членка на ЕУ, напиша на својот фејсбук профил Ленче Николовска од Агротим.
Руската Федерација ќе остане без бродови до крајот на војната доколку продолжи да ги напаѓа украинските пристаништа, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за латиноамериканските медиуми, пренесува Укринформ.
Обвинителството на БиХ потврди дека во таа земја е уапсен маж поврзан со терористичката организација Исламска држава (ИД), кој планирал да изврши терористички напад во БиХ и затоа од државниот суд било побарано да му одреди притвор.
Позицијата на Украина е зајакната за време на самитот во Саудиска Арабија, чија цел е да се најде пат кон мирен крај на руската инвазија, изјави денеска шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак.
Пожарите кои ги зафатија Шпанија и Португалија изгореа илјадници хектари шума за време на викендот. Најлошо беше на западот на Португалија, каде до денеска наутро беа уништени 6,2 илјади хектари шума, а шест лица се повредени, соопштија португалските власти. Неколку села се евакуирани, а во други е воведен полициски час, пишуваат западните медиуми.
ВМРО ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес. На граѓаните им стана јасно дека ниту договорот со Бугарија ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредок во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците содржани во акциските планови, ниту пак било каде во специјалниот дел од преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа, се наведува…
Пукна насипот на реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.
Потребен е национален, општествен консензус за конечно да ја постигнеме стратешката цел, Северна Македонија да стане членка на ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Цените на недвижностите се очекува да се зголемат во просек за девет отсто годишно во следната деценија, покажува студијата на економисти од водечки германски и швајцарски истражувачки институции објавена оваа недела.